Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
It just gets better and better!
 
Два култни легендарни бенда.
Моментот е тоа што Sabbath се пионери во Хеви Метал, почнале експирементално без никаква основа и измислиле многу елементи, многу се по апстрактни од Maiden.
Maiden е прејак бенд, но поради тоа што Сабат се основата ке речам Sabbath.
 
Сабат бе :D шо ги тркалам Мејден.
 
Жустро и заебано :)
Океј, многу својот глас го дадоа за Сабат со образложение дека тие се почетокот и основата, без нив ништо и слично. Што нормално е за огромна почит и благодарност! НО, и Жан Мишел Жар е пред Продиџи, тоа го прави подобар од нив или?
Како и да е, јас сум дете родено во 80тите и нормално е што најмногу бендови имам слушано од средина на 70ти па навака. Сабат своите најдобри периоди ги доживуваат во првите десетина години каде се во првобитниот состав со Ози, па подоцна се мењаат вокалите (одлични вокали поминале тука), додека па Мејден речиси низ текот на целата кариера го одржуваат својот врв, малце опаѓаат во квалитет со албумите со Блејз Бејли, а речиси се останато е на висина на задачата.
Едноставно Мејден имаат по мене мал број на промашени песни и утки во кариерата. За волја на вистината Мејден и ги имам слушано повеќе од Сабат и подетално сум запознаен навлезен во нивното творење.
Маестралноста и пионерството на Ајоми пред се' го прават Сабат тоа што е, нема дилеми тука, бар за мене Ајоми е иконата на бендот, со palm mute рифовите што ги спроведува (Paranoid) кои уствари се еден од главните елементи што го карактеризираат овој тип на музика...
Не знам кој ви е резултатот, пишете ме за Мејден.
А да, многу кењажа читам за какви фанови или слушатели имале Мејден, којзнае Металика кога ќе бидат на тапет што ќе се пишува, ако, со душа чекам :icon_lol:
 
пошо лично за мене светото тројство(значи не правам никаква стилска поврзаност измеѓу) се Цепелин, Сабат и Мејден.
Мејден ми се установа, Сабат губат за влакно во личен избор.
и двете имале падови а имале и страшни камбек албуми, технички потковани пионери кој поставиле основа за многу други бендови кој сеуште се стремат да дојдат до приближност на овие култни бендови.
Гласам за Мејден затоа што за нијанса уживам во нив а и поактивно ги слушам и ги следам. Сабат ми се некако запоставени но сеуште имаат влага кај мене и можам од време навреме да ги распалам јако :)
Ози/Дио = Брус
Томи=Адриан смит, Јаник Герс, Дејв Муреј
Стив=Батлер
Нико = Вард
би сакал да ги слушнам некогаш Сабат, додуша повеќе со Дио али нема да пребирам ако имам шанса :)
 
Сабат + 1, оти се така по думерски металики директно од левиот џеб од сакото на сотоната.
Од друга страна пак Мејден се по мелодични и по ведри. Нив ги слушаат металики кои не веруваат во сотоната, кои впрочем изгледаат како некоја кожна гарнитура од Симпо.

 
@AceCaleb

ај фатив магла оф топик: Тоа што ЖМЖ го направил, продиџи комотно можат да го сонуваат, али тука веќе прајш муабет за скроз различен жанр.
И да, во секој случај е подобар :D
 
не биди пеер, стави слика да се пофалиш. тамам е темава, нели?

Хех ае зашто да не, јас сум во средина. Се беше одлично, сценографија, Брус рипа трча и пее како 20 годишник. Ghost не ми се допаѓаа али најмал проблем тоа

Mejden.jpg
 
@AceCaleb

ај фатив магла оф топик: Тоа што ЖМЖ го направил, продиџи комотно можат да го сонуваат, али тука веќе прајш муабет за скроз различен жанр.
И да, во секој случај е подобар :D
Оф топик и јас. Нема збор дека е генијалец де, али па глеј и од друга страна. Тоа што Продиџи го направиле он може да го сонува... Друга тематика и времиња се тоа у секој случај, ете Кафтверк vs. Жан Мишел е посоодветно, кога ќе дојде време :)
 
Мејден ... само заради копилето Брус
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom