Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Затоа што се прескокнува многу важен дел од образованието таканаречено пракса. Мислам можеш да бидеј гениј на електро ама без соодветна пракса ќе ги гледаш во рацете тие што знаат да работат. По западот се знае дека после факултет се иде на 2 години интерншип каде учиш како да работиш она што си го избрал. Факултетот како факултет обично дава генерално знаење за струката, додека праксата е клучна кон насочувањето на одредени сегменти од таа струка.
Колку што јас сум информиран, студентите на електро (и други факултети) секоја година треба да исполнат одреден број часови пракса. Ако не се лажам, таа феријална пракса трае месец дена, при која студентите водат дневник на завршени обврски.
Еве, пракса има која студентите кои дипломираат очигледно ја завршуваат. Чуму не ги бива?