За да биде слично на пластелин, треба овој рецепт...
Рецепт:
1 чаша брашно
2 пакетчиња лимонтуз
1/4 чаша сол
1 чаша вода
1 лажица зејтин
2 Step-чиња , за боја и арома
Производите се мешаат на слаб оган, додека масата не се згусти(околу 5 мин). Се наросува уште малку брашно, за да се оддели од садот и се домесува рачно. Можеби ќе треба да додадете уште малку брашно, додека не престане да се лепи и добие текстура на вистински пластелин. Се чува во пластична кутија, за да не се исуши.
По правило треба да се пече, но јас никогаш не печам...нема потреба да се троши енергија кога убаво се суши и на сонце...
Има многу
мастер-страни на руски сајтови...
Ако ја сушиш природно на сонце и воздух...треба многу време...но според мене најдобро се суши на сонце, не во рерна.
Се е експеримент, постојано се усовршуваат овие рецепти...исто е и со папие-машето.
Нај-добро ќе биде да пробаш....пример, земи еден филџан брашно, пола филџан сол и еден филџан вода. Замеси добро и додај една лажичка течен бел лепак за дрво(тоа ќе го убрза сушењето)...моделирај да речеме една јаболка и остави ја да се суши на прозор...сам ќе прецениш...јас се правам по експеримент и ништо не мерам

[DOUBLEPOST=1408890879][/DOUBLEPOST]
Интересен проект за родители со деца....отпечатоци од раце или нозе на вашите деца....значи треба да создадете нешто како украс, кој ќе го чувате и после, многу, многу години кога децата ќе бидат возрасни, ќе им биде интересно да направат споредба...
аааа примери...
[DOUBLEPOST=1408892049][/DOUBLEPOST]