Споредуваме, споредуваме....
Етимолошки(според твојот предложен принцип)
Б>м; Њ > н; Г>ж
Добиваме од богиња > можина> можна
Од мајка> бајка.
Заедно можна бајка. Во принцип нешто шо ти и другарите твои ни го раскажуваат во последните десетина години.
Да не ме разбереш погрешно.
Не велам дека не постоел култ на (божицата) мајка на оваа територија.Фигурата (божица)
Мајка е присутна во сите теистички религии.
Јас тврдам дека она што го проповедате никој го нема "забележано" пред вас. Нема никакви докази дека нешто такво постоело (во периодот за кои зборувате), ниту има некаков континитет таквата религија/вера.
Конкретно мислам на Ѕе,( Божицата ) Мајка како ексклузивни и централни фигури во религиозната сфера на античките Македонци, паралелите со словенската митологија и на крај она таканареченото македонско писмо/јазик на Тото, шо и сиротиот не може никаде да го "продаде" освен во локалните идеолошки центри.
Сталкерот ,јас тебе многу читко те разбирам.
Би се обидел вака да ти доловам.
Она што ти го наведуваш како можност е пример како не треба да се одработува.
Историчарите спомнуваат дека зборовите никој не ги фалсификува туку видоизменува до некаде .Се смени буква се смени значење.
Во лингвистиката постои признаен и доста употребувана методологија на споредба на зборовитешто го употребувам .Таа поаѓа од состојбата сега и денес па тера нанаѕад.
Компаративен метод или метод на споредување
Во лингвистиката, компаративниот метод е техника за проучување на развојот на јазиците, која се изведува функција по функција - споредба на два или повеќе јазици, како спротивна на начинот на внатрешната реконструкција, која го анализира внатрешниот развој на еден јазик, со текот на времето . 1
Вообичаено и двете методи се употребуваат заедно да се реконструираат праисториски фази на јазици, да го пополнат празнините во историски запис на еден јазик, за да го разоткријат развојот на фонетичниот , морфолошкиот, и други јазични системи, со цел да се потврди или го отфрли прептпоставениот однос помеѓу јазиците.
Овој метод е развиен во текот на 19 век. Клучни придонеси биле воведени од страна на данските научници Рамсус Ракс и Карл Вернер,како и германскиот научник Јакоб Грим. Првиот лингвист што понудил реконструирани форми на прото-јазик бил Август Шлеичер во делото “ Низ на споредбената граматика на Индо-Европските јазици’’ 2
_____________
За мене Ѕе не е олицотворение на Божицата Мајка туку на нејзиниот симбол -Сонцето - Ѕвездата .
За жал не сум доволно проучувал пишувањата на Тентов ,така да моето околу нивното е немеродавно .Треба да ги исчитам.Она кога сме во контакт и им се воодушевувам и ги критикувам донекаде ...колку сум ги разбрал.Само да знаеш со нив е и фактот дека држат предавања во Русија на руски универзитети...што треба да се респектира.
Дали некој има забележано пред нас?
Секако но,секој си има своја “Филозофија на Интерпретатио..’’
Еве еден пример .Думата е Ма
μα[ma] but ||
by || ~
το Θεό by God!, God be witness...3
а исто така неговото постоење е забележено и во :
μâ,shorten Aeol. and Dor. form for
μάτερ in the form
μâ γâ for
μήτεργή .,
μâ,πόθενάνθπωπος; Theo cr. I5.89; cf.
βâ δώ, λî ...4
каде читаме дека се работи за пократка форма од матер
Значи се е до објаснувањата .Ваму објаснувањето е Ма -машки род ,Бог место Божица
___________________
Забелешка:
Collins-Gem "Greek-English English-Greek dictionary", Glasgow 1987 Great Britain стр.130
1-Lehmann,Winfred P.” Theoretical Bases of Indo-European Linguistics.” 1993. London: Routledge. , pp. 31 ff.
2 - Lehmann,Winfred P.” Theoretical Bases of Indo-European Linguistics.” 1993. London: Routledge. ... p. 26.
3-Collins-Gem "Greek-English English-Greek dictionary", Glasgow 1987 Great Britain стр.130
4-- Henry George Liddell and Robert Scott “Greek-English Lexicon”Oxford,May 1869 …стр.593