На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Вирус од 90тите - Турбофолк​

Вирусот кој го произведе Србија уште од 90тите сеуште ги труе младите тинејџери, додека пак родителите нивни созреваа и слушаа рокенрол сега нивните деца слушаат музика која се нарекува Турбофолк и ги труе младите. Млади сеуште неиживеани кои бегаат од реалноста, слушаат турбофолк музика каде што се пее за спонзоруши, секс, пари итн. Деца кои се трујат со познатиот вирус на балканот и кој се нарекува Турбофолк заедно со музиката го губат индивидуалитетот и лесно се претопуваат во толпата поклоници на „врвните уметнички квалитети" како:





и уште од „врвните уметнички квалитети"...


Доколку разгледаме подобро ќе видиме дека децата се колатерална штета, повеќето родители кои јас лично кои ме опкружуваат слушаат таква музика и едноставно тоа во повеќето случаеви преоѓа на децата нивни. Низ Македонија штом дојде некоја ,,Ѕвезда" од Србија клубовите полни, децата пијат ли пијат алхолхол, и тогаш од родителите следува западот ги уништи. Доколку некогаш сте го поставиле прашањето зошто многу ретко се носат вистински музички имиња во Македонија одговорот би бил а кој би дошол на малку публика? кога сите одат на Лепа и компанија.

Моабетот е, што е тоа што тинејџерите ги привлекува да слушаат музика која не спаѓа во никаков жанр на музика, музика која е како некој вид вирус кој ги заразува децата да слушаат ,,музика" која според мене ги уништува тинејџерите, барем тоа е моето мислење. Како тоа би можело да се спречи? Што ги тера децата да слушаат таква музика? Дали вие на вашето дете би му дозволиле да слуша таква музика?
 
Моментот пејат за секс и спонзоруши ми го фати окото. Целата светска поп музика денес се сведува на тоа. Ријана, Бијонсе особено во последно време и целиот модерен комерцијален хип-хоп во последниве 5 години се врти само околу голи жени, секс, пари, дрога, пиштоли и слично, а и тоа е нешто што не можеш да го одбегнеш.

Точно е дека се шири и дека само тие се гости и прават концерти тука, ама дека само турбофолкот влијае на младината, тоа мало морген. :)

Преслушај ја песната Rude Boy на Ријана, Partition на Beyonce, Blurred Lines од Robin Thicke. Ова се првите што ми паднаа на ум, иначе имаш уште мал милион вакви што излегуваат секојдневно.
 
Не обожавам ваква музика, ама еве мене па глупост ми е транс музиката и другите електронски глупости, неможам да ги поднесам едноставно, па не говорам за неа како вирус кој ги труе младите. Кој што му се допаѓа нека си слуша, некако претеран ми е хејтот за турбофолкот. Ако на некој му прави ќејф ти ништо неможеш тука. Исто како да сакаш сладолед од банана, а на некој кој му се допаѓа чоколадниот да ти се прави паметен оти овошен сладолед не е тоа тоа.
 
Шо ти се сервира тоа ќе јадеш
 
Дали вие на вашето дете би му дозволиле да слуша таква музика?​
Јас би му дозволил да слуша, ама ќе му се обраќам на овој начин: "Абе сељак, ти требаат пари за излегување?", "Дојди сељак да ми помогнеш да го преместиме креветов во другата соба.", "Сељак, ти си во WC? Ај излегувај понабрзина, аман!" и тн.

Плус, на едното рамо ќе му истетовирам змеј, а на другото Миле Китиќ - сите да го знаат дека е сељак. А ако помине одличен на полугодие, ќе му купам дебел златен синџир од 2000 евра, задолжително да го носи на врат, во секоја пригода, и на влечка, и на одело, и на летен шорц.

А по негова желба, доколку сака, би го запишал во теретана и би му плаќал суплементи (гејнери, протеини, трибулуси...) да се направи шифуњер, нејвеча стока у маало.
 
Музиката од племињата по течението на реката Замбези е поквалитетна него турбото.
Штета што нема закон да го забрани. Како што се грижи нашата ни мила влада за здравјето на непушачите и за тоа донесе закон, така треба да се грижи и за младите, а богами и постарите. Дека турбото допринесува за зголемунање на малоумноста е повеќе од јасно, а и докажано.
Забрана на турбото од највисоки размери.
 
Незнам што слушаат денес тинејџерите, ама драстична разлика во понашање се од нас..... и ние некогаш бевме тинејџери.
И ние се шалевме и ние излегувавме и ние се журкавме, ама немавме такво понашање. Си доаѓаш накај дома, навечер 3 саатот, ги гледаш се тепаат, се колат..................., ние кога бевме тинејџери во 3 саатот навечер не бевме вакви невоспитани простоќи, така наречени сељачиња............................, туку седевме во маало на клупи, игравме макао, пиевме по едно пивце, Кока Кола или Спрајт....... едноставно вистински се дружевме и имавме вистински другарски муабети.

И АМАН! Не ви чинел турбофолкот, не сте го сакале, штетен бил........ тоа се само едни обични глупости.
Турбофолкот е прекрасна музика, само ако тоа на некому не му се допаѓа незначи дека тоа е лоша музика.
Денешната дечурлана повеќе ги слушаат Ники Минаж, Мајли Сајрус, Питбул, Џенифер Лопез........... и што демек тие не даваат лошо дејство врз дечурланата.

Ники Минаж - незнам што би можеле да научат од нејзините текстови и спотови. Девојчето во секој спот си го рекламира задникот.
Мајли Сајрус - од нејзе што би научиле, како таа нема штетно дејство........чупето рекламира голо тело и безобразни работи кои не се пример за тинејџерите.
Џенифер Лопез - што да ти кажам, песната пее за љубов, а спотот за љубов на едно момче од 20 години и една затегната баба од 50 години.
Питбул - во кој спот е он, таму мора да има и некоја девојка речиси гола само малку замотана во крпче Долче и Габана која го тресе задникот и е декларирана како манекенка, а нашите девојки во нашите спотови од турбофолк песни кои се облечени во ефтина облека Долче и Гордана само се врцкаат во спотовите и се декларирани како спонзоруши.

Јас мислам дека турбофолкот нема никакво штетно влијание врз луѓето, туку напротив тој ги расположува луѓето.
Јас лично не слушам нешто многу многу српски турбофолк, туку слушам Македонски турбофолк.., но не гледам што би можела една Цеца со Громе мој или еден Харис Џинович со Муштулук да наштетат некому, без разлика дали тој е млад или стар.
Наспроти некултурните американизирани спотчиња на плагијат песни можат да наштетат некому, кој би си рекол еј види ова е модерно.
Всушност донекаде недоволното домашно воспитување, навивачките групи и лошата политика можат еден тинејџер да го направат невоспитано примитивно сељаче, а не турбофолкот.

А што се однесува до тоа дали моите деца ќе слушаат турбо фолк или не, тоа е нивно............, но мило би ми било ако слушаат Македонски турбофолк, од проста причина што музиката, текстовите и спотовите се интересни, а и самите изведувачи се квалитетни. Тој што е турбофолкер како пее во живо во кафана така пее и во спотот..... еве ја за пример Андријана Ацевска, а тој што е забавњак и се појавува на Скопски фестивал на секои 10 години во спотот пее едно, а во живо чкрипи.

Затоа турбофолкот не е лоша музика, туку е само исплукана од некои металци, рокери..... кои не ја слушаат, па и другите ги повлекуваат кон тоа да имаат лошо мислење кон нејзе.

А за лошото однесување на денешниве деца веќе напоменав кој е крив...... недоволното домашно воспитување, навивачките групи и лошата политика.

:)
 
Револтот и омразата кон турбофолкот излегува од тоа што музиката и текстот се многу плитки како 6 годишни деца да ги пишувале. Мене музиката не ми е некој клучен фактор, можам буквално се да слушам и воедно да го занемарам, ама текстот од турбофолк песните ме прави да се чувстувам тупав... 90% се тажни, со кукање, како ги оставила девојката, сега станала курва и слично.

Секој со својот избор :) неможе да осудуваш некого заради музиката која ја слуша. Сепак општеството нема некоја огромна штета од турбофолкот освен некоја скршена чаша.
Така да правилото е јасно, не ти се допаѓа - не слушај со хејтање тешко дека ќе му смениш мислење на некој.
 
Последно уредено од модератор:
Отворил тема кај што жестоко го критикува турбофолкот, кај што ги напраи малоумници кои треба да бидат лишени од општеството луѓето кои го слушаат овој вирус кој не спаѓа во никаков жанр на музика, притоа заборавил дека пред 2 години напраил МЕГАМИКС НА ДУШКО КУЛИШ и го поставил на јутуб.

(y)


Што ќе кажеш на ова Скај? Дали би му дозволил на твоето дете да го преслуша овој фантастичен мегамикс на Душко Кулиш? м?
 
Brishi temata


Barem ne promoviraj losha muzika ako si protiv losha muzika :D (ako moze da se narece ova muzika)

plati pijacka vozi ja na vespa moze i so r1 na avtopat so dvesta ne znae za dosta bapni i go do koska
 
Ова не било музика
Е ова било музика...
...немојте бе.

Па да, првата е од Аца сељакот.
Истиот текст да беше на англиски, испеан од еден Џон легенд, е тогаш ќе беше песниште, нели ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom