- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.263
- Поени од реакции
- 12.987
Вчера, вторник, 24 јуни 2014, во 99-та година од својот живот, почина една од најголемите актерски легенди на сите времиња, Илај Валах, познат по неговата улога на грдиот Туко во еден од најпознатите шпагети вестерн филмови на покојниот Серџо Леоне - Добриот, лошиот и грдиот.
http://www.plusinfo.mk/vest/141633/Pochina-glumecot-Ilaj-Valah-od-filmot-Dobriot-loshiot-i-grdiot
Почина глумецот Илај Валах од филмот „Добриот, лошиот и грдиот“
Илај Хершел Валах
7 декември 1915 - 24 јуни 2014
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.
http://www.plusinfo.mk/vest/141633/Pochina-glumecot-Ilaj-Valah-od-filmot-Dobriot-loshiot-i-grdiot
Почина глумецот Илај Валах од филмот „Добриот, лошиот и грдиот“
Објавено: 25.06.2014
![]()
Холивудскиот глумец Илај Валах, познат по улогата на бандит во филмот „Добриот, лошиот, грдиот“ на Серџо Леоне починал во вторникот 99-годишна возраст.
Иако многу критичари ја издвојуваат неговата улога Калверо, живописен бандит од „Седумтемина величествени“ од 60-тите години, како негова најдобра, овој актер - син на полско - еврејски емигранти останал најпознат по улогата во шпагети-вестернот каде играл „грдиот“ наспроти Клинт Иствуд.
„Њујорк тајмс“ навел дека ќерката на Валах објавила завчера дека починал нејзиниот татко.
Валах е роден на 7 декември 1915 година, а својата филмска кариера ја започнал во 1956 година, откако една деценија поминал исклучиво во театарот. Легендарниот актер никогаш не бил номиниран за Оскар, но во 2010 година е награден со почесен.
Валах ќе остане познат и како еден од првите „метод“ актери, начин на глума која подоцна ја прифатиле и многу други глумци.
Илај Валах бил успешен и во комедии. Бил оженет со глумицата Ен Џексон.
![]()
![]()
Илај Хершел Валах
7 декември 1915 - 24 јуни 2014
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.
