Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не се демоните зли и лоши, барем не повеќето, најчесто носат среќа и знаење. Христијаните им извадоа муабети дека се лоши пошто сакаа својата религија да му ја наметнат на светот па останатите ги оцрнуваат и омаловажуваатСекаде прочитав како се уништуваат и бркаат вампири, нешто во врска за демониве? Како на пример се бркаат од човек?
Не знам шо се малтертирате и терате докази некои, битно е вие во шо верувате , ако секој отвара тема за некое верување во натприродно а и самиот нема докази тогаш убаво му го пополнувате времето![]()
Ова тема има практична корист, сите знаеме дека на светот понекаде се појавуваат вампири, вукодлаци вештери и вештерки, кои ги прогонуваат живите, како и дека се прават уроци, магии, вражбини.
Еве пример како се справува со повампирен мртовец, примерот е од пред стотина години во христијанско село во Босна кога се повампирил Пајо Томиќ. Како вампир по смртта идеше дома и интересно е што во прво време само жена му (вдовицата) можела да го види. Тоа е веројатно од желбата на вампирот за секс пошто е познато дека и вампирите можат да имаат деца со живите (имање деца со надприродни битија е забележано и во библијата) само тие деца се без коски (Вук караџиќ), по месец дена од кога жената почна да се жали дека низ дома и шета повампирен мажот и, дека ја плаши, тоа го приметија и нејзините синови. Исплашени за себе и за селото, жителите решија да го убијат вампирот, така појдоа на гробот, го откопаа, телото му го прободија со дрвен колец а потоа трупот го спалија, пепелта ја растурија а неколку ковчиња кои преостанаа - ги вратија во гробот. Битно е како предострожност, на пример да се враќа од погреб по друг пат не по истиот по кој се одеше, за да се залажат демоните, по смртта на некој домашен, низ дома треба да се преместат работите за да се збиуни вампирот, пуштање на брада и коса кое грешно се смета како знак за жал е всушност древна техника да се залажат и прикријат од вампирите кои би се вратиле да ги прогонуваат живите, обичај да на мртвиот му се врзуваат раце и нозе (таа предострожност ја имаме и во Писмата - имено кога Исус (по Јован) Et statim prоdiit qui fuerat mortuus, ligatus pedes, et manus ínstitis, et facies illius sudario erat ligata. Dixit eis Jesus : Solvite eum et sinite abire. Што ни кажува дека и тогаш луѓето се обидувале да ги спречат мртвите да им се враќаат.
Ова го истресе од ракав.Не се демоните зли и лоши, барем не повеќето, најчесто носат среќа и знаење. Христијаните им извадоа муабети дека се лоши пошто сакаа својата религија да му ја наметнат на светот па останатите ги оцрнуваат и омаловажуваат
Демони постојеа и пред христијаните, тогаш луѓето ги сметаа за извор на знаења и носители на среќa, Сократ и Платон подоцна и Апулиј кажуваат за нив како извор на дарби, на идеји на знаење, на инспирација, и самиот назив е изведен од зборот “daimones" - “знаење, мудрост“Ова го истресе од ракав.
Инаку, ок е темава и имаш моја поддршка за дел од останатите факти и тврдења, на кои грото не ти веруваат. Добро би било ако некој се одважи да посведочи, зашто докази има колку сакаш.
Токму тоа. Зборуваш за претхристијанска ера на многубоштво. Давањето натприродни особини е најдобро опишано во Политеја на Платон, ако си ја читал. Христијанството условно кажано направи разлика помеѓу Светиот дух, што ти го нарекуваш демон на знаење и среќа и демон како непријател на човечкиот род.Демони постојеа и пред христијаните, тогаш луѓето го сметаа за извор на знаења и носители на среќa, Сократ и Платон подоцна и Апулиј кажуваат за нив како извор на дарби, на идеји на знаење, на инспирација, и самиот назив е изведен од зборот “daimones" - “знаење, мудрост“
Имаш многу дезинформации. Вампирите немаат секс ниту порив да имаат секс. Вампири не умираат од колец низ срцето туку се парализираат. Постојат вампири кои можат да станат невидливи или да направат луѓето да заборавиле дека ги виделе но не сите се способни за тоа.
Вампирите имаат засилени сетила и можат да намирисаат човека и да го чујат неговото срце на стотици метри па така е небитно од каде се враќаат од погребот.
Вампирите немаат скоро никакви сеќавања за нивниот минат живот и затоа разместените предмети од покуќнината нема да им пречат.
Се смета дека првиот вампир е Каин - братоубиецот кого Господ Бог го проколнал со клетвата на вампиризмот за неговите гревови.
Душичка, се загрижи за темите на форумот, не го остави совеста рает додека не гоискажа својот внатрешен револт и немирКако Let 3 си го исполнува слободното време и како трола или се обидува да трола е ептен занимливо. Ако е сериозен, ондак би му препорачал да паузира од средствата шо ги користи рекреативно за опуштање.
Друго нешто, народот порано бил многу глуп, така да ако се нашол некој сеирџија, еве ти го за пример Итар Пејо, едноставно ги стрижел како шо му одговара - нели он ги терал Мариовци да собираат волна со тоа шо ќе се фрлат во маглата.
Абе среден век ти е бил закон за живеење - Не ти дала некоја ја обвинуваш дека е вештерка ја палите на клада, се забавувате. Некој ти префрил нешо, го обвинуваш дека е богохулик, го палите на клада и правите скара уз пат.
А девојчето шо викала дека у 3:00 и се дешавле ствари, изгледа го гледала Егзорцизмот на Емили Роуз па сеа трипа нешо ко демек демони ја спопаднуват.
Се е до човечката психа.[DOUBLEPOST=1399840688][/DOUBLEPOST]И вукодлак ти е српски збор. Али еднаш прочитав од сусаро за некоја особа Вукодлак Благоевич дека се појавувал дури и у фрижидери пошо бил ептен јак куропотач на фб и во секоја манџа црвен пипер, дури и у супи.
Македонски мислам дека е врколак
А да престанеш да веруваш у такви срања ти е најдобар начин да се справиш со тие натприродни суштества, така?