Интересна тема и интересни погледи на некои прашања...
Лично, идолопоклонението (на пр. православието заедно со сите оние религии каде што се присутни реквизити за „проповедање“ на верата во стилот на икони, крстови, свеќи и сл) воопшто не ни сакам да ги сметам за христијанство, туку повеќе како народни обичаи преточени преку институција-црква која јасно, постои се уште, поради едноставна причина - на простиот човек мора да му се прикажат слики, златни предмети, лустери, импозантни градби, делкани камења и што ли уште не, за да може да ја насочи својата налудничава фиксација кон некој предмет кој ќе може да го бакне, допре и гледа со восхит, не сфаќајќи во моментот дека тоа е само обична материјална човечка творба. И после сето тоа, некои од „христијаните“ се осудуваат да наречат некои групи на луѓе секташи, нововерци или не знам уште како, и покрај тоа што тие се многу повеќе грешни на бога од другите.
Слободна Дефиниција:
Црква: Секое место каде што се собрани христијани да го слават и проучуваат словото божје.
А не е човечка градба во која е шибнато еден тон пари за да може сиромавиот да влезе и да се восхитува на скриениот „бог“ во златните украсчиња, придушеното светло и опојниот и заносен, нели, мирис од темјан, наместо истите пари да се употребат за многу похристијански цели.
А како што тргнале некои со поделбиве и годиниве, излегува дека муслиманството е многу похристијанско учење од некои подоцнежно појавени правци со самото тоа што е иницирано од стариот завет, и впрочем 90 посто е самото препис од стариот завет со нормално други налудничави толкувања.
Едноставно е луѓе:
Постои само еден валиден „документ“ кој човештвото го поседува од бога а тоа е Библијата. И не постојат различни видови на христијанство како ВЕРА туку постојат различни видови на религии и толкувачи на Библијата и тоа само поради тоа што се дрзнале да извадат од контекст пасуси и реченици и да си ги истолкуваат како сакаат. Библијата е таа, од корица до корица, извадете само еден јокто од неа и таа престанува да биде Библија и почнува да биде нешто сосема трето.
И постои само еден посредник меѓу нас и бога а тоа е молитвата и точка. Ни попови, ни светци, ни икони, ни свеќи, ни зејтини и кошули, ни бутири. Кој не верува нека провери, ама не во „Црквите“ и кај адвентистите и кај јеховините сведоции по гугл и огласници, туку во Библијата, и тогаш нека тресе глупости по форуми повторно правејќи се крајно неинформиран.
Лично сум шетал и манастири и цркви и муабети сум правел и со попови и игуменки и свештеници, владики и јеховини сведоци па од друга страна и со оџи и будисти и почитувачи на кришна, и се се сведува само на едно - неинформираност и манипулација наместо на проуччување на словото божје и влечење на поуки за здрав (ментално, духовно и физички) живот.
