Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да, турбофолкот, труе, труе исто како психоделичната музика што ги труела оние хипицине кои дувале, мавале ЛСД и лапале печурки на таква музика. Турбофолкот покренува ново, контроверзно движење. Музиката е виновна за таквото однесување на младите, исто како што била и тогаш.Вирусот кој го произведе Србија уште од 90тите сеуште ги труе младите тинејџери, додека пак родителите нивни созреваа и слушаа рокенрол сега нивните деца слушаат музика која се нарекува Турбофолк и ги труе младите.
Уште еден полн погодок. тоа е турбофолкот, така ќе го пронајдеш. Не дека на чартот на најслушана музика насекаде низ светот ако отвориш, ќе најдеш за истиве ствари песна во топ 3. Најверојатно и за тоа е турбофолкот крив.Млади сеуште неиживеани кои бегаат од реалноста, слушаат турбофолк музика каде што се пее за спонзоруши, секс, пари итн.
On fire! Во Македонија се собираат овие имиња. Да, само што, доволно е еднаш да пуштиш ДМ Сат кога пуштаат маркетинг за настапите на ѕвездите од естрадата, и да видиш како уствари секој изведувач константно прави турнеи, застапувајќи ги Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Австрија и Германија, ама НЕ и Македонија! Ама кој да види? Македонија е најнезастапена земја на овие простори во поглед на турбофолкот. Едвај доаѓа еден месечно во државата некој таков изведувач, и одма чим дојде, се рипа против него, како демек ако дојде одма по лош пат ќе тргнат децата. Во овие земји неспоредливо повеќе се слуша турбофолк отколку кај нас, и пак тие земји се неспоредливо поразвиени од нас. Пак нашата држава и нашиот народ е над сите други, во истиот фазон како "да, да, американците се глупи", а не гледаат ние кај сме?Доколку разгледаме подобро ќе видиме дека децата се колатерална штета, повеќето родители кои јас лично кои ме опкружуваат слушаат таква музика и едноставно тоа во повеќето случаеви преоѓа на децата нивни. Низ Македонија штом дојде некоја ,,Ѕвезда" од Србија клубовите полни, децата пијат ли пијат алхолхол, и тогаш од родителите следува западот ги уништи. Доколку некогаш сте го поставиле прашањето зошто многу ретко се носат вистински музички имиња во Македонија одговорот би бил а кој би дошол на малку публика? кога сите одат на Лепа и компанија.
Да одговорам првин на првото, после ќе се вратам на последното. Би му дозволил (duh), али не би го ни терал да го слуша тоа. Секој човек има право да слуша што сака. Тој што вели дека со закон треба да се забрани некоја музика, одма го препознавам како дете, или ко што НИ се обрати на НАС, неизживеани тинејџери, или пак неизживеан 40-годишен типац кој не направил ништо во животот, па сега турбофолкот му е модерна верзија на она што го глеаме у Американскине филмови, кај што има mean old guy down the street, кој им вика на децата: Kids, stop playing on my lawn!Моабетот е, што е тоа што тинејџерите ги привлекува да слушаат музика која не спаѓа во никаков жанр на музика, музика која е како некој вид вирус кој ги заразува децата да слушаат ,,музика" која според мене ги уништува тинејџерите, барем тоа е моето мислење. Како тоа би можело да се спречи? Што ги тера децата да слушаат таква музика? Дали вие на вашето дете би му дозволиле да слуша таква музика?
Моментот пејат за секс и спонзоруши ми го фати окото. Целата светска поп музика денес се сведува на тоа. Ријана, Бијонсе особено во последно време и целиот модерен комерцијален хип-хоп во последниве 5 години се врти само околу голи жени, секс, пари, дрога, пиштоли и слично, а и тоа е нешто што не можеш да го одбегнеш.
Точно е дека се шири и дека само тие се гости и прават концерти тука, ама дека само турбофолкот влијае на младината, тоа мало морген.
Преслушај ја песната Rude Boy на Ријана, Partition на Beyonce, Blurred Lines од Robin Thicke. Ова се првите што ми паднаа на ум, иначе имаш уште мал милион вакви што излегуваат секојдневно.
Биди сигурен... Па има сам да копам ама ќе јадам тоа што сакам.Шо ти се сервира тоа ќе јадеш
...пред 2 години напраил МЕГАМИКС НА ДУШКО КУЛИШ и го поставил на јутуб.
Што ќе кажеш на ова Скај? Дали би му дозволил на твоето дете да го преслуша овој фантастичен мегамикс на Душко Кулиш? м?
Јас не сум ти крив ако дома имаш икона од Цеца наместо од богородица, ниту имам нешто против тоа. Слободно слушај си што сакаш. Само нема потреба да се вреѓаме, клошар ова-она... Ако сакам ќе му купам и розева рамбовка со амблем од змеј напред, да му одговара на жолта кондура, а тоа тебе не треба воопшто да те засега.Скај, океј типче си, али сеа ја претера. Ако детето твое секој ден си доаѓа пијано, излага со сомнително друштво, и ги прави работите кои никој родител не ги сака, а притоа слуша и турбофолк, ти, според ова, вината ќе ја препишеш на музиката, кога уствари ќе биде случај на bad parenting. Како оној клошарон што пиша дека ланци ќе му редел на детето и ќе му се обраќал со "сељак", што јасно ми дава до знаење дека спаѓа во овие малце погоре што ги набројав.