Старата словенска религија

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
http://books.google.mk/books/about/Slovenski_panteon.html?id=AhkRAQAAIAAJ&redir_esc=y


http://books.google.com.mx/books/about/Речник_на_јужнословен.html?id=qVB5AAAAMAAJ


http://www.rastko.rs/antropologija/svasiljev-mitologija_c.html


http://www.tabernakul.com.mk/artikal.asp

Овде има се што би сакале да дознаете на оваа тема. Книгите ги имам hardcover и paperback но не можам сите да ги најдам во електронска верзија. Од Нина книгата е околу 3000 денари, од Елијаде нешто поефтина (2500) а речникот на словенска митологија го купив 200 денари од саем пред 4 години. Непроценливи се книгиве, скапи се но немаат цена од духовна гледна точка. Јас троа сум фанатик за овие ствари па затоа лебот од уста си го давам за ваква литература. Ако некој сака ebooks од ваков карактер (од сите можни антрополошки, етнолошки и религиски полиња) нека ме контактира. (не сум продавач или претставник од издавачка куќа, само bookworm :))
 
nekoi stari adeti i veruvanja?

Од Божик до Богојавление шетаат лошите духови


Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опсед

Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови. Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии... се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓет веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.
Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце. Свеченостите што се одржувале во овие дванаесет дена познати се уште од антиката како митраистички култови, Дионизиски игри, а најизразени преку римските сатурналии. Денот на раѓањето на непобедливото Сонце Римјаните го славеле со големи свечености, а тогаш почнувала и Новата година. Христијаните овој ден го замениле со раѓањето на Христос кој требало да биде новото Сонце, што на светот му носи светлина. Раѓањето на Сонцето или Христос значело зголемување на денот, па затоа маскирањата и обредите што се вршат во дванаесетте дена се сврзани за плодноста, новиот живот, родот, бериќетот. Сите обредни игри под маски имаат оргијастичко и еротско значење, што најмногу се потенцира со носењето на фалусот, како култен оплодувачки принцип во природата.
Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 - 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.
Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе. Во групата задолжително се и бабата и дедото, ликови сврзани за плодноста, но и за смртта. Во игрите под маски што содржат и многу драмски елементи, дедото умира, за повторно со помош на лекарот и попот да оживее. Во оживувањето на дедото учествуваат и бабата или невестата кои изведуваат сексуални движења над дедото, со често симулирање на ритуално мокрење над устата или половиот орган на дедото. Умирањето и повторното раѓање симболизира завршување на лошите, неплодни денови, и раѓање на новото Сонце, добриот период. Со раѓањето на новото Сонце лошите сили и демони си заминуваат од земјата во темнината. Коњот и мечката, исто така, имаат значајно место во маскираната група. Коњот е поврзан со сонцето. Уште во античките и првобитните религии се верувало дека Сонцето се вози во кочија што ја влечат коњи или пак на Сонцето му се жртвуваат коњи. Мечката пак е поврзана со зголемувањето на денот, доаѓањето на плодните и родни денови. Како што мечката напролет се буди од зимскиот сон така и природата по дванаесетте некрстени, лоши денови, се разбудува.
Вака маскиранита група во која има уште многу маски на млади ергени и девојки, кози, јариња, магаре, натприродни суштества, ќепеци... по загревањето крај огнот врши обредно повикување на водачот на групата и сите тргнуваат во обиколка на куќите. Групата тропа на секоја порта, а откако ќе им отвори домаќинот или домаќинката почнуваат да го изведуваат ритуалот кој започнува со благослов на куќата и на домаќините. Централната личност пак во ритуалот, невестата, маскираните ја фаќаат по градите и задникот со долги стапови што асоцираат на машкиот полов орган, познати како коледашки. Бабата и дедото ја бранат невестата, при што дедото ќе биде повреден. Потоа се изведува ритуалот со умирање на дедото и негово оживување. Откако ќе завршат сите ритуали домаќините ја даруваат групата најчесто со колачиња, зрнеста храна, костени, овошје. По дарувањето групата заминува пред друга порта и се така додека не се изредат сите куќи.
Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање. На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

http://makedonska-mitologija.blogspot.com/2007/01/blog-post_19.html

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР

Интересен е и податокот според кој браќата Миладиниовци во XIX век запишале предание за настанокот на Воден, кое целосно се поклопува со историскиот опис на античкиот историчар Јустин, иако овој историчар ни денес не е преведен во Македонија.

Донски наведува дека постојат голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Македонците во XIX и XX век. Така на пример, Херодот пишува дека на веселбите во античка Македонија мажите седеле одделно од жените. Овој обичај кај нас е евидентиран и од запишувачите на македонски народни умотворби од XIX и XX век, па дури е останат и до денес. Од античките Македонци ни останал и обичајот на кршење леб за време на свадбените обичаи, кој е спомнат од биографот на Александар Македонски, Квинтиј Куртиј Руф. Од античките Македонци се задржало и третирањето на машкиот појас од народната носија како симбол за машкост (кое го запишал Аристотел, а исто такво верување е регистрирано и во XIX век). И подарувањето прстен на наследникот (пред умирачка) е обичај регистриран кај античките Македонци што останал до денес, а така е и со стрижењето на косата за време на голема жалост. Дури и античко - македонскиот обичај за избор на крал (што се одвивал преку масовен собир на војската и избор со акламација) останал среде Македонците од XIX век како обичај за избор на селски старешнина. Античко-македонски елементи постојат и во прославите на празниците: Лазара, Ѓурѓовден, Руса Среда и Прочка. Античко-македонски елементи се регистрирани и во денешните македонски додолски обичаи, кои се вршат за повикување на дожд. Од античките Македонци останало и верувањето во магиската моќ на змијата; потоа неколку погребни обичаи и друго. Сето ова детално е елаборирано во книгата!

Во македонските народни умотворби регистрирани во XIX и XX век се забележуваат и огромен број елементи од античката митологија, позната во светот под името "Грчка митологија". Во книгата се застапени податоци, кои досега не се објавени во Македонија, а кои претставуваат несоборливи докази за негрчкиот карактер на оваа митологија. Така, на пример, врз основа на педантни истражувања докажано е дека над 80 отсто од сите досега познати антички и средновековни автори на делата посветени на оваа митологија - воопшто не биле Грци! Но, тоа не е се. И најголемиот дел од ликовите спомнати во нејзините митови немале грчко потекло! Поради тоа Донски се прашува: како може тогаш оваа митологија да биде "грчка", кога ниту нејзините најзастапени автори не биле Грци, ниту пак најголемиот дел од ликовите спомнати во неа имале грчко потекло!?

Во античката митологија огромен придонес имале и античките Македонци. Во книгата застапени се изјавите од светски авторитети кои тврдат дека музите биле македонкси божества (митолошки ќерки на легендарниот македонски крал Пиер). Македонско потекло имал и богот Дионис, а македонско потекло имал и легендарниот крал Орфеј (кој бил роден и убиен во Македонија). Македонец бил и еден од лапитите, како и еден од аргонавтите на Јасон. Македонците имале и други свои божества.

Постојат бројни мотиви во македонскиот фолклор наследени од античката митологија. Такви се: мотивот за самовилите (наследен од мотивот за античките менади); мотивот за персонализација на сонцето и небеските тела; мотивот за позлатување со допир; мотивот за ламјата и за змејот; мотивот за персонализација на судбината, среќата и смртта; мотивот за бог престорен како старец; мотивот за јуначките подвизи на Крали Марко (кои се поклопуваат со јуначките подвизи на Херакле), мотивот за подземниот свет; мотивот за метаморфозите и многу други. Во книгата се изнесени паралелни прегледи на овие мотиви од македонските приказни и песни со соодветните мотиви од легендите од античката митологија, при што јасно се забележува нивната идентичност. Ова значи дека огромен дел во денешниот македонски фолклор е наследен од античката митологија, која била практикувана токму од античките Македонци!

Голем број Македонци од XIX и XX век (наспроти жестокиот притисок од странските пропаганди) себеси се декларирале како директни потомци на славните антички Македонци. Сведоштва за оваа појава имало и кај странските патеписци кои престојувале во Македонија. Артикулации за прифаќање на античко-македонското етничко потекло имало дури и во ВМРО на Ванчо Михајлов, како и во редовите на МПО!




Ovaa stranica ima mnogu ubavi tekstovi, ali sistemot gi prepravil bukvite od kirilica u latinica. Taka da kajsto imalo њ sega e w, kajsto imalo ж, sega e \ itn:
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce426/Tekst44.htm
Поимот "некрстени денови" е пагански или Христијански?
 
Поимот "некрстени денови" е пагански или Христијански?
Некрстени денови е Христијанската надоградена верзија врз старословенски обичај.Како што е Св.Илија надограден врз Перун или како што разните празници кај што се палат огнови и како што се смета дека словенскиот поим за пекол Ад, е надоградба на Хад(ес) грчкиот бог на подземјето кој царува во Тартар.
 
Да се надоврзам за македонската религија со членот пред мене , исто така нема докази дека грчката митологија е целосно грчка! Грците имале своја митологија која ја ширеле како грчка а дали била таа не се знае, во превод, сликата на св. илија е претставен човек со долга брада меѓу два облаци (во христијанските цркви) со гром во раката на огнена кочија.

images

178_Sveti_Ilija.jpg


Го нарекуваат Св. Илија громовник, или старите знаат да кажат кога грми, дека св. илија тркалал буриња.

Еве ја грчката верзија, Богот зевс богот на молњите.

Zeus--greek-mythology-687267_1024_768.jpg



Сличноста е голема, така да со примањето на христијанството кај македонците, се преименуваат боговите во кои верувале и ги креирале некогаш одамна.
Пријателе грчката митологија е далеку пред Христијанството, така да можеш да кажеш дека Св.Илија е копија на Зевс!
Иначе Грчката митологија е спој на повеќе постари митологии, а римската е копија на грчката!
 
Старите грци спомнувале за некоја земја на север Хипербореја каде што преку зимата нивниот бог Аполон одел во земјата на хиперборејците се додека не дојде лето.Некои словенски изтражувачи тврдат дека тие хиперборејците биле уствари старите словени.Ху ноус...

Има доста паралели - Перун, Зевс, Тор, Баал .. со мали измени тук там. Инаку делов што ти го цитирав, Хипербореа важи како неистражена област во тоа време која се наоѓала на строг, краен север, според тогашните верувања (типичниот приказ на светот бил како плоча или голем остров во небесата), а домот на северниот бог на ветрот Бореас бил баш "над" Хипербореа. Се спомнува селидба, кога Бореас доаѓа овде, Аполон иде таму и обратно, веројатно симболички прикажано разликите во сезони на северната и јужната хемисфера. Ако земеме в предвид дека Грците потекнуваат, и а биле, појужно лоцирани од тоа денес. Веројатно се мисли на територии како денешна Финска, Шведска, Норвешка, и западна Русија.
 
Словенска Митологија е поубава од сите други - грчки,германски..римска..
Никој не сака да је истражува..

Список..
http://sr.wikipedia.org/wiki/Списак_словенских_митолошких_бића

http://www.slovenskamitologija.rs/
Некој има интерес од тоа да не се истражува,заташкува и успесите да се препишуваат на други. На пример зашто никој не дозволува пан-словенска унија на држави,туку со јудејски религии се обидуваат уште повеќе да ги разделат словените ???[DOUBLEPOST=1426678415][/DOUBLEPOST]
Индо европска е и иста е како и останатите.
Дури и во некој ситуации е над останатите ;)
BTW еве ги комапарациите Перун,Зевс,Тор .... 10645295_341831902680761_2319585886913912555_n.jpg
 
Некој има интерес од тоа да не се истражува,заташкува и успесите да се препишуваат на други. На пример зашто никој не дозволува пан-словенска унија на држави,туку со јудејски религии се обидуваат уште повеќе да ги разделат словените ???[DOUBLEPOST=1426678415][/DOUBLEPOST]
Дури и во некој ситуации е над останатите ;)
BTW еве ги комапарациите Перун,Зевс,Тор .... Прегледај го приврзокот 116672

Тој е тој концепт кој потекнува од прото индо европски народ - заеднички предок. (врховниот бог е соларно божество)

А паганските елементи во христијанството го имаме ради компромис :)
 
Некој има интерес од тоа да не се истражува,заташкува и успесите да се препишуваат на други.
На пример зашто никој не дозволува пан-словенска унија на држави,туку со јудејски религии се обидуваат уште повеќе да ги разделат словените ???

Мислам дека никој не заташкува него ние сами секогаш сакаме да учиме од другите народи и раси, бидејќи тоа е ИН...а ние сме дивљаци зад Карпатите.

Најголема глупост која може човек да ја направи е да пропагира од Западна Европа и Америка задните 120 години дека Европската цивилизација настанала од Грците.
Дека сите народи се грци, сите верувања се во нивните корени...
Ете погледни нови филмови и емисији на ТВ и ќе дознаеш дека и ТРАКИЈА И ТРАКИЦИА БИЛЕ грци и го обожавале Зевс?!

Вие не сте свесни денес како Холивуд може да ги преокрене работите...Еден глуп Филм за перун,сварог и дружината ќе ги популизира Словенските пагански богови.

За фторот ПанСлавизам беше идеја која пропадна од самите Словени, овие од север бидејќи тоа не им беше ИН пред 200 години, а за Балканските се знае...
Будали од секој народ и омраза....

Така да Пан Славизам ќе го најдеш само во мал број кај Русите.

ПС.
Јудејски религија е Јудејска...
Христијанството е единствен спас...
Но тоа е друга тема..;)
 
Мислам дека никој не заташкува него ние сами секогаш сакаме да учиме од другите народи и раси, бидејќи тоа е ИН...а ние сме дивљаци зад Карпатите.

Најголема глупост која може човек да ја направи е да пропагира од Западна Европа и Америка задните 120 години дека Европската цивилизација настанала од Грците.
Дека сите народи се грци, сите верувања се во нивните корени...
Ете погледни нови филмови и емисији на ТВ и ќе дознаеш дека и ТРАКИЈА И ТРАКИЦИА БИЛЕ грци и го обожавале Зевс?!

Вие не сте свесни денес како Холивуд може да ги преокрене работите...Еден глуп Филм за перун,сварог и дружината ќе ги популизира Словенските пагански богови.

За фторот ПанСлавизам беше идеја која пропадна од самите Словени, овие од север бидејќи тоа не им беше ИН пред 200 години, а за Балканските се знае...
Будали од секој народ и омраза....

Така да Пан Славизам ќе го најдеш само во мал број кај Русите.

ПС.
Јудејски религија е Јудејска...
Христијанството е единствен спас...

Но тоа е друга тема..;)
Со вториот болд сам одговори на вториот. Значи ако некој посран мас медуим не направи игран филм,документарец за словените 99% од популацијава ке не сметаат нас словените дека сме биле мајмуни. А мас медиумите тоа не го прават ,така да ....
И кај третиот болд сам одговори . Јудејска религија е јудејска религија. Така да и христијанството како секта на јудеизмот и под негово покровителство е исто срање со хебрејството само во различно паковање.
До некаде источново православие е ок од аспект дека благодарение на него голем бр на култови и ритуали се пребацени од родноверјето и со тоа помогнало да се зачуваат.
А кога спомнуваш дека христијанството е спас дај докажими како може Копт од Египет и Јапонец од Сахалин да ти се ``браќа по религија`` за разлика од Пољак или Босанец ??
 
Грчката митологија е композит од различки митолошки елементи од претходни народи. Протеус е асимилиран, Хеката исто. Има и низа други кои не се асимилирани целосно но се проткајуваат како дел од Грчката митологија иако многу малку се знае од што биле таинствени (баш ради таа асимилација), како Каберојските божества. Скоро ништо оригинално нема кај нив, нити има цврсти докази дека ја следеле митологијава од памтивек, напротив, има повеќе во полза на тоа дека биле инспирирани и позајмиле тоа што им одговара за митосите другото баталиле. Романците подоцна уште повеќе ја разводениле митолошката позадина and the rest is history.
 
.
Значи ако некој посран мас медуим не направи игран филм,документарец за словените 99% од популацијава ке не сметаат нас словените дека сме биле мајмун

А кога спомнуваш дека христијанството е спас дај докажими како може Копт од Египет и Јапонец од Сахалин да ти се ``браќа по религија`` за разлика од Пољак или Босанец ??

Токму така...Направи голем хит во Холивуд дека човекот е од Венера и утрето ден ќе имаш куп следбеници што ќе мислат дека е така.
Као што имаме 1000 пропагандни филмови за историја,нација па и религија.

Копт од Египет и Јапонец - Христијанин секако се мои браќа исто како што се и Пољаците Христијани или Србите од Босна (Босанец е израз за Србин од Босна , "Бошњак" е нешто друго..)
Ама прави христијани...Не квази христијани и патриоти по интернет.

Јас луѓето лично ги делам прво по вера, кој вистински верува, потоа по народи.

Старата Словенска религија е паганска, ама тоа не значи дека треба да ја уништиме а во исто време да го учиме во учебниците Зевс,Јупитер и Торн...

А од кога датира Словенската митологија? Која е најстара пишана информација?
Ајде да видиме...
 
Токму така...Направи голем хит во Холивуд дека човекот е од Венера и утрето ден ќе имаш куп следбеници што ќе мислат дека е така.
Као што имаме 1000 пропагандни филмови за историја,нација па и религија.

Копт од Египет и Јапонец - Христијанин секако се мои браќа исто како што се и Пољаците Христијани или Србите од Босна (Босанец е израз за Србин од Босна , "Бошњак" е нешто друго..)
Ама прави христијани...Не квази христијани и патриоти по интернет.

Јас луѓето лично ги делам прво по вера, кој вистински верува, потоа по народи.

Старата Словенска религија е паганска, ама тоа не значи дека треба да ја уништиме а во исто време да го учиме во учебниците Зевс,Јупитер и Торн...

А од кога датира Словенската митологија? Која е најстара пишана информација?
Ајде да видиме...
Значи брат по религија никој не може да ти биде , зашто што е религија ??? Една од алатките за контрола на масата или пак наметнати канони за однесување и живеење за да можат властодршците полесно да контролираат. И така јапанци и ѓупци од Египет ке ти бидат браќа.
Брат јас можам да наречам личност што со мене дели слична ДНК а не некој што верува заедно со мене во иста лага. Затоа ке ти кажам дека босанци,бошњаци,срби,хрвати,руси,македонци,бугари.... за мене се едно исто. Словенски народи кој заради идиотизам и еврејски пропаганди биле поделени меѓу себе и сега се гледаат како душмани а бараат браќа во Грци,Арапи,Италијанци ....

Словенската митологија ``датрира`` од кога постојат словените како индоевропски народ.
[DOUBLEPOST=1426707920][/DOUBLEPOST]
Грчката митологија е композит од различки митолошки елементи од претходни народи. Протеус е асимилиран, Хеката исто. Има и низа други кои не се асимилирани целосно но се проткајуваат како дел од Грчката митологија иако многу малку се знае од што биле таинствени (баш ради таа асимилација), како Каберојските божества. Скоро ништо оригинално нема кај нив, нити има цврсти докази дека ја следеле митологијава од памтивек, напротив, има повеќе во полза на тоа дека биле инспирирани и позајмиле тоа што им одговара за митосите другото баталиле. Романците подоцна уште повеќе ја разводениле митолошката позадина and the rest is history.
Каберојските божества. Кој се овие божества и каде има некој доказ,запис за нив ???
 
Значи брат по религија никој не може да ти биде , зашто што е религија ???
Една од алатките за контрола на масата или пак наметнати канони за однесување и живеење за да можат властодршците полесно да контролираат. И така јапанци и ѓупци од Египет ке ти бидат браќа.
Брат јас можам да наречам личност што со мене дели слична ДНК а не некој што верува заедно со мене во иста лага. Затоа ке ти кажам дека босанци,бошњаци,срби,хрвати,руси,македонци,бугари.... за мене се едно исто.
Словенски народи кој заради идиотизам и еврејски пропаганди биле поделени меѓу себе и сега се гледаат како душмани а бараат браќа во Грци,Арапи,Италијанци ....

Словенската митологија ``датрира`` од кога постојат словените како индоевропски народ.

Чекај не ли е верување у многобожци во Перун и Зевс исто така вид на религија?!
Значи контрадикторен си.
Ти не можеш да знаеш кој има твој ДНК, или сличен ДНК...
А што ако е Перун и Сварог лага, тогаш и двајцата живеете во иста лага.

Словенскиот народ не е оделен поради никакви пропаганди, Словенскиот народ е одвоен поради што е таков каков е.
Ни Словените во централна Европа, ни оние на Исток како ни ние на Југ никогаш не сме били сложни. Ни во 7 век камо ли во 2015 година.

Се бусаш за Словените а тие со АВАРИ правиле напади на Солун - Македонските Словени.
Македонците и нивните племенски водачи Вијувале 200 години неизменично су Бугари и Византија се додека не ја покориле Берзетиа.

Бугарите не се словени како напиша погору, не во тоа време.

Словенската митологија датира од кого постои Словенски род...
Па кажи ни од која година, век...Пишани трагови...
Сакаме да видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom