Дивајн напиша:
Може ли да се сменат чувствата кај другите и како? Со голема упорност, со оддалечување, со постојано "дудлање" и инсистирање или?
Љубовта прво влегува низ очите. Прво.
Не значи дека нема и други начини. Ќе треба повеќе да се потрудиш, ама ако сакаш, можеш.
Дивајн напиша:
А како би постапиле ако вас ве сака некој што ама ич не ве засега? Би му дозволиле да проба да ви го промени мислењето или крајно го избегнувате откако приметувате што му е целта? Важна ви е таа прва слика која ја добивате за некого или си давате време на двајцата за некакви корекции?
До пристапот е. И до тоа дали јас сум во тој одреден момент емоционално поврзан со некоја друга личност. Ако сум, тогаш, многу потешко ќе се отвораат вратите. Не викам дека е ова добро, посебно кога јас сум се насочил т.е. навлекол кон некој кој смета дека е неможно да се освои секој и себеси се дефинира како дел од тоа "секој". Но, во таа ситуација јас сум имал погрешен пристап, што после повлекол синџир на погрешни пристапи и љубовна катаклизма на целото човештво. :pos2:
Он топик: Никому не го ускратувам правото да проба. И ако проба на прав начин, може да се мрдне од нулта точка и да побуди интерес. Ако не успее, не избегнувам. Давам до знаење. Loud and clear, јасно, а сепак не безобразно.
Еднаш слушнав нешто вакво:
"Секој може да се заљуби.
Тоа е лесно.
Но да се заљубиш во правиот човек
на право место
во право време
и на прав начин..
...тоа е проклето тешко."
Факторот среќа мора да има улога. Ама ако го предизвикаме со нашето знаење, моќ на запазување и способност за проценка, успехот е многу поблиску.
Да Еко1... Не постои неосвоива тврдина. Постои погрешен напад.
Птичји Грип напиша:
Уште едно прашање: "Дали вреди?"
Како ќе дознаеш ако не пробаш?
Дали вреди да ја продадеш "душата на ѓаволот" за да си оствариш некоја желба? Зависи од лична амбиција, фрустрации, верба или емоции.
На пример...Има девојка која сака да е во центарот на вниманието. Приушти и го тоа задоволство. На интересен начин. Ама нека трае кратко. И наредниот пат не и обраќај толку внимание.
Пристапот топло-ладно е добар и интересен. Секогаш. Дури можам да кажам дека и придонесува за магијата на The Game Of Love. Периодот во кој некој може намерно да не те перцепира и да се постави како неосвоива тврдина се со цел да те натера да се бориш за него. Знам дека често се претерува со тој пристап и неретко се постигнуваат спротивни резултати од посакуваните, ама веќе тука можеш само да бидеш полн/а со разбирање и трпение, и да знаеш дека...
....Рим не бил изграден за еден ден.
Ама еднаш морале и тие да почнат да градат. На прав начин. На право место. Во право време.