Каде да барам сочувани користени возила?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vamos
  • Време на започнување Време на започнување
Штом е од Италија, не ја гледај воопшто.Оваа е враќана километражата сигурно, незнаеш мотор и подвозје во каква состојба се, најдобро сам оди и прошетај до Германија два дена ама да земеш нешто убаво.

Се стручњак до стручњак на форумов..Ами тие во Бугарија,нели тие беа најлошите?
 
Од каде и да купуваш кола од плац не се купува.
Ако имаш човек или знаеш јазик,сочувано ауто најдобро од оглас да купиш се разбира ако не те претркаат балканскиве прекупци.
Се стручњак до стручњак на форумов..Ами тие во Бугарија,нели тие беа најлошите?
Во Бугарија од 2-3 канти(коли) се прави една канта а позади секој плац има сервис.
 
Не можам да ве сфатам кога почнето со тоа, дека само колите од Германија се добри. Ако е од Италија е лоша. Секаде колите се дотеруваат, секаде им се враќа километража. Од луѓе кои на големо се занимават со увоз имам слушнато дека такстите во Германија ги лепат колите со фолиа и откако ќе направат 500-600 илјади ја одлепува фолијата и ја враќа километражата на 150-200 илјади. И ти ќе си идеш до Германија и ќе земеш супер кола, дека е од Германија не за друго.
Финтата е што во Германија си подесувам дур барам да ми вади огласи само со целосна сервисна книшка. Идам во тој сервис и прашувам за состојбата на возилото. Од другар што ми кажуваше за враќање километри се лежи 5 год затвор, а за измама уште повеќе.
Јас и кај нас би барал возило но 99.5% се увезени земени без сервисни книшки и никаква гаранција за потврда дека е добро возилото.
Јас не гледам да најдам нешто ефтино и убаво би го платил дупло поскапо од тука кога ќе земам но да знам дека е добро возилото, чувано со мерак.
 
Купи од каде сакаш, не ти земам пари ниту увезувам, добронамерен совет беше.Јас сум често преку фирма на запад и ги гледам какви коли има, и имам сменето многу коли, и тврдам дека во Швајцарија и Германија има најдобри коли.
 
А некако да се примети враќана километража ? или тешко.
 
Се стручњак до стручњак на форумов..Ами тие во Бугарија,нели тие беа најлошите?
Јас не сум стручњак, дадов добронамерен совет и стојам зад тоа, Италија нема подобри возила одколку Германија и Швајцарија, одам често таму и знам.Менувам автомобили често, и нови и половни и можам да оценам што е добро и што е лошо, немора да си голем стручњак за да заклучиш.А ти кога си толку паметен кажи му ти од каде да купи, препорачај ама цитираш колку да кажеш нешто, и патем Бугарија да не добри колите, ако се толку добри оди да си купиш таму.
 
Купи од каде сакаш, не ти земам пари ниту увезувам, добронамерен совет беше.Јас сум често преку фирма на запад и ги гледам какви коли има, и имам сменето многу коли, и тврдам дека во Швајцарија и Германија има најдобри коли.
Италијанските коли се многу подобри од Германските.
Германска кола се исплати да купиш ако имаш човек,пари и време за шетање ама не за по плацеви.
 
Не спомнав плацеви, имаш супер коли, треба да отворат огласи и ќе најдат илјадници коли од први газди и супер очувани.
 
Финтата е што во Германија си подесувам дур барам да ми вади огласи само со целосна сервисна книшка. Идам во тој сервис и прашувам за состојбата на возилото. Од другар што ми кажуваше за враќање километри се лежи 5 год затвор, а за измама уште повеќе.
Јас и кај нас би барал возило но 99.5% се увезени земени без сервисни книшки и никаква гаранција за потврда дека е добро возилото.
Јас не гледам да најдам нешто ефтино и убаво би го платил дупло поскапо од тука кога ќе земам но да знам дека е добро возилото, чувано со мерак.

Па сервисни книшки имаат и во други земји, не само во Германија. Сега друго е работата ако кај нас од запад донесуваат коли без сервисни книшки и тука ги продаваат за релативно ефтини пари. Ако сакаш добра кола, можеш да купиш и во Германија и во Италија и во Шпанија. Ќе се отидеш во автосалони кои имаат и половни возила, (што не значи дека се крш, туку знали дека тие држави имаат добар стандард, па луѓето може да си дозволат да возат нови коли, а старите ги оставаат кога ќе земат нова). Купи од Италија скапа половна кола, и имаш гаранција на истата од 1,2 или дури 3 години гаранција, па види дали таа кола е ѓубре.[DOUBLEPOST=1399466789][/DOUBLEPOST]
Јас не сум стручњак, дадов добронамерен совет и стојам зад тоа, Италија нема подобри возила одколку Германија и Швајцарија, одам често таму и знам.Менувам автомобили често, и нови и половни и можам да оценам што е добро и што е лошо, немора да си голем стручњак за да заклучиш.А ти кога си толку паметен кажи му ти од каде да купи, препорачај ама цитираш колку да кажеш нешто, и патем Бугарија да не добри колите, ако се толку добри оди да си купиш таму.

Јас имам живеено таму и добро знам дека има огромна разлика во колите кои се продаваат во Италија. Тие што се продаваат таму се едни, а тие што се извезуваат се сосема друго нешто. Дури и да сакаш да купиш од тие за извоз, прашање е дали ќе ти дозволат дека не сакаат да им одиш секоја недела да се жалиш или ако ти ја продадат ќе се потпишеш дека колата нема никаква гаранција и не одговаат за неа откако ќе ја изнесеш од таму.
 
Кој гарантира бе за половна кола ?
 
Автосалонот од кај ја купуваш.
 
Финтата е што во Германија си подесувам дур барам да ми вади огласи само со целосна сервисна книшка. Идам во тој сервис и прашувам за состојбата на возилото. Од другар што ми кажуваше за враќање километри се лежи 5 год затвор, а за измама уште повеќе.
Јас и кај нас би барал возило но 99.5% се увезени земени без сервисни книшки и никаква гаранција за потврда дека е добро возилото.
Јас не гледам да најдам нешто ефтино и убаво би го платил дупло поскапо од тука кога ќе земам но да знам дека е добро возилото, чувано со мерак.
Taka site vikaat a posle kenjaat za 50 ili 100e razlika vo cena. Znaci prodavam koli i garantiram deka se kupuva toa sto e najeftino,ne da e bas krs ama prednost sekojpat ima cenata. Nikoj ne dava 1000-2000e plus za ekstra socuvano vozilo.
Jas zatoa veke ne nosam koli po poracka, te skapo im bilo, te tuka poeftini bile, te baraat preku leb pogaca. Ko so kazav ke otvorat oglas i gi gledaat samo najeftinite, i po nasive oglasi i po stranskite sajtovi.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom