Како да се подобри македонскиот фудбал?

  • Креатор на темата Креатор на темата SCORPIO__20
  • Време на започнување Време на започнување
Не бе, темава е за Мак фудбал кој ги гледа овие теми. Ај примети дека само 4-5 будали сме што ставаме постови за Мак фудбал :pos2:

Темата е за Како да се подобри Мак- Фудбалот а не како да се ПОГОДИ!!!:pos2:
 
За годините за кои сега и се суди на Победа???
За тие години зборуваш!!!

Не бе не сум луд со Пјуник да се гордеам....:jaj:

Гордоста беше пред Пјуник....сега ни остана само желбата да се вратиме на старите патеки...:toe:
 
Не бе не сум луд со Пјуник да се гордеам....:jaj:

Гордоста беше пред Пјуник....сега ни остана само желбата да се вратиме на старите патеки...:toe:

Сепак не треба да се рипа премногу со таа гордост посебно за периодот на Власта на Хари и Ацуле затоа што премногу голема и грда лепенката од Уефа за срамното местење!!!:toe:
 
Знаете како да се подобри Мак-фудбалот?????????

Треба да се купат фудбалски топки од УЕФА
ХАХАХА​
 
Хаха,браво најсмешен си..
Ај насмејте се и другите да не се нервира:smir:
 
е сега ова е веќе љубомора за славното минато...:smir::pos2::helou:

(БЕЗ ЉУТИШ)

Славното минато сега ви е пропратено со лепенката МЕСТАЧИ така да потихо малку!!!:smir::helou:
 
За нашиов фудбал овде, за нашава лига зборим (за репрезентацијата се знае како може да се подобри, само едно нешто треба да се направи). Ако збориме за нашава лига, како прво треба да влезе еден добар спонзор во лигава (како на пример T-Home во Хрватска). Можеме само да земеме пример од хрватите, и ние и србите и сите. Воведоа европски стандарди, а некои од тие се: тимот кој игра во прва лига не смее да има стадион со помалав капацитет од 10.000 седишта, исто така секоја екипа на својот стадион треба да има рефлектори (а овде имаме само на градски и незнам уште еден кој беше од градски што ги префрлиа). Што значи ние сме далеку светлосни години од хрватите. Еве видите во недела, даваат на ХРТ од секоја утакмица комбиниран пренос, видите им го квалитетот на лигата, видете стадионите колку се полни (без разлика дали е меѓу екипите што се последни или први, за тие што се фаворити во лигата како Динамо, Хајдук и слични да не збориме). Ние на “дерби“ натпревари немаме толку публика колку тие што имаат на утакмица меѓу најслабите. Ама тоа е тоа, многу работи треба да се менуваат кај нас да го достигнеме тоа ниво, тоа е факт...сакале ние да го признаеме тоа или не, вистина си е.
 
Се согласувам со се, освен со црвеново:smir:. Па во Кратово има супер стадионче и сметам дека, под поимот пристојни услови не треба да се подразбира и голем капацитет (за наши услови 10.000 е голем и остварлив само во ПП,СК,БТ, ТЕ и КУ) и рефлектори, туку: столчиња, соблекувални, антидопинг просторија, висок ограден ѕид од страните кај шо нема трибина (а не жица бодликава), платформа за снимање и сл.
 
Абе добро, кај нас еве немора да бидат со капацитет од 10.000, нека бидат до 7.000, ама неможе бе брате да играат прва лига на стадиони како штали у пм, некој ниви се поарни од стадиониве ние што ги имаме. Стварно треба малку сериозно да се сфати, ипак прволигашки фудбал е, не е некоја селска лига. Како сакаме да одиме напред со такви терени незнам. А и за рефлекторите, и тоа како е за подобрување. Едно е кога се игра во 2 саат утакмицата, друго е кога се игра во 8-9 навечер, ем повеќе публика би имало сигурен сум, ем друг е филингот. Ама тоа е тоа, ние го немаме основното а сакаме да имаме добра лига, не ги разбирам...
 
Да се опраи македонскиот фудбал треба играчи...ко прво..
За да се добијат играчи,треба да се почне од младински категории да се праат селекции, да се напраи да не се наплака тренирањето во екипите,а екипите да ги водат добри стручњаци.
За да младите успеат потребни се најпрво и најосновно фудбалски терени..Кај нас тоа фали,треба да се направат убави фудбалски терени,да не се игра на земјени терени,каливи,нерамни со еден збор никакви..:)
Не може еден терен да го користат 4-5 селекции на една екипа ,а таков е случајот со многу тимови кај нас.
Значи џабе кажувате пример со стадиони ова она незнам какви услови за гледање..Тоа треба да е на крај.Ако има добар фудбал (а сега тој е никаков) гледачите сами ке дојдат.Тек тогаш може да се размислува за воведување поскапа влезница праење поубави стадиони и добри услови за гледачите..

Значи Терени,и тоа многу..
Бесплатно тренирање за младите и работа со тие млади ,да им се овозможи играње на што повеке мегународни натпревари уште додека се мали..
Поставување на прави луге во ФФМ(иако ова незнам дали је можно)
И така едно 10тина години и се ке си дојде на свое место :)
 
Јас мислам дека треба сите стадиони во Прва лига да се со UEFA стандарди, како прво. Незнам дали под тоа се подразбираат рефлектори и какви стандарди постојат, но на секој стадион да може да се игра меѓународен натпревар. Рефлектори мора да се имаат на секој прволигашки стадион, па дури и во второлигашките. Тоа е за стадионите. Секое коло барем три натпревари да се играат во вечерен термин. Да се сменат правилата за влегување во прва и втора лига, така што ако сакаш да играш во прва или во втора лига да мораш да исполнуваш услови, во спротивно ќе неможеш. На клубовите во прва и втора лига дресовите да им се со имиња на играчите и нормално да се напишани на кирилица. Првите две лиги да почнат да се емитуваат на телевизија, барем по три натпревари неделно(еден од втора и два од прва лига, на пример). Под услови за играње во прва и втора лига подразбирам и услови за тренинзи на младите категории, а со ова младинските лиги ќе станат поквалитетни. И нормално кон ова од ФФМ да бидат многу строги. Кога ќе се подобрат работите луѓето сами ќе почнат да одат на стадион. Има многу работи за редење, но да бидеме искрени за ова се потребни многу пари и ова е фантазија.
 
Мора да се инвестира во инфраструктура, стадионите не мора да бидат големи и со голем капацитет, треба да задоволуваат основини критериуми како рефлектори, соблекувални со туш кабини, фитнес сала, паркинзи, добар терен (трева). Да се има асални луѓе што ке управуваат со клубовите и во ффм, а не местачи и лопови, да се потикнат што повеке млади да започнат да тренираат, и да има психолог во секој клуб да им вметне победнички менталитет и да не се откажуваат. Нормално треба многу пари, инвестиции, и многу време да помине за да се подобри и развие мак фудбалот
 
Од пред 5 години е темава, напредок од тогаш - 0.. И уште се надевате дека ќе се подобри?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom