Слободно кампување во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Щипянецъ
  • Време на започнување Време на започнување
Некоја препорака кај смеам или кај е најдобро да поставам шатор во Преспанскиот регион (па и охридскиот ако има некој искуство). Поздрав од западот :)

Можеш да кампуваш во Стење, на плажа(главната, или некоја помала). Блиску е Хотел Рива, има каде да наполниш вода. Чешми таму нема.

Можеш да кампуваш во било кое од селата кои се на Баба планина, Курбоново, Љубојно, Брајчино, Долно Дупени....на планинче се, имаат цркви кои се малку повисоко од селата и чешми покрај нив. Исто и на плажите од таа страна, освен оние кои се под концесија, ама имаш многу местенца да ставиш шатор. Внимавајте да не сте на приватен имот, има многу овоштарници, и јбг како и секаде има секакви луѓе.

Во Охрид е малку потешко да се најде добро место. НП Галичица мислам дека дозволува само на едно излетничко место, и терба да се плати. Покрај езеро....некаде меѓу Лагадин и Св. Наум најди си. Вода на тие места потешко, освен езерска.

Епа тоа.
 
Сакав јас минатата година да кампувам на планина 5,10 или 15 дена во зависност од тоа како ќе се снајдам со ловот и резервите на храна за секој случај ама имало некоја уредба од безбедносни да не смееш да влегуваш во шума бидејќи имаше многу (подметнати) пожари.
 
Дали некој има Галичник логорувано ?

...пеј што те интересира[DOUBLEPOST=1410269515][/DOUBLEPOST]
Сакав јас минатата година да кампувам на планина 5,10 или 15 дена во зависност од тоа како ќе се снајдам со ловот и резервите на храна за секој случај ама имало некоја уредба од безбедносни да не смееш да влегуваш во шума бидејќи имаше многу (подметнати) пожари.

годинава колку што знам нема (се утепа од врнење), ама можеби грешам
 
Можеш да кампуваш во Стење, на плажа(главната, или некоја помала). Блиску е Хотел Рива, има каде да наполниш вода. Чешми таму нема.

Можеш да кампуваш во било кое од селата кои се на Баба планина, Курбоново, Љубојно, Брајчино, Долно Дупени....на планинче се, имаат цркви кои се малку повисоко од селата и чешми покрај нив. Исто и на плажите од таа страна, освен оние кои се под концесија, ама имаш многу местенца да ставиш шатор. Внимавајте да не сте на приватен имот, има многу овоштарници, и јбг како и секаде има секакви луѓе.

Во Охрид е малку потешко да се најде добро место. НП Галичица мислам дека дозволува само на едно излетничко место, и терба да се плати. Покрај езеро....некаде меѓу Лагадин и Св. Наум најди си. Вода на тие места потешко, освен езерска.

Епа тоа.
Најтопло ви го препорачувам селото Стење, како и сите останати села на Преспанското езеро под Галичица, Сирхан, Шурленци....денски може да уживате во топлата вода, а невечер во свежината што доаѓа од дабовата шума на планината

Ne, site se na kamp koj pred vlada koj pred sobranie

абе за тие арно, првенствено мислев на камперите во вистинската смисла на зборот, овие владино-невладиниве се друга приказна :)
 
Се шегував, се разубавува времево таман за овакви надворешни активности е
 
сакам да идам на кампување во шума на подолг период сам ова лето но не можам да најдам соодветно место кај што сакав да идам ми кажаа дека има многу волци па ме предомислија за местото ..
ако некој има некое место да предложи ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom