Религијата како поим, и егзистенцијата на Бог како супермоќен ентитет, по чиј лик е создаден хомосапиенсот, нема никаква врска со Библијата или сачувај боже со куранот. Етимолошки самиот поим се дистанцира од таков тип на писанија, и уште повеќе таков начин на презентација од самопрогласени познавачи на основната суштина на религијата – соединување со Бог.
Овој тип на институционализирана религија, кој преовладува во денешниот свет, е всушност најопасниот противник на вистинската религија и самиот Бог.
За да бидеш религиозен во вистинска смисла на зборот, треба пред се да си мудар, да знаеш да прибираш и селектираш знаења оставени од предците, да прифатиш нови, кои се за доброто на сите, а не да бидеш послушник на одредена групација која себе си се дефинира како филтер за пронаоѓање и соединување на Бог.
Да се разбере учењето на Христос (како своевидна метафора кон што треба да цели човештвото) е врвно достигнување. 2000 години по него, сеуште не е разбрано, и се повеќе станува далечно.