Бели магии размена на рецепти обреди и информации

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Златни крстови на ланци или бројници на раката - заштитната магија ?
Фаќањето на крстот за водици, бацување на раката на владиката - имитирачка магија?
Копање на очите на светци ?
%7BE9929FFF-B9D4-43D7-87DB-D84AD76BF564%7D_crkva-2.jpg


Егзорцизам = бела магија?
Да, Црквата си има свои обреди кои се изведуваат за одредена цел , по одреден редослед пропратени со изговарања на молитви.. Тоа е и всушност магиски ритуал.
 
Да, Црквата си има свои обреди кои се изведуваат за одредена цел , по одреден редослед пропратени со изговарања на молитви.. Тоа е и всушност магиски ритуал.
Вино (крвта на Исус) + Леб (телото) = преносна магија ?
Кандило + темјан ?
Прекрствање пред влез во храмот?
Прекрстување при будење/прекрстување + молитва пред спиење?
Симболот крст и риба ?
Мандорла (мој омилен дел од христ/ромејска иконографијата)
800px-Chora_Church_Constantinople_2007_013.jpg

5-polarity-mercury-staff-mandorla.jpg

Па белата магија е бајаги застапена во монотеисичките религии.
 
Последно уредено:
Вино (крвта на Исус) + Леб (телото) = преносна магија ?
Кандило + темјан ?
Прекрствање пред влез во храмот?
Прекрстување при будење/прекрстување + молитва пред спиење?
Симболот крст и риба ?

Па белата магија е бајаги застапена во монотеисичките религии.
тоа е во основ бела магија, идеја да некои добри сили со помош на одредени обреди се борат против лошите сили. Свети Капријани пред да се префрли во христијанството жртвоваше луѓе за да му успее магијата - за да дојде до целта, во христијанството начин да се победи злото на гевот е исто жртва па така Исус се принесува како човечка жртва за одредена цел
 
А за кое христијанство е муабетов?

Се работи за "христијанство од вчера", измислено од авторот на темава, согласно датумот од нејзиното отворање.
 
Се работи за "христијанство од вчера", измислено од авторот на темава, согласно датумот од нејзиното отворање.

Не од некна е, кога Христос одеше по вода, праеше вино, риби, лекуваше, воскреснуваше со помош на магија т.е. тој беше медиум кој пренесуваше порака/желба за дејствие на повисоко битие/ентитет.

Старозаветни пророци = гатачи ? (гатачи = магиска вредност/атрибути)

Иконите воопшто и икони (најчесто иконографски тип на Богородица Одигитрја;патоводителка) со кандило = куќни светилишта? (голема мајка богинка, Кибела, Веста итн.)

Курбан? (принесвање жртви)

Да не зборувам какви паралели има при задгробните обичаји...
 
Последно уредено:
Магијата, црна или бела е забранета во христијанството. Без разлика што постои верување "ако не правиш лошо, прави како што ти е волја", сепак не доаѓа од Господ.
 
Магијата, црна или бела е забранета во христијанството. Без разлика што постои верување "ако не правиш лошо, прави како што ти е волја", сепак не доаѓа од Господ.

Официјалните црковни и политички лица ја "забрануваат" (читај; Црковни собори) и ја обликуваат, приспособуваат во хрстијанството. (новопечена религија 314 година, која нема којзнае какви допирни точки со учењето на Исус кој живеел во првиот век од нашата ера, освен паганските)

Обичните верници напротв многу вешто нашле начини да ја маскираат и практикуваат посебно во источната Римска империја, која патем е теократска (таа са наоѓала на Балканскиот полуостров и Мала Азија) без разлика на општите наредби од официјалните свештеници.

Најубав пример ти се Русалиите (Барбари, Џаламари, Василичари, Ешкари со витешки атрибути) кои преку танц/игра и музика го штителе населението/одредена територија од злите сили, лечеле, контактирале со предците а воедно промовирале христијанство!
(христијански бели шамани ?)
http://www.scribd.com/doc/55400739/Киро-Козаров-Русалии
 
Последно уредено:
Магијата, црна или бела е забранета во христијанството. Без разлика што постои верување "ако не правиш лошо, прави како што ти е волја", сепак не доаѓа од Господ.
кога мојсеј се такмичи со египетските маги пред фараонот што е тоа?
Многу од Мојсевите магии - успешно ги направиле и египетските маги
 
Тоа било такмичење за тогашното светско првенство у магија: се такмичеле на утакмица, за да видат која магија е посилна-ја ли оваа од овој или онаа од оној...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom