@Dumbledore - Причинети се доста убиства и злодела во име на сатанизмот (историјата содржи доволно примери), но најчесто се работи за култови кои самите се дисоцирале од официјалното движење и филозофија (едниот правец или другиот), како што има 1001 култ деривативи од христијанството. Како што христијанството се оградува од нив, и ги смета за невалидни и контра-филозофијата/верата така и кај сатанистите. Изворниот сатанизам не пропагира жртвување на невини луѓе, особено деца, напротив, во изворната филозофија на пример, имаат ексклузивно правило дека децата се се и дека треба да се заштитуваат, а имаат и посебна заповед против педофилија (нешто што го немам видено во рамки на христиијанството и исламот). Така да се гледа дека се работи за две различни страни, а никој не сака култови и секти, без разлика од каде извираат - сами по себе се опасни.