- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.047
- Поени од реакции
- 16.577

Со мастерсот во Монте Карло ја започнуваме сезоната на земја, на која официјално (неофицијално е веќе започната со турнирот во Хјустон) ќе се појават најдобрите играчи на турот, со исклучок само на Енди Мареј, кој уште поодамна реши да не настапува на овој турнир.
Па така, од утре, па се до наредна недела, на терените во Монте Карло ќе ги гледаме Ѓоковиќ, воедно и бранител на титулата, Рафаел Надал, ланскиот финалист на турнирот, и на изненадување на сите, на овој турнир ќе се појави и Роџер Федерер кој пројави желба да заигра, па организаторите му доделија вајлд карта.

Денес во Монте Карло беше извршен и ждребот за турнирот, како што е познато првите носители се слободни во првото коло, па Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата ќе ја започни од второто коло, а противникот ќе го добие од дуелот Беноа Пер/Квалификант, во делот каде што е Ѓоковиќ уште се и Бердих, Федерер, Цонга.
Првиот носител на турнирот, Рафаел Надал во второ коло најверојатно ќе игра против домашниот тенисер, Жил Симон, во негова половина од првите носители се уште и Давид Ферер, Вавринка, Милош Раониќ, па од ко ќе се собере и одземе, можеме да заклучиме дека ќе нема некој посериозен проблем и препрека да стигне до финалето.
Федерер во прво коло ќе игра со подобриот од дуелот Радек Степанек - Карловиќ.
Прв фаворит нормално е владетелот на овој мастерс, Рафаел Надал, па Ѓоковиќ ќе има доста тешка задача да ја одбрани титулата од ланската година. Победникот на турнирот, гледајќи го почетокот на сезоната, би требало да се бара помеѓу овие двајца тенисери.
Како што напоменав погоре, на турнирот нема да го гледаме Енди Мареј, освен него, учество откажаа и Томи Хас, Флоријан Маер и Ришард Гаске.
Целосниот ждреб - www.montecarlotennismasters.com/Share/Event-Draws.aspx?Year=2014&Draw=ms
Официјален сајт на турнирот - www.montecarlotennismasters.com
Твитер профил - https://twitter.com/MCROLEXMASTERS
Фејсбук профил - https://www.facebook.com/MonteCarloRolexMasters/
Преноси на Спорт Клуб и МРТ.