Стрипови

  • Креатор на темата Креатор на темата rorschach6
  • Време на започнување Време на започнување
Во академска книга имате стрипови на DC/Marvel и мноооогу други... кога ќе влезете по скалите нагоре..... цените им се од 900-1400/500 така некако ,јас го земав The infinity gauntet (1400мкд)пред некој месец, го чувам за на море
Имаку на англиски се да знате...
 
Не знам, некако мислам да се вратам на Загор и Дилан Дог. Ке видиме.
 
Планирам да почнам да читам стрипови, кажете некој стрип со повеќе делови максимум до 30/40.
 
Планирам да почнам да читам стрипови, кажете некој стрип со повеќе делови максимум до 30/40.
Лукас, од Бонели е, нема многу броеви, ако ме прашуваш мене, одличен е. :) Види прво на нет, ама потоа отиди и до Бункер, распрашај се подетално. :)[DOUBLEPOST=1532614182][/DOUBLEPOST]
Не знам, некако мислам да се вратам на Загор и Дилан Дог. Ке видиме.
Ако ме прашуваш мене, фокусирај се повеќе на ДД, не викам со ова дека Загор е лош, ама скоро сите го читаат од носталгија.
 
ДД по приказни, по ликови, по атмсфера е далеку поквалитетен и наменет за повозрасни.
Загор си е ок, доста поквалитетен во подоцнежните приказни, посебно изданијата што ги читав од хрватските изданија во 90-тите, сетингот се мрда од Дарквуд и приказната станува многу поразнолика.

Тешко да се кажам колекционер, од дете и тинејџер што читав ми остана нешто околу 500 комада од Бонели, односно српските и хрватските изданија и десетици Алан Форд. Имав едно време намера од Хрватска да купам комплет изданија на Слободна Далмација и Лудекс, конкретно Дилан Дог, Марти Мистерија и понешто Загор, ама сумњам дека ќе ги прочитав сите и некако не ми се даваа пари.
 
Дали знаеш колку ќе коштаат отприлика целите изданија?
 
Дали знаеш колку ќе коштаат отприлика целите изданија?

Не се сеќавам искрено, пред 2-3 години беше, на интернет најдов некоја книжара во Загреб ама ни името не ми текнува сега.
 
во велес се уште не можам да го најдам...
Па ко по обичај што прават - најавија, па сменија. На 01.08 ќе излезел. Инаку овој број требаше да излезе уште пред 3 месеци, ама имале проблем со договорите за дистрибуција, па затоа го одложија. Еве го новиот Дилан на македонски:
1.jpg
2.jpg

Инаку, во четврток излегува 5 број од новата Златна серија на Весели четвртак од Србија. Овојпат се работи за сосема нов серијал, необјавуван до сега на нашите простори, исто на Бонели - Приче из базе „Другде“. Првиот број од овој серијал носи наслов „Онај који обитава у тами“. За оние кои не следат, Весели четвртак ги објавува изданијата на новата Златна серија со 2 различни корици: првата - оригиналната, и втората, со златна трака (ретро) и со цртеж на некој српски уметник. Овојпат, веројатно дека не го знаеме стрипов, ОК ми делува и вторава насловна, ама на првите 4 броја ужас беа цртежите, па затоа јас си ги земав оние без жолтата трака, со оригиналните корици. Еве како изгледа Б корицата на новото издание (ама сепак јас ќе ја барам оригиналната):
5Б.jpg
 
Некаде втора половина осумдести, Лунов Магнус се дрзнаа сами да си го цртаат Блек, наместо да го импортираат од Бонели. Катастрофа беше.
 
Некаде втора половина осумдести, Лунов Магнус се дрзнаа сами да си го цртаат Блек, наместо да го импортираат од Бонели. Катастрофа беше.
Среќа овие само насловните ги цртаат, ама ужас се. Особено Загор во третиот број... Имаше коментари: кој е овој на насловна што му ја украл маицата на Загор. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom