СП 2014 (осминафинале) Холандија - Мексико

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе продолжи понатаму?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Робен во стилот на Гросо за 1/4 финале. Пресуди денес искуството, после голот тотално се изгубија Мексико.
 
Натпреварот го реши Робен и никој друг. Единствено тој играше фудбал од Холанѓаните и се обидуваше да направи нешто. И добро кажа бастердот, ако Де Јонг е потешко повреден тешко им се пишува на лалињата, можеби ќе тепаат во 1/4 финале ама тешко да ги видиме во финалето. :)
 
а Ван Гал пушти се на една карта со внесувањето на Депај и вадењето на тој Верхаег.
Не се правете будали со сила,Мексико немаше сили за 90 минути напад и само напад,се крстеа во Очоа кој во неколку наврати ги спасуваше соиграчите.

Додека беше Дос Сантос на терен Холандија беше немоќна , многу нешта се променија со неговото излегување од игра. Затоа за овој неуспех го кривам само селекторот на Мексико а не припишувам заслуги на Ван Гал . Како и да е Холандија уште сега може да се смета полуфиналист со оглед на противникот во четвртфинале.
 
Е сеа и ти па го направи Дос Сантос бог. :) Па и тој да беше на терен Мексико ќе се повлечеше, не менува многу според мене, само пуштил играч кој наверојатно смета дека е подобар во офанзива. :)

За победата и јас не припишувам заслуги на ван Гал оти прво ќе изгубеа ради неговити рокади во првите 11, па мораше да исправи на крај да го извади тој бекот кој никој не го знае и да тргне во напад бидејќи и бркаа водство. :)
 
Додека беше Дос Сантос на терен Холандија беше немоќна , многу нешта се променија со неговото излегување од игра. Затоа за овој неуспех го кривам само селекторот на Мексико а не припишувам заслуги на Ван Гал . Како и да е Холандија уште сега може да се смета полуфиналист со оглед на противникот во четвртфинале.

taka e,ok
 
Се заеба Ерера шо многу рано се затвори , и на крај им жбрцаа 2 гола од нигде никаде.Да Холандија можеби повеќе напаѓаше, ама јалово, мексиканциве супер си ги држеа се до финишот.
Контакт има кај пеналот имаше, судиска одлука дали ќе го свири или не.А и Робен доста добро се намести , мајсторски.
 
Е сеа и ти па го направи Дос Сантос бог. :) Па и тој да беше на терен Мексико ќе се повлечеше, не менува многу според мене, само пуштил играч кој наверојатно смета дека е подобар во офанзива. :)

Далеку од тоа дека е семоќен , но средниот ред на Мексико беше многу поагилен додека беше тој во игра , а со рамнотежа на средината на теренот верувам декa Мексико ќе се одбранеше . Но било поминало , грешката е направена. :)
 
Се повлече Мексико во второ полувреме, и сакаа да играат на контри и да чуваат 1:0 резултат. Епа против Холандија, иако не играше којзнае како денеска, тешко дека ќе издржат вака. Голманот им спаси доста шанси, поготово одбиената у статива шо отиде. Маркез мораше да биде попаметен во ситуацијата, тројца беа околу Робен, не ја допре топката и беше задоцнет, а тоа Робен секако нема да го пропушти. Никој не им е крив на Мексиканците, не издржаа до крај, додека Холандија направи иницијатива при крајот и си ги искористи шансите..да напоменам дека ме изненади Кајт, истрча 30 километри.
 
Според мене повеќе беше пенал оној на крајот од првото полувреме кога беше двапати во исти напад фаулиран Робен, отколку оној што го досуди но сепак и во 93тата минута имаше основа за пенал затоа што Маркез направи грешка што ја постави ногата во траекторијата на движењето на Робен.

Во секој случај мило ми е за Холандија затоа што репрезентација како Мексико е нешто налик на Чиле и во евентуален натпревар против Бразил ќе се исплашат дека навистина можат да ги победат и на тој начин ќе заебат работа. Холандија не верувам дека ќе има таков проблем против било кој.
 
10473778_10152503129525406_5931204335207819259_n.jpg
 
Ова не се суди како фаул надвор од шеснаесетник камоли пенал:facepalm:

Едно 99% ист пенал им свирнаа и на Грција чинам. Очигледно е дека станува “правило“ таквите минимални контакти да ги свирнат и да одат чекор повеќе кон тезата „Да се суди секој контакт у шеснаесетник“. Ја сум на страната на Панчев, дека не треба ова да се свири, каде што јасно се гледа дека нема озбилен контакт кој го спречува играчот, туку намера од него да се џитне по мал допир...
 
Знаете како викат во холандија, "geluk kan jij dwingen" среќата можеш да ја принудеш, не са предавајте и до крај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom