Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Види ги ти децава.Вешовски, Чурлевски, Талевски, Кузмановски...Not bad Пелистер (y)
Салата во Битола (n)
 
Последно уредено:
Свежио 18 одбрани! :vozbud: Го извади Страхиња у второ за да престанат да се дерат. :pos:

Има Пелистер добри 2-3 млади играчи. (y) Сите потенцијални репрезентативци. Ама им требаат СЕХА/Европски дуели за да достигнат врвно ниво на ракомет на млади години, шо е многу битно за развојот.

Вардар со ваква одбрана може да се прости од титулата, Металург ќе изгледа ко Кил покрај таква.
 
Вардар со ваква одбрана може да се прости од титулата, Металург ќе изгледа ко Кил покрај таква.
Лабаво играат во одбрана на вакви дуели и против Металург Јуниор беше буквално иста приказна.
И Металург кога ги гледав со Зомимак исто делуваа, мртво во одбрана, помвртво амин.
За дерби дуелот се знае дека многу подруго се игра :icon_mrgr:
 
Абе нормално дека немаше да пишам ако не го земав предвид и перформансот од дербито кај што Циндриќ ги измести у второ. И тоа еднаш со маркер. Замисли сеа плус со Атман, дупло попроблематично.

Но од друга страна тоа му беше прв меч на Раул против Металург. Судејќи барем по реваншите со Загреб, Фленсбург и Хамбург одлично ја поставува одбраната спрема играта на противникот. Би требало и сега да научил нешто од првиот меч.

Во нападот многу ќе зависи од формата на Карачиќ. Прибак, Филип и Душебаев сами нема шанси да изгураат цел меч на ниво, а и Станиќ не знам дали ќе прими пак толку голови од крило. Кој ли мислеше, поучен од дуелите во претходниве сезони, дека ќе има меч во кој Металург ќе има поголема достапна ротација од Вардар. :D
 
Можам да кажам честито титула на Металург !
После она шо го изиграја во Кале, подолго време се без Мојсо, сега беа и без Атман и изиграја одлично, а за губија само 1 гол, сега во Автокоманда нема кај да му бегат, не ми се верва да ја пропуштат титулата како минатата сезона кога загубија дома.
Ако се повтори играта од последната утакмица, ќе ги добијат сигурно 3-4 разлика, Вугринец си решети од кај сака, Жути да види малку простир на шест метри одма се пика, паѓа како ненормален и пенал :) сега плус и со Атман ќе бидат топ. Циндриќ последно време прераснува во голем играч, собира храброст за влез и има завршници...
Кај Вардар незнам колку ќе биди фит Карачиќ, највероватно ќе добие повеќе шанса, во Битола со Пелистер играше подолго време, највероватно спремен е, Прибак изигра одлично во Борис, ќе се очекува нов добар меч од него и во Автокоманда.
Голем товар ќе носат и голманите, голем е уделот на утакмицата и од нив, на првата утакмица слаби беа сите шо добија шанса, сега овде ако се разбранат ќе биди тешко за двете екипи. Станиќ ќе шмркни 2 пати пред утакмица и после со три топки да му шутираат ќе ги одбрани :D Џамбо и тој 40% од голот зафаќа, па уште ако се разбрани потоп ќе биди :pos:

Типувам на Металург јас, ќе видиме...
 
И да загубиме утре, јас чекам од вас да им скинете бодови во Битола во последно коло и да ни ја подарите титулата :icon_mrgr:
И мртов сериозен сум во ова што го зборам и ако се случи такво сценарио, ќе те треба да се фрлат во Драгор еден по еден :icon_mrgr:
 
Тешко, тешко сериозен си во ова шо го збораш ? :D
Џабе брат, Пелистер е 5 класи зад Вардар и Металург и нема шанси да му скини бодој ни на едните ни на другите моментално, за од година па натаму како шо има најави дека повторно ќе биди јак Пелистер, тогаш во Битола се е можно против нив кога ќе играме...
Само очекувам машка играт, да не се предаат пред време, да играат до крај како со Вардар, исто очекувам пораз од 3-4 разлика, исто и тие како Вардар ќе играат лабаво овде, ќе се пазат од повреди, си играат курташак, ќе направат разлика од почеток, после мајтапи си играат, Пелистер ќе се врати до -2 разлика пак ќе нагазат и ќе избегат 7-8 разлика :D
Ние тука сме негде рамо до рамо со Струмица, уште се чудам како изгубивме таму 9 разлика :нинџ:
 
Очекувам денес уште потврд меч од тој во БТ...некаде под 45 гола...голем е влогот...
Таа е шансата на Металург,да победат со 1 гол,со помалку од 24 примени голови...
Во Автокоманда ретко кој се наиграл,има голема предност Металург,не заради атмосфера,далеку одова,едноставно си ја познаваат салата,и малку е потешко да се игра во таква сала,со само една трибина,со лимитиран простор,посебно за крилата...:)
Ќе има притисоци врз судиите,од двете страни тоа е јасно,од нив ќе зависи се,ако дозволат да бидат тегнети,шлакани ќе трае мечот два часа сигурно...
Иначе околу играта,тоа е,адути на двете екипи се одбраните,кај Металург се ќе зависи од Страниќ,кај Вардар не само од голманите туку и од Карачиќ..
Ако се разигра Карачиќ Металург ќе има проблеми,ако го фатат Карачиќ полесно ќе биди...
Од друга страна нападот на Металург каков таков секогаш е на ниво,таа е нивната игра,дури и без крила се кадарни да победат...во тоа е нивната сила...
Ќе го имаат и Атман денес,сигурно нема да го играат цело време,ќе има лимитирана минутажа,сепак со Атман се друга екипа....
Очекуван интересен меч,тука се некаде екипите,горе долу имаат ист квалитет.....ќе решава моментална инспирација,пред се на главните играчи,Ренато или Карачиќ....
 
Поизедначено од ова, здравје. Ќе биде неизвесно до крај. Стварно не знам што да типувам, се е можно. Клуч на натпреварот ќе биде Дарко Станиќ, или попрецизно дали ќе има разлика на голот меѓу двете екипи или не. Ама веќе ако морам да типувам, мислам дека Металург нема 2 години со ред да ја изгуби титулата во Автокоманда. И идната година пак препукувања за тоа кој бил вистинскиот шампион :)

П.С. Она што е интересно од статистиката е дека во просек гледано тешко може да се каже дека судиите некого фаворизирале (неверојатно изедначен и бројот на пеналите и на исклучувањата).
 
Ne zabevaja za sudiite molim te bar toa nemoj :)
 
П.С. Она што е интересно од статистиката е дека во просек гледано тешко може да се каже дека судиите некого фаворизирале (неверојатно изедначен и бројот на пеналите и на исклучувањата).

Остај ти тоа што зборат судите ау бау, кога на некој нема да му одговара дека не судат во корист на неговиот тим одма вакви биле такви биле, а пола и више можеме комотно да кажеме 95% од гледачите не ги знаат правилата во ракометот, и само јадат гомна како судиите не суделе добро ова она.
Значи зборам за сите и Комити и Пирати и Чкембари, тоа е јбг Македонска работа...
 
Супер работа се ова дербињава еј. Конечно некое дерби на ниво колку толку. Фанови има и едната и другата страна. Супер е ова за спортска Македонија.
Само се надевам дека неизбежните хејтерски коментари од двете страни ќе бидат што е можно помали пред,за време и после мечот.
 
Нимиц еве го :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom