Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е па,ако за таков убица ја обвиниш Шива,нормално дека Шива приврзаниците ќе изразат негодување(поготово ако си во држава каде “не избира страни“ т.е не казнува поради тоа што веруваш во некој бог туку казнува врз постапката).
Да не замислиш повторно дека “јас ги подржувам протестите“ туку можам да ти кажам дека “представник на секуларна држава,пред да изјавува нешто треба да се замисли што изјавува“.
Ох, министерката тропа глупости и тоа е валидна причина да бараме слобода за убијците на деца, при тоа тепајќи баби по автобуска и извикувајќи Смрт за Каури.
 
Ако моралот и етиката ги влечат од самата религија тогаш се потчинати на истите. Во тој контекст тие не ги кршат истите. Затоа мое лично мислење е дека религијата е лош извор за истите.[DOUBLEPOST=1397308999][/DOUBLEPOST]
Слободно пиши, и така е општа дискусија овде.

Многу долга и широка е.Сумирано е:кај сите имаш пат на дивинација(пр:Џанаизмот-Махавирата/Таоизмот-следењето на “патот“/Суфизмот-Преку “патот на факирот“....).Слични концепти имаат како до таму(некои со аскетизмот/постот/инкантација и ритуализам преку кој се влегува во транс....).
Симболизмот е сличен,философијата е слична,се е слично т.е целта е иста.
Патот/начинот врз основа на различни религии од различни географски места е различен.[DOUBLEPOST=1397311761][/DOUBLEPOST]
Ох, министерката тропа глупости и тоа е валидна причина да бараме слобода за убијците на деца, при тоа тепајќи баби по автобуска и извикувајќи Смрт за Каури.

Министерката тропа глупости и не знае кого представува.Тоа е факт.
Кој рече дека е валидна причина за “барање ослободување на убици“?
“Смрт за каури“ е веќе резултат кој веројатно треба да го очекуваш кога ја обвинуваш другата религија.
Што ќе одговориш ти ако речам дека “секој припадник на христијанството кој убил некого“ всушност убил во името на Исус? И го гнасам Христијанството поради тој човек?
 
Последно уредено:
Што ќе одговориш ти ако речам дека “секој припадник на христијанството кој убил некого“ всушност убил во името на Исус? И го гнасам Христијанството поради тој човек?
Ако некој правел такво богохулие, ја ќе кажам - нека цркне. Сигурно нема да излагам на улица и да тепам стари Муслиманки барајќи слобода за таков идиот.

А во никој случај не би си го нарушил интелектуалниот и морален интегритет, па тука да изјавувам -"Не ги убил Христијанин" или "Сами сте си ги убиле" или "Невин е убиецот".
 
Ако некој правел такво богохулие, ја ќе кажам - нека цркне. Сигурно нема да излагам на улица и да тепам стари Муслиманки барајќи слобода за таков идиот.

Берик,бладаш на велико.
Ти се колнеш во војна и убивање на “муслиманчиња“(безразлика вини/невини).Да е до тебе,војна ќе отвориш.
Знаеш кога ќе речеш ти “да цркне“? Кога ќе речеш “Нека цркнат темпларите“ што испоубиваа еден куп невини муслимани при нападот на Ерусалим“.Кога ќе речеш “Нека цркне западот што испоубива невини муслимани“ или пак “да ја обвиниш тогашната Југославија што во име на нивниот бог вршеше геноцид на босанскиот народ“.Неможеш тоа да го речеш,од проста причина што ги мрзиш и баш би сакал да учествуваш во еден таков масакр.
Во овој ист момент можам да ти најдам “милион постови каде нема врска со исламот а каде си го обвинил дирекно или пак неговите припадници,безразлика дали биле или не биле поврзани“ а не постои “пост каде не се повикуваш на војна“.
Неможеш тоа да го речеш.Дури и да го речеш тоа,лажеш(бидејќи потајно се “ложиш на убивања на муслиманчиња“ што е докажана работа на форумов).

Да се надоврзам...јас го имам осудено чинот(да е до мене,на кол на камени мост да се наденат убиците).Друго,многу либерален ми си со “Давање ислам на секој човек“...Јас дури на форумов “христијанство не му давам на многу личности иако се представуваат како такви(едноставно не се,не го живеат христијанството и не го познаваат ).
Како и да е.....
 
Последно уредено:
Еве, одговори уште еднаш, биди добар рисјанин. Како е возможно сите религии да водат кон Бог, кога имаат спротивставени сфаќања за најсуштинските работи?
Исто како што кон некое место водат повеќе патишта.
 
Берик,бладаш на велико.
Ти се колнеш во војна и убивање на “муслиманчиња“(безразлика вини/невини).
Каде?

Да е до тебе,војна ќе отвориш.
Знаеш кога ќе речеш ти “да цркне“? Кога ќе речеш “Нека цркнат темпларите“ што испоубиваа еден куп невини муслимани при нападот на Ерусалим“.Кога ќе речеш “Нека цркне западот што испоубива невини муслимани“ или пак “да ја обвиниш тогашната Југославија што во име на нивниот бог вршеше геноцид на босанскиот народ“.Неможеш тоа да го речеш,од проста причина што ги мрзиш и баш би сакал да учествуваш во еден таков масакр.
Во овој ист момент можам да ти најдам “милион постови каде нема врска со исламот а каде си го обвинил дирекно или пак неговите припадници,безразлика дали биле или не биле поврзани“ а не постои “пост каде не се повикуваш на војна“.
Неможеш тоа да го речеш.Дури и да го речеш тоа,лажеш(бидејќи потајно се “ложиш на убивања на муслиманчиња“ што е докажана работа на форумов).

Можеш до утре да ме обликуваш, каков што би сакал да бидам, а сепак нема да ми најдеш ни еден пост каде што сум рекол нешто против Исламот, ниту пак дека сакам да убивам Муслиманчиња. За разлика од тебе, на пример, јас можам да го цитирам скоро секој пост на скоро секој Муслиман на форумов, кој ги подржува протестите (на кои се бараше слобода за обвинетите, се напаѓаа стари жени, новинари и се викаше Смрт за каури, додека се мавташе со саудијски знамиња). Можам да цитирам уште повеќе постови, во кои за секое злосторство денес, безочно се тврди дека е лага, дека сами кафирите го направиле и слично. Проблемот е што тоа се случува скоро секој ден, на секаде каде што Господ ги казнил кафирите да живеат со Муслимани. Проблемот е во тоа што тоа се случува секоја недела во Македонија, пред нашите очи. Не е ли смешно кога ќе се вратиш од црква, која си ја начекал исшкртана со УЧК и смрт за каури, ќе седнеш на интернет и некој како тебе, за веста ќе рече, ова е невистина, лажат медиумите?

Често се случува соговорникот кога нема аргументи за темата, да пренасочува на лично ниво, но барем аргументирано нека биде. како што реков еднаш, и ја можам да кажам дека ти си чесен човек, кој држи до основните морални норми, но тоа ќе останат само празни муабети, пошто не можам тоа да го докажам со ниеден твој пост.
 
Последно уредено:
За да процениш дали некоја религија дава добри плодови, одвој време да одговориш на следниве прашања.ТЕМА: Брак.
ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло — чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евреите 13:4,Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија бара да бидат законски регистриранидвојките што живеат заедно?
ТЕМА: Развод.ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: Кога го прашале дали има некаква основа за развод, Исус рекол: „Оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува“ (Матеј 19:9, Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија го почитува тоа што го рекол Исус идозволува развод и повторно стапување во брак но само во случај напрељуба.ТЕМА: Сексуален морал.ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18, ДХК).
„Жените... природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда“ (Римјаните1:26, 27, Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија учи дека сексуалниот неморал меѓу маж ижена или меѓу двајца припадници од истиот пол е грев?ТЕМА: Нејзините членови смело се држат за библиските мерила.
ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Да се држите настрана од... луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!“ (1. Коринќаните 5:10, 11,. Што ќе се случи со оние што тврдат дека се христијани, но и понатаму грешат без да се покаат? „Отстранете го злиот од својата средина“, пишува во Божјата реч (1. Коринќаните 5:13, ДХК).
ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија ги отстранува од своите редови оние штонепокајнички ги игнорираат библиските мерила?[DOUBLEPOST=1397295671][/DOUBLEPOST]Во секоја религија има искрени верници. Добра вест е тоа што Бог мисли на нив и му се важни. Сепак, жално е што во името на религијата се прават многу лоши работи (2. Коринќаните 4:3, 4; 11:13-15). Според новинските извештаи, некои религии се вмешани дури и во тероризам, геноцид, војни и злоупотреба на деца. Колку сето ова ги разочарува оние што искрено веруваат во Бог! Матеј 24:3-5, 11, 12.)
Вистинската религија го прославува Бог, додека лажната религија му нанесува срам. Лажната религија шири учења кои не се темелат на Библијата, на пример, погрешни учења за Бог и за мртвите. Но,Бог сака луѓето да ја знаат вистината за него.
Ке се обидам сосема кратко да ти одговорам. Одговорите се мои согледувања, не сум црковно лице. За 1,3 сум сигурен.
1.Брак- религијата бара црковен брак ветени пред Бога.
2.Развод-мислам дека не дозволува повторно.
3.Морал-апсолутно да.
4.Отстранување- мислам дека не.
Да жално е што во името на религијата се прават лоши работи, но тоа не е наш грев, а на оние кои што го прават, и тие ќе одговараат за нивните дела како и ние за нашите.
Оној кој врши лоши работи во името на религијата или Бога тоа не ја прави религијата или Бог лош, а оној што ги прави.
Важно е да гледаме на добро, да правиме добро да се надеваме во добро, и тоа ќе не снајде. Тоа што бараме тоа и добиваме.[DOUBLEPOST=1397315840][/DOUBLEPOST]
И после кукаш кога те третираат како неписмен?
Прашуваш, ти одговарам, обратното скоро никогаш. Ме праша ти одговорив. Ако не ти се допаѓа одговорот(а можно ли е да ти се допадне одговор кој ти несакаш да го чуеш)тогаш не го прифаќај,и толку. Јас не те навредувам, за тоа што ти не го прифаќаш(разбираш)мојот одговор.
 
Последно уредено:
Каде?

Можеш до утре да ме обликуваш, каков што би сакал да бидам, а сепак нема да ми најдеш ни еден пост каде што сум рекол нешто против Исламот, ниту пак дека сакам да убивам Муслиманчиња. За разлика од тебе, на пример, јас можам да го цитирам скоро секој пост на скоро секој Муслиман на форумов, кој ги подржува протестите (на кои се бараше слобода за обвинетите, се напаѓаа стари жени, новинари и се викаше Смрт за каури, додека се мавташе со саудијски знамиња). Можам да цитирам уште повеќе постови, во кои за секое злосторство денес, безочно се тврди дека е лага, дека сами кафирите го направиле и слично. Проблемот е што тоа се случува скоро секој ден, на секаде каде што Господ ги казнил кафирите да живеат со Муслимани. Проблемот е во тоа што тоа се случува секоја недела во Македонија, пред нашите очи. Не е ли смешно кога ќе се вратиш од црква, која си ја начекал исшкртана со УЧК и смрт за каури, ќе седнеш на интернет и некој како тебе, за веста ќе рече, ова е невистина, лажат медиумите?

Често се случува соговорникот кога нема аргументи за темата, да пренасочува на лично ниво, но барем аргументирано нека биде. како што реков еднаш, и ја можам да кажам дека ти си чесен човек, кој држи до основните морални норми, но тоа ќе останат само празни муабети, пошто не можам тоа да го докажам со ниеден твој пост.

Кој аргументи? Дека не се мирисате со УЧКите и дека ја земавте религијата под нозете на вашиот нацинал шовинизам?
Тоа доволно говори колку подли и никакви сте(и двете страни).Не бирате средства.
Мислиш дека јас за нормални ги сметам протестите?
Повеќе би рекол за политичко/верска заебанција(која е секојдневие во Македонија).
Аргумент што некој Албанец чкртал некоја црква/некој Македонец чкртал на џамија само поради тоа што поголемиот дел на Македонци се идентификуваат како “христијани“ а Албанците како “муслимани“? Иако нациоанилизам и вера ама никако не одат рака под рака.
Палењето џамии/цркви и слични верски објетки има повеќе со “кој сме појаки...вие вам вака ние вам така“ отколку со вера.Едноставно,се пука “по она што се чуствителни луѓето поради својот национал хејт“ нема врска со вера...99% абер немаат ни што е христијанство нити ислам.

На лично ниво,не треба многу(99% од твоите постови се “ислам хејт“).Мене не ми пречи тоа,исламофобијата од страна на “ојле дојле“ не е ништо ново ама ми пречи кога некој лаже.
А ти Берик лажеш.
Еве за пример на твоите “аргументи“....бујрум...посочи каде наводно некој оправдал “убиства/тепачки/протести“ овде на форумов? Колку што јас сум запознат(колку што имам забележано) сите рекоа : “виновни се кога ќе се докаже дека навистина тие се убиците“ “Ако се тие убиците заслужуваат свирепа казна“ додека голем дел од Македонците играа како сцената од филмот Тетовирање “Куфер...ајде кажи счиме си хтео да га напуниш? Признај!“.
 
Прашуваш, ти одговарам, обратното скоро никогаш. Ме праша ти одговорив. Ако не ти се допаѓа одговорот(а можно ли е да ти се допадне одговор кој ти несакаш да го чуеш)тогаш не го прифаќај,и толку. Јас не те навредувам, за тоа што ти не го прифаќаш(разбираш)мојот одговор.

Ако некој те праша колку е саатот, а ти му кажеш зелено, тоа не е никаков одговор, едноставно ќе те смета за несаглам. За да има минимум комуникација, мора дискутантите да следат барем блага форми на логика. Твојот одговор на моето прашање нема врска со таа логика. Нормално е потоа да те рачунаат за неписмен.

Не треба да се љутиш заради тоа.
 
Одговорот беше точно за твоето прашање, и ако одговараше на твоите очекувања лесно ќе го разбереше. Пробем се твоите очекувања а не моите одговори.
 
Одговорот беше точно за твоето прашање, и ако одговараше на твоите очекувања лесно ќе го разбереше. Пробем се твоите очекувања а не моите одговори.

Еве го мојот последен обид за дискусија со тебе. Значи, рисјанството, во најгруби црти земено вели дека после смртта на човекот, душата не се сели во друго тело, туку чека да и биде судено, за потоа да заврши во рајот или во пеколот. Повеќето источни религии пак заговараат реинкарнација, односно теорија дека душите се селат од тело во тело, се додека не се ослободат од кругот на задоволувањето на потребите.

Еве, да претпоставиме дека душата постои, заради дискусијава. Сега, двете теории НЕ МОЖАТ да бидат точни. А се работи за централната теорија во обете доктрини. Не знам како да ти кажам, човечкиот мозок работи на принцип на бинарна логика, Т или неТ. Или едното или другото, двете не може. Ако не може, тогаш едната теорија е погрешна, а со самото тоа едната религија не е вистинита.

Како тогаш може двете да водат кон Бог? Може преку лага да се стигне до него?
 
Еве го мојот последен обид за дискусија со тебе. Значи, рисјанството, во најгруби црти земено вели дека после смртта на човекот, душата не се сели во друго тело, туку чека да и биде судено, за потоа да заврши во рајот или во пеколот. Повеќето источни религии пак заговараат реинкарнација, односно теорија дека душите се селат од тело во тело, се додека не се ослободат од кругот на задоволувањето на потребите.

Еве, да претпоставиме дека душата постои, заради дискусијава. Сега, двете теории НЕ МОЖАТ да бидат точни. А се работи за централната терорија во обете доктрини. Не знам како да ти кажам, човечкиот мозок работи на принцип на бинарна логика, Т или неТ. Или едното или другото, двете не може. Ако не може, тогаш едната теорија е погрешна, а со самото тоа едната религија не е вистинита.

Како тогаш може двете да водат кон Бог? Може преку лага да се стигне до него?
За Христијанството (и за мене)вистината е Христовото учење.
За источните религии вистина е реинкарнацијата.
Универзалната вистина е Бог.
Многу патишта една цел.
 
За Христијанството (и за мене)вистината е Христовото учење.
За источните религии вистина е реинкарнацијата.
Универзалната вистина е Бог.
Многу патишта една цел.

ОК, јасно ми е. Ти си едноставно глуп како шахта.
 
ОК, јасно ми е. Ти си едноставно глуп како шахта.
Знам дека ти е тешко да разбереш.
Егото е пречка за прифаќање на промени во разбирањата, тоа е ограничителот на духовниот развој.
Изборот ти беше или да го скротиш егото и да разбереш ново, или да го отфрлиш со оправдувањето ’’ти си глуп’’.
Нешто што го пишав и порано 2-3 реплики со атеист,и се започнува,’’глуп’’ ’неписмен’’.. лесно предвидливи сте.
Имаш насока за мислење. Толку од мене, со тебе, јас моето го завршив. Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom