Социологија ми е доста интересен предмет.

Од општа култура многу лесно можеш да извлечеш позитивна оцена, со тоа што опфаќа многу интересни теми за дискутирање и никогаш не е досадно.

Плус професорката што ми предаваше ми беше една од омилените, знаеше како да го направи часот интересен и да ти задржи внимание.

На пример да ми предаваше некој
подосаден професор, што се води стриктно по книга, со бубање дефиниции... па не знам колку би ми бил омилен предметот.

Потоа на математика отсекогаш ми летало времето. Часот за час ми поминува.

Многу ми е интересно и доста сум активна на истиот. Ама дома да фатам книга - сачувај Боже.

И покрај тоа што немам некоја оцена за фалење, комотно би можела да го сместам во групата на омилени предмети.

После тоа, се знае - ликовно и ОТП. Рај!

Тие два предмета се единствените каде што мрзам да правам муабет. Значи остај ме, дур влагам у филм дека сум да Винчи.

Во главно, се' зависи од професорот. Знам дека е клише, ама ако професорот е фер, интересен и коректен, автоматски и предметот ти станува подраг. Така мене во средно некои предмети ми станаа подраги, а некои ми се одмилија.
