За нашиов фудбал овде, за нашава лига зборим (за репрезентацијата се знае како може да се подобри, само едно нешто треба да се направи). Ако збориме за нашава лига, како прво треба да влезе еден добар спонзор во лигава (како на пример T-Home во Хрватска). Можеме само да земеме пример од хрватите, и ние и србите и сите. Воведоа европски стандарди, а некои од тие се: тимот кој игра во прва лига не смее да има стадион со помалав капацитет од 10.000 седишта, исто така секоја екипа на својот стадион треба да има рефлектори (а овде имаме само на градски и незнам уште еден кој беше од градски што ги префрлиа). Што значи ние сме далеку светлосни години од хрватите. Еве видите во недела, даваат на ХРТ од секоја утакмица комбиниран пренос, видите им го квалитетот на лигата, видете стадионите колку се полни (без разлика дали е меѓу екипите што се последни или први, за тие што се фаворити во лигата како Динамо, Хајдук и слични да не збориме). Ние на “дерби“ натпревари немаме толку публика колку тие што имаат на утакмица меѓу најслабите. Ама тоа е тоа, многу работи треба да се менуваат кај нас да го достигнеме тоа ниво, тоа е факт...сакале ние да го признаеме тоа или не, вистина си е.