Почина Илај Валах, легендарниот Туко од Добриот, лошиот и грдиот

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
11.263
Поени од реакции
12.987
Вчера, вторник, 24 јуни 2014, во 99-та година од својот живот, почина една од најголемите актерски легенди на сите времиња, Илај Валах, познат по неговата улога на грдиот Туко во еден од најпознатите шпагети вестерн филмови на покојниот Серџо Леоне - Добриот, лошиот и грдиот.

http://www.plusinfo.mk/vest/141633/Pochina-glumecot-Ilaj-Valah-od-filmot-Dobriot-loshiot-i-grdiot

Почина глумецот Илај Валах од филмот „Добриот, лошиот и грдиот“

Објавено: 25.06.2014



Холивудскиот глумец Илај Валах, познат по улогата на бандит во филмот „Добриот, лошиот, грдиот“ на Серџо Леоне починал во вторникот 99-годишна возраст.

Иако многу критичари ја издвојуваат неговата улога Калверо, живописен бандит од „Седумтемина величествени“ од 60-тите години, како негова најдобра, овој актер - син на полско - еврејски емигранти останал најпознат по улогата во шпагети-вестернот каде играл „грдиот“ наспроти Клинт Иствуд.

„Њујорк тајмс“ навел дека ќерката на Валах објавила завчера дека починал нејзиниот татко.

Валах е роден на 7 декември 1915 година, а својата филмска кариера ја започнал во 1956 година, откако една деценија поминал исклучиво во театарот. Легендарниот актер никогаш не бил номиниран за Оскар, но во 2010 година е награден со почесен.

Валах ќе остане познат и како еден од првите „метод“ актери, начин на глума која подоцна ја прифатиле и многу други глумци.

Илај Валах бил успешен и во комедии. Бил оженет со глумицата Ен Џексон.

valah.jpg


valah1-360x540.jpg

Илај Хершел Валах
7 декември 1915 - 24 јуни 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
за малце не доживеал 100ка... RIP
 
Еее, само 6 поста за еден од најкултните актери у историјата.

Лесна му земја! :)
 
Богато актерско минато, уште од 50-тите години на минатиот век. Секако ќе остани запаметен по Туко, во филмот на Серџо Леоне.

Нека почива во мир.
 
Еее, само 6 поста за еден од најкултните актери у историјата.

Лесна му земја! :)

Воопшто не е изненадување тоа, самиот факт дека денес се ретки ремек делата како тие на Серџо Леоне до тој степен што може на прсти да се избројат, во комбинација со младина на која и се испрани мозоците со голотијата на Лејди Кака, Мињонсе и останатите од нивни калибар, повеќе од доволно објаснува зошто малкумина знаат кој беше и како кој ќе остане запамтен Илај Валах.

Земи спомни им ги актерските легенди кои сеуште се живи - Џин Хекман, Клинт Иствуд и ред други, Бог знае дали воопшто знаат кои се и по што ќе останат запамтени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom