ФУДБАЛЕРОТ НА ЛИОН "МАЛКУ" СЕ ЗАБОРАВИЛ
Барош возел 271 километри на час
Напаѓачот на Лион, Милан Барош во четвртокот бил фатен од полицијата во овој град како со своето Ферари возел со 271 километри на час во регион каде максималната дозволена брзина изнесува 130 километри на час. Локалниот весник Прогрес ја пренесе изјавата на еден од полицајците дека поранешниот играч на Астон Вила го соборил рекордот за брзо возење во тој регион на Франција, што од 2000 година го држел моторциклист кој возел 248 километри на час.
Барош бил фатен на автопатот во близина на Лион, а полицијата му го конфискувала неговото црно Ферари и му ја одзела возачката дозвола. Заради тоа, 26-годишниот фудбалер морал да се врати со такси во својот дом, а сега го очекува голема парична казна и забрана за возење од најмалку три години.