Зар е напуштено местово...? Пред точно 11 години бев тука на школска екскурзија и колку што можев да видам тоа одморалиштето вриеше од деца од цела Македонија.... јесте во собите редовни гости беа бубашвабите, ама колку што знам објектов го одржуваа луѓе, а имаа и посебна менза каде што имаше запослено жени. На пет минути од одморалиштето имаше и детско игралиште, а горе на ридот одма до хотелот, се гледаше убава панорама на Голак планина.
Ако имаш повеќе информации за објектов кажи, дека живо ме интересира како пропадна ова место кое до пред 11 години вриеше од деца :/
Се сеќавам брат бев таму пред една година. Тоа колку се сеќавам е кај браната. Штета што пропаднало. А толку голем објект, голем простор и се сеќавам толку чист воздух. Ама ете нема кој да го обнови.
Напуштени објекти во Куманово се Жито Мел, огрмона фабрика на времето. Фабриката прекина да работи, но имаа кифлара која работеше со полна пареа. Ох моменти.
А исто така и Хотел Куба, најубав хотел во Куманово во тоа време (не дека имало многу ама сепак), со најдлабок базен во 80тите во Куманово ( 5 метри изгл). Ме интересираат така напуштени објекти.
Брат,да знаеш јас во колку вакви напуштени фирми сум бил,хехе
Не да има ствари за чоркање туку може да налетиш и на навистина вредни предмети и алати на пример
Проживеј уште едно 30 до 40 години, па ќе видиш како и Французите, Данците, Германците и речиси сите поголеми држави и народи од централна и западна Европа, ќе станат народ без корен.
Во САД веќе постојат цели генерации на ученици во основните и во средните училишта кои или се црнци, или се деца на имигранти.
Не само во САД ами и во Европа ова веќе станува реалност,во Австрија на пример,од одделение со 20-тина деца,само 2-3 се оригинал австријчиња,другото се е индијци,пакистанци,турци,наши од Балканот,срби,македонци,бугари...Така да светот навистина станува едно големо глобално село ебаго
Напуштени објекти во Куманово се Жито Мел, огрмона фабрика на времето. Фабриката прекина да работи, но имаа кифлара која работеше со полна пареа. Ох моменти.
А исто така и Хотел Куба, најубав хотел во Куманово во тоа време (не дека имало многу ама сепак), со најдлабок базен во 80тите во Куманово ( 5 метри изгл). Ме интересираат така напуштени објекти.
Старите напуштени објекти носта некоја посебна енергија во себе,го носат споменот за лицата кои таму работеле,живееле и стварале,исто така старата архитектура,мебелот...Сето тоа има некој посебен муд,некоја посебна енергија...Затоа секогаш кога ќе ми се укаже моќност јас одам на такви места,се чуствувам каок независен набљудувач низ времето и просторот...Понекогаш ќе чорнам нешто де,колку за сувенир да се најде,хехе
Се сеќавам брат бев таму пред една година. Тоа колку се сеќавам е кај браната. Штета што пропаднало. А толку голем објект, голем простор и се сеќавам толку чист воздух. Ама ете нема кој да го обнови.
Ама важно за глупости и за политичарите и нивните марионети секогаш се наоѓаат пари! Последен пример,вештачкото и од страна наметнато СЈО проеба 15 милиони евра а за што?
Ни на крај памет не би ми текнало дека има толку многу напуштени објекти низ нашава Македонија, имам некое хоби сите овие да ги посетам, ни сам не знам зошто, има некои интересни пораки испошкртани по ѕидовите, графити исто може, ама највеќе ми е кога ќе поминеш, да си замислиш како изгледало кога функционирало и кога имало весели луѓе тука. Онака се замислуваш, луташ со мислите накратко и се враќаш пак во реалноста и гледаш рушевини.
Во Хрватска имам 2 вакви објекта посетено, во Македонија немам ништо поголемо посетено, освен тој замокот во Црниче што го нема повеќе. За разлика од таму каде што голем дел од ваквите напуштени објекти беа од војната бомбардирани, и баш ми беше глупо што ги обновуваат (иако само некои обновија), тука нашиве заслужуваат внимание и да се нафати некој да инвестира во нив, некој што не знае што да прави со парите, греота е вака сите да дигаат раце. Ама не верувам дека би дошло до такво нешто, некако нема кој, ние 99% обичните смртници што денар не сме украле и чесно се сме заработиле немаме пари да реновираме и инвестираме во вакви објекти, тој 1% што има гледа каде да испокраде или да дојде до брза заработка, не му е привлечно инвестирање во мртви и иселени места и тоа е жалната реалност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.