Кој е подобар факултет: ФИНКИ или ФЕИТ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nokia789
  • Време на започнување Време на започнување

Кој факултет е подобар?

  • ФЕИТ

    Гласови: 17 40,5%
  • ФИНКИ

    Гласови: 25 59,5%

  • Вкупно гласачи
    42
Член од
22 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
1
Возраст
30
Еве оваа година треба да се запишувам на факултет па се мислам на кој факултет да се запишам. Ги разгледав смеровите, иако планирам да ги разгледам уште еднаш поубаво ама сега за сега ако би одел на ФЕИТ би одбрал еден од овие два смера:
1. Компјутерско-системско инжинерство, автоматика и роборика (КСИАР)
2. Компјутерско хардверско инжинерство и електроника (КХИЕ)
Ако одам на ФИНКИ би го избрал обој смер:
1. Студии за компјутерски науки и инжинерство

Еве ви и линкови каде што ги пише сите смерови за овие факултети:
http://www.feit.ukim.edu.mk/fakultet/studii/i-tsiklus-dodiplomski/novi-studiski-proghrami
http://www.finki.ukim.mk/mk/enrollment/dodiplomski-studii

Математиката не е проблем ама баш ме интересира каде има повеќе математика и каде има повеќе и подобра пракса. Попрво би учел математика и би имал пракса отколку да учам теорија.
Спрема овие смерови кој ги одбрав а и онака општо, според вас кој факултет е подобар?
 
ФИНКИ ако сакаш програмирање т.е. сакаш да се усмериш на тоа.
 
ФИНКИ ако сакаш програмирање т.е. сакаш да се усмериш на тоа.
Сакам програмирање ама попрво би одбрал електро и да има нешто и програмирање. Овие два смера на ФЕИТ кој ги кажав не се баш за програмирање особено вториот (кој воопшто не е програмирање).
 
Објективно ако правиме муабет, ни тој ни тој, се што научив информатика досега ме научи работата. Полни се со глупости нашиве факултети. Знам дека сеа ќе дојде на темава „ама инженерска диплома“ таборот и ќе ме цитира ама ќе правиме муабет кога ќе се вработат.

но сепак кога веќе мора да се бира, ФИНКИ делува како подобра опција, оди таму, на Електро не дека се тешки физика, електротехника глупостите, најретардираните професори/асистенти се тука бутнати и само ќе си кинеш живци.
 
Сакам програмирање ама попрво би одбрал електро и да има нешто и програмирање. Овие два смера на ФЕИТ кој ги кажав не се баш за програмирање особено вториот (кој воопшто не е програмирање).
Ако сакаш програмирање немој да идеш на финки. ќе сватиш коа ќе поминеш таму 2-3 години. најголема глупос е да студираш информатика у мк. Ако стварно сакаш програмирање иди на некој курс во сивус или друга академија. иди веп дивелопер и ГГ
( уште несум студент ама знам каква е ситуацијата во македонија во таа област. )
 
политички науки
 
КХИЕ all the way.
завршив на КСИА (ново КСИАР), не е баш толку лесен и интересен смер колку што кажува името, башка што сите професори на КСИА се пензионираа годинава.
од друга страна КХИЕ ти е најперспективен смер во Македонија. Во превод учиш embedded systems , процесирање на слика и сигнали.
Секако во овие два смера имаш и програмирање. (пошто нели роботските манипулатори мораат да се програмираат, исто и како вградливите системи).
Во КСИА имаш C, C++ , Асемблер за PIC микроконтролери, Основи на асемблер во Intel 8086, и секако PLC програмирање, ( единствено во Македонија), секако ќе научиш и попратно и хардвер, проблемот е што имаш премногу математика и премногу премногу премногу теорија која мораш да ја учиш. По теориски смер нема на Електро од овој.

Во КХИЕ имаш исто C, C++, Aсемблер за PIC и други микроконтролери помалку познати како Texas instruments, ARM и слични. Процесирање на слика и видео. Основи на асемблер во Интел 8086. Мастери за хардвер, посебно ако се здружиш со Живко Коколанскии , човекот е врв за составување на вградливи системи, си има цела лабараторија само за изработување на плочки, башка шо ептен е фер и дружељубив посебно ако се интересираш, а и скоро сите се такви Марс, Геразов, Карталов. Овие од електроника ти се најдостапни и најотворени за соработка.
Е сеа тоа е материјалот колку че научиш зависи од тебе, колку си посветен и колку сакаш да се внесиш во учењето, можеш да учиш колку да положиш за 6ка, а можеш и да се заинтересираш и да си правиш проектчиња по скоро сите предмети после 2 година. Си имаш лабараторија горе, сам си работиш ако ти треба помош прашуваш и тое то, делумно евтините делови ќе ти ги покрија факултетот отпорници, кондензатори и слично. Поскапите како микроконтролери (еден PIC = 400 ден) сам ќе си ги купуваш.

За програмирање доколку ги научиш C и C++ , после сите јазици ќе ти бидат лесни за учење, C# и Јава ти се слични на C++. Јас иако работам моментално со ПЛЦа и автоматизација, сам си го учев C# .NET оти ми притреба за на работа.
Како и да е, ако треба моментално да се вратам пак да бирам, би го одбрал КХИЕ без размислување.

Еве оваа година треба да се запишувам на факултет па се мислам на кој факултет да се запишам. Ги разгледав смеровите, иако планирам да ги разгледам уште еднаш поубаво ама сега за сега ако би одел на ФЕИТ би одбрал еден од овие два смера:
1. Компјутерско-системско инжинерство, автоматика и роборика (КСИАР)
2. Компјутерско хардверско инжинерство и електроника (КХИЕ)
Ако одам на ФИНКИ би го избрал обој смер:
1. Студии за компјутерски науки и инжинерство
 
Последно уредено:
Јас сега да сум матурант нема да се запишам на факултет. Додека учев имав друго мислење но сега друго. Дипломата вреди убаво е да ја имаш, ама не од нашите универзитети.

Асистентите глупи влезени во некој филм, кодовите ги читаат а ако ги прашаш не знаат да објаснат. Затоа скоро сите што завршија со мене не знаат ни C++ ни пак една веб страна да направат, а уште потрагично е што се сметаат за програмери. :ROFLMAO:

Изгубив четири години во учење на предмети со теории, математики, а програмирање само основни работи.
Кога завршив прочитав 120 книги и изгледав еден куп видеа за да научам повеќе практична работа.

Вие што повеќе посветувате внимание на електроники и се дружите со Живко Коколански ќе ве прашам кога ќе барате работа. :D
 
јас си најдов работа не се секирај и за тоа баш што го учев на факултет, а уште немам ни дипломирано. А па не сум ни прв ни последен. На факултет си праев проект за автоматизација на мотор со целосно ожичување плус програма плус комуникација со ПЦ. Сега работам нешто слично (со лифтови), дури и полесно ми е на работа. Ме вработија како техничар, а повеќе разбирам од постарите инжинери во делот програмирање.
Сето зависи колку си посветен додека учиш.

Двајца од електроника ги вработија директно како програмери во аслемблер.
 
Тоа се само 10% од студентите што ќе си нашле работа и кај нас беше така додека студирав. Другите 90% ќе видиш што ќе работат кога ќе дипломираат.
И баш ме интересира колкава е платата на тие техничари. :rolleyes:
 
Nokia, она што ти треба да го направиш, е да седнеш и убаво ги разгледаш смеровите и стварите кои што ги наброја. Мислам, ако разгледаш убаво ќе сфатиш дека ФИНКИ и ФЕИТ се доста различни факултети, нема тука што е подобро? Неможеш да споредуваш нешта кои не се од иста област. Ај ти кажи ми што е подобро Пежо 308 или Галичко сирење?
 
Ако сакаш програмирање немој да идеш на финки. ќе сватиш коа ќе поминеш таму 2-3 години. најголема глупос е да студираш информатика у мк. Ако стварно сакаш програмирање иди на некој курс во сивус или друга академија. иди веп дивелопер и ГГ
( уште несум студент ама знам каква е ситуацијата во македонија во таа област. )
Ама совет му дае ако сакаш програмирање не иди на финки:facepalm:
Ако ја знаеш каква е ситуацијата во Македонија кажи му и во Сивус кој се цените за тие курсеви.
Објективно ако правиме муабет, ни тој ни тој, се што научив информатика досега ме научи работата. Полни се со глупости нашиве факултети. Знам дека сеа ќе дојде на темава „ама инженерска диплома“ таборот и ќе ме цитира ама ќе правиме муабет кога ќе се вработат.

но сепак кога веќе мора да се бира, ФИНКИ делува како подобра опција, оди таму, на Електро не дека се тешки физика, електротехника глупостите, најретардираните професори/асистенти се тука бутнати и само ќе си кинеш живци.
Абе не дека ќе му вреди дипломата ама ќе се научи да учи.Ја гарантирам дека просечен средношколец поише ќе научи да програмира на факс него на курс,бидејќи материјалот од средно е гола вода и таа драстична промена само под притисок од паѓање може да се постигне.После ќе се усоврши коа ќе почне да работи.
 
Последно уредено:
Ја гарантирам дека просечен средношколец поише ќе научи да програмира на факс него на курс

За ова си грешка, на факс се учат општи работи и теориски принципи, на курс теоријата е минимална, пред се пратична работа. За мене идеално е да можеш и двете да ги имаш.
 
Дилемава и мене ми го поти мозокот последно време..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom