Робин Вилијамс пронајден мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не ми се верува дека е умрен. Се си викам оти е некоја забегана шега, некоја најава за негов нов филм ор самтинг. У пичку матер.
 
Навистина човекот имаше посебна насмевка... секогаш искрена, но очите како да му кажуваа друго нешто. Има право Мила, човекот поседуваше тажна насмевка, можеби затоа секогаш го почитував како актер. Денес го гледав Патч Адамс... уште една генијално одиграна улога, типично во негов стил. Само незнам зошто филмските критичари дале огромни негативни коментари за филмот, кога човекот безпрекорно ја одигра улогата, а и филмот беше перфекција, работен според вистинска приказна.

Уште еднаш РИП за овој голем актер кој преку филмовите беше на некој начин дел од нашето детство :'(
 
Овие два цитати ми се многу убави:

enhanced-19655-1407866963-4.jpg


Посебно оваа... Иронично. :(
anigif_enhanced-25843-1407860461-25.gif
 
robin-williams-weapons-of-self-destruction-519ea68cb07e5.png

logo_index_hbocomedy.png

13.08.2014 во 21:00 часот
 
Последно уредено:
Инаку, само што излезе соопштение од страна на жена му каде вели дека покрај борбата со депресија и анксиозност, пред некое време му била откриена и Паркинсова болест која била во рана фаза и се уште не бил подготвен да го сподели тоа со јавноста.

Лесно е да се осуди човек кој се самоубил, но факт е дека некогаш луѓето не можат да се изборат со своите демони. Во случајов покрај депресијата која и онака била долго време присутна во неговиот живот, човекот дознава и дека боледува од болест за која нема лек, која сигурно само ја влошила неговата ментална состојба и гарант тоа било trigger за она што се случило.

Има премногу критика и кон медиумите кои како ѕверови пишуваа се и сешто, па уште и наслови од типот на HANGED како демек само тоа е битно во врска со Робин Вилијамс.
Разбирам потреба за заработка, ама усул да се има малку. Барем малку.

Исто така и доказ дека интернетот е станато одвратно место е фактот дека откако ќерка му постираше слика со цитат и под него нејзина реченица со која се збогува со него, дебили земале да и пишуваат злонамерни пораки, тролања, па и фотошопирани слики од мртвото тело на татко и.
Кога би имало некое дно, човештвото одамна би го допрело, вака само оди надолу се повеќе.

Оставил и писмо со кое се збогувал, но тоа (барем тоа) не е достапно за јавноста.
 
Инаку, само што излезе соопштение од страна на жена му каде вели дека покрај борбата со депресија и аксиозност, пред некое време му била откриена и Паркинсова болест која била во рана фаза и се уште не бил подготвен да го сподели тоа со јавноста.

Лесно е да се осуди човек кој се самоубил, но факт е дека некогаш луѓето не можат да се изборат со своите демони. Во случајов покрај депресијата која и онака била долго време присутна во неговиот живот, човекот дознава и дека боледува од болест за која нема лек, која сигурно само ја влошила неговата ментална состојба и гарант тоа било trigger за она што се случило.

Има премногу критика и кон медиумите кои како ѕверови пишуваа се и сешто, па уште и наслови од типот на HANGED како демек само тоа е битно во врска со Робин Вилијамс.
Разбирам потреба за заработка, ама усул да се има малку. Барем малку.

Исто така и доказ дека интернетот е станато одвратно место е фактот дека откако ќерка му постираше слика со цитат и под него нејзина реченица со која се збогува со него, дебили земале да и пишуваат злонамерни пораки, тролања, па и фотошопирани слики од мртвото тело на татко и.
Кога би имало некое дно, човештвото одамна би го допрело, вака само оди надолу се повеќе.

Оставил и писмо со кое се збогувал, но тоа (барем тоа) не е достапно за јавноста.

Видов нешо слика јас од него со ожиљак околу врат и ми изглеаше доста реално, не верувам дека е shop. Претпоставувам дека leak-нало од фаците шо вршеле увид или нешо така.

Не сум против коментари во врска со ова, секој има право на свое мислење, али тоа личното малтретирање на неговата фамилија е срамота жива. Едно е да си имаш мислење и да го кажеш, а друго е да јадеп гомна на семејството на човек којшто тукушто си го одземал животот.

Али јебига, тоа е нашиот свет во моментов, старите вредности се губат нагло, али доброто е што ништо не е засекоаш, и оваа ситуација евентуално ќе се смени; На добро или на лошо, ќе се види со тек на време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom