Дали може да се освои секој?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
не може...може да се заљуби само ако од никој станеш НЕКОЈ зашо така нема ни да те приметува ниту пак ќе можеш да дојдеш до неа а не пак на кафе да ја однесеш....:toe:
Е,сеа ако си веќе НЕКОЈ евритинг ис посибл
(не ви е баш разграничена темата...за каков дечко,девојка...има премногу можности или пак за просек се прави мОабет...):toe:
 
Не може да се освои секој. Да функционираа на тој начин работите, денес сите ќе беа (бевме) саде среќни и задоволни.
Оние кои го тврдат спротивното, најверојатно до сега немале неуспех... Па според тоа можат да освојат секого...? Не би рекла. Ама ако де.
Мене лично, таквите... Едноставно не ме импресионираат баш. Најчесто добивам впечаток дека си имам работа со површни луѓе. :toe:
 
Не може да се освои секој. Да функционираа на тој начин работите, денес сите ќе беа (бевме) саде среќни и задоволни.
Работите функционираат на тој начин само кај упорните и снаодливите ... снаодливи за тоа како да се приближат до саканата личност.

Оние кои го тврдат спротивното, најверојатно до сега немале неуспех... Па според тоа можат да освојат секого...? Не би рекла. Ама ако де.
Па немале најверојатно неуспех тие што тврдат дека може да се освои секој, па кога веќе знаат дека се добри во тоа, зошто да не може и понатаму да освојат секого?

Мене лично, таквите... Едноставно не ме импресионираат баш. Најчесто добивам впечаток дека си имам работа со површни луѓе. :toe:
Мене напротив ... како може да не ме импресионира некој што може да постигне и има што сака? Тоа е нешто што не е за занемарување или понижување ...
Површни луѓе? Како тоа површни?:toe:
 
Дивајн напиша:
Работите функционираат на тој начин само кај упорните и снаодливите ... снаодливи за тоа како да се приближат до саканата личност.
Па немале најверојатно неуспех тие што тврдат дека може да се освои секој, па кога веќе знаат дека се добри во тоа, зошто да не може и понатаму да освојат секого?
Можеби некој поседува огромен број на квалитети, и е физички привлечен, има шарм, харизма итн... Не велам не. Само, според мене, во реалноста - не е можно тоа да успева буквално да сруши секого. Освен тоа, зарем не води до самобендисаност, и претворање во препотентна личност која со тек на време ќе почне да се преценува себе си...? А, бидејќи никој не е совршен, еден ден ќе му`/и` се врати по глава таквото однесување...?

Мене напротив ... како може да не ме импресионира некој што може да постигне и има што сака? Тоа е нешто што не е за занемарување или понижување ...
Површни луѓе? Како тоа површни?:toe:

Зборувам од лично искуство. И самата сум била во таа позиција не многу одамна, а и денес сум секојдневно опкружена од такви луѓе. Секако дека фасцинира, секој би се восхитувал на таква личност... Но не за долго. Односно, не вечно. Едноставно... Тоа не исполнува. Барем не целосно. Не може да се живее само со хранење на сопственото его. Велам површни - зашто целат само на што поголем број... А, тоа не е доблест, ниту особина поради која некој би ми претставувал пример, или идол. Ако можам да имам кого посакам, дали тоа постојано ќе ми биде приоритет во животот...? :toe:
 
Изгледа не се разбираме ние ... не правам јас муабет за освојување кој ќе ти текне и тргање рецки ... јас кога ја поставив темата, мислев на тоа дали можеш да освоиш некој (ако се потрудиш) и што ти изгледа дека не би можела, а ептен ти се свиѓа или го сакаш ... има огромна разлика во муабетов.
 
Во ред, можеби лошо сум ја разбрала, а најверојатно и лошо се изразив.
Сепак, се` уште мислам дека не може да се освои секој.
дали можеш да освоиш некој (ако се потрудиш) и што ти изгледа дека не би можела, а ептен ти се свиѓа или го сакаш
Ако до толку ми изгледа далечен и свесна сум дека не можам кај него, ако, за љубов се борам овде - ќе се обидам. Еднаш, два пати, три пати. Вреди, ама да се биде упорен не значи секогаш успех. Или... Она - надежта умира последна... До бесвест? :)
Нека звучи себично, ама не би се жртвувала така, и не би се потрудила. Треба ли да покажувам друго лице, или да менувам нешто на себе, да станам негов тип па да му го привлечам вниманието?
Ако знам дека јас, ама онаа... Вистинската ЈАС, немам шанси кај него, а веќе сум се обидела... Значи немам за што да жалам или да се каам,а тој не ме прифаќа онаква каква што сум... Не сум доволно добра за него, и покрај тоа што сум пробала со се` што знам. Добро... Вредело. :toe: Невозможно е да имам тактика за да освојам било кого. :)
 
Колку е интересно што на некои теми љубовта ја креваме до небо како најважна, како нешто што неможеме да го контролираме, бла бла бла, а на некои тврдиме дека би се откажале од неа онака ладнокрвно ако нема што да се прави, општо за наше добро ...:toe:

Туку друго ...

Треба ли да покажувам друго лице, или да менувам нешто на себе, да станам негов тип па да му го привлечам вниманието?
Ако знам дека јас, ама онаа... Вистинската ЈАС, немам шанси кај него, а веќе сум се обидела... Значи немам за што да жалам или да се каам,а тој не ме прифаќа онаква каква што сум...
И да реплицирам на ова, пак нема да се разбереме, а колку сакав ... но ајде, само ќе додадам, дека ама ич не се рабираме и многу површно и грешно ги толкуваш работиве ... ништо лично, секако, само моја забелешка.:smir:
 
Оф топик:
И забелешка не е на одмет. :)
Од мој аспект, нештата стојат така. Можеби е погрешен...
И секако дека ништо лично, и мене ми беше желба да се разбереме, ама во ред е. Поздрав. :smir:
 
Верувам во сродни души, така да со тоа се кажувам...сите ние сме за некој одреден, а не за секој кој „би можел да не освои”
 
lugje pamtete ja mislava ke vi znaci mnogu
"Niedna tvrdina ne e neosvoiva,ima samo pogresen napad"
 
Може да ме освои онаа која ќе покаже дека навистина ме сака и нормално да биде убава:) а и уште поважно, јас да ја можам да ја сакам!
 
Дивајн напиша:
Изгледа не се разбираме ние ... не правам јас муабет за освојување кој ќе ти текне и тргање рецки ...јас кога ја поставив темата, мислев на тоа дали можеш да освоиш некој (ако се потрудиш) и што ти изгледа дека не би можела, а ептен ти се свиѓа или го сакаш ... има огромна разлика во муабетов.
А тоа ли е тематаааааа?! :zid:
Дивајн, темата има милион потпрашања. Ако стои како што стои, дали може секој... одговорот е јасен, не може. Не може затоа што мораме однапред да знаеме кои детали ги сака личноста која треба да ја освоиме и какви ситници сака... А тоа е невозможно. Е сега, ако се работи за случајна случајност на Бред Пит да му бидете soul mate... тогаш мислам дека е полесно.
 
Викторгг напиша:

Леле, ме закопа да не речам ... :shame:
Виктор, темава има милион потпрашања, ама под тоа "секој" не мислев на секој кој ќе го видиш на улица, туку еден од тие сите кои ти изгледа неосвоив, а сепак посебен на некој начин, како што и кажав и на Ема.
И друго ... споредбите со Бред Пит веќе се напорни ... такви муабети може да правиме на некој sf форум.:nemoguce:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom