Здраво на сите.
Јас сум тој што имаше неколку постови кои беа избришани. (демек биле провокативни). Ок вие си знајте каков пристап треба да имате кон нив. Само морам да кажам дека сум разочаран од вашата демократија.
Причината зошто ги напишав на форумот на Рома беше тоа што Рома е претставник на италијанското првенство. И поразот(ајде не кажвам колку) е срам и за италијанското првенство. Колку што знам јас најголема доблест на италијанскиот фудбал е одбраната. Со резултатот од првиот меч 2:1 рома не мораше да лета за да дава гол, знаејќи ги брзите офанзивци на манчестер и ризикот од контри (потсетник: голот од првиот меч). Офанзивниот фудбал е во ред апаш (поинтересен е за гледање знам). Но треба да се знај кога како да се постапи. Да скратам малку. Мечот од вторникот заврши онака како што заврши поради две причини:
- манчестер имаја среќа (секоја акција ја реализираја)
- спалети направи гооолема глупост (требаше да започни малку поповлечено)
Ова второто мислам дека е тема за муабет која е прифатлива за фановите на рома. Можите слободно да го избришите и овој пост ако сметате дека е така правилно. Знајте дека ако утре повторно играат рома и манчестер повторно ќе навивам за рома. Затоа што е претставник на калчото.
[mod]Овој пост е ОК! Нема навреди...
Не може на фан тема да пишуваш: навреди за клубот и навреди за неговите навивачи (искрено имаше на избришаните постови)
Доста беше офтопик од мене, продолжуваме како досега... фановите на Рома да пишуваат на својата тема, фановите на Реал на своја, на Милан на своја итн итн... бидејќи таквите мешања секогаш водат кон провокации, расправии, кавги, лични навреди ШТО ДЕФИНИТИВНО не е добро за најмасовниот форум во Македонија: Кајгана
Димитар
[/mod]