BITCOINS - Биткоини, алтернативни пари/монети и сл.

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Со вакви високи сметки од ЕВН не се исплати копањето. На крај сметката за струја ќе излезе повисока од заработените биткоини. Кога ќе се спроведе либерализацијата на пазарот на струја, е, тогаш веќе можеме да правиме муабет ;).

5x карти, кои вадат околу 600 долари на месец, трошат 4000 денари за истиот тој месец, нема што да правиме муабет, некои на форумов вклучувајќи ме и мене, веќе копаат со добар профит и знаат добро кои се сметките за струја наместо да шпекулираат и препишуваат туѓи рандом мислења на интернет.
 
Последно уредено:
Земи ASIC компјутер за таа намена,ем помалку троши ем повеќе hash rate има.
 
Муабетов ми е кападастер за фендер...
Изглеа ја најбоље ниви да си копам..
 
Не LTC-a, мада и на нив им се претпоставува дека ке им рипне вредноста за брзо време, и се очекува да достигне и до 100 долара, али еве да речеме последнава недела копав на hgash.io каде што даваа x2 (дупло) од вредноста на LTC-aтa.

Пред тоа добри 2--3 недели копав верт коини, и се правеа и до 15-20 долара у ден, последнава недела дена им падна вредноста. Пред тоа на неколку дена копав аурора коини, мегутоа малку блокови имаше, али секој блок беше многу многу вреден. Пред тоа копав COIN-o, се копаа и до 30-40 долари у ден. Сеа за сеа планирам да се префрлам на spaincoin, според последното истражување што го направив се некако најисплатливи, па ке видиме....

п.с. заеби математика, јас у последниве 2-2,5 месеца колку што копам можам да кажам дека 60-65% од вложените пари ги извадив со тоа што моментлано имам некој 300 долари на валетот кој што не ги рачунам како исплата сеуште.

Пред да почнете да набавувате опрема, добро направете го есапот.

Земете предвид дека тежината на копање постојано се зголемува. За овие 30(-ина) дена тежината за кај Биткоин е зголемена за 35%, претходното зголемување е ~80 % , имало и случаи кога месечната тежина расте над 100%. Ова влијае на теоретски максималниот број на коини што може да бидат ископани.

Под услов сѐ останато да не се менува, континуиран месечен пораст од 100% т.е. удвојување на тежината на месечно ниво, доведува секој месец да заработувате половина од претходниот. Доколку копате бесконечно долго време , би ископале 2X од количината која сте ископале првиот месец.

Со пораст на тежината од само 35% - 2.5 пати.

Друга работа е почетната инвестиција а.к.а. ригот а.к.а. машината. Истава треба да се исплати од генерираните коини. Денес еден BTC вреди
$ 610. Почетокот на јануари околу $ 500. Крајот на ноември преку $ 1100. Пред една година $ 100. Не е баш стабилен пазарот за BTC.

Ни LTC не е подобар. На средина од ноември -$ 4. Една недела после тоа 10 пати повеќе. Последниов месец помеѓу $ 14 и $ 18.

Копањето на коините ви зависи од бројот на обработени Hash-ови во секунда. Колку повеќе може да обработи толку подобро.
Тука некаде треба да се пресмета и потрошувачката на енергија.


Колку за пример, доколку некој денес земе риг како на gt80 , вака би изгледала математиката.

6 x R9 280X(R9280X-DC2-3GD5) картички = 4620 KH/s

BTC во моментов има тежина од 4250217919 , LTC има тежина 5162.

Месечно може да копа BTC= 0.0000164 ; LTC=27.01

BTC/USD=$ 610.008 или месечно ~$ 0.01

LTC/USD= $ 17.781 или месечно $ 480.3

Ако разбрав добро, ригот има две активни напојување со вкупна моќност од 1.3 kW. Со цена на струјата (основна цена за еднотарифно броило+ангажирана моќност +ддв) од 5.1 ден za 1kW/h доколку работи 24 саати на ден, 30 дена месечно, ќе го чини ( 1.3 * 5.1 *24 *30 ) = 4774 ден($ 107.67)

Исто така почетниот влог му е 2000 евра ~$ 2780


До тука, јас да сум во прашање , не би копал BTC. Од старт не можам да ја покријам сметката за струја.

Што со LTC? Постов го почнав со исплатливоста на копање во зависност од тежината. Кога ќе го вметнеме и овој фактор, еве нека е некој оптимистички пораст на тежината од 35% (x2,5 од почетната количина), добиваме вредност од ~ $ 1200. Ова за мене, од финансиска гледна точка, е дефинитивно "не".

Сепак, математикава е направена на брзинка и користени се доста апроксимации. Доколку некој сака да почне со копање(рударење? ) нека направи детаљна анализа.
 
@gt80

Ок, да бараш "парички" поволен тежина/принос сооднос може некако да се исплати. Или да чуваш веќе ископани со надеж дека ќе им се покачи вредноста.
 
@gt80

Ок, да бараш "парички" поволен тежина/принос сооднос може некако да се исплати. Или да чуваш веќе ископани со надеж дека ќе им се покачи вредноста.
Многу е слично едно со друго...исто како што профитот на рудниците на злато им зависи од цената на металот така и на копачите на биткоин. Сега дали ги чуваат или продаваат зависи од нив. Но има и една друга техника тоа се вика хеџ на производство во пракса се проиведува нешто но се држат и шорт позиции во тој производ за да се има заштита од пад на цената и намали ризикот. Незнам дали е можно да се биде шорт на биткоинт ама како финансиска стратегија вреди да размисли секој копач кој мисли подолго да се бави со тоа.
 
Не знам, јас верувам дека лајт коинот ке рипне и сега за сега само лајт коини копам и купувам. моментално имам околу 300 долари во биткоини и кај и да е ке ги сменам и ке купам лајтокоини. Мој ме инсект никад не вара. :)
 
Многу е слично едно со друго...исто како што профитот на рудниците на злато им зависи од цената на металот така и на копачите на биткоин. Сега дали ги чуваат или продаваат зависи од нив. Но има и една друга техника тоа се вика хеџ на производство во пракса се проиведува нешто но се држат и шорт позиции во тој производ за да се има заштита од пад на цената и намали ризикот. Незнам дали е можно да се биде шорт на биткоинт ама како финансиска стратегија вреди да размисли секој копач кој мисли подолго да се бави со тоа.
Конкретно, да го држиш BitCoins е некако ризично бидејќи постои странка кој држи значаен дел од вкупната постоечка количина која има нејасни намери.:icon_mrgr:

Е сеа за другите, веројатно е возможна како стратегија. Само што пазарот е : а) нерегулиран, б) опортунистички, в) во постојана експанзија. За сега кој како ќе го јавне бранот.:)
 
Многу е слично едно со друго...исто како што профитот на рудниците на злато им зависи од цената на металот така и на копачите на биткоин.

Па не би рекол дека се слични ни малку. Едното од нив има интринстична вредност и е реална опиплива ствар, а другото е еден куп нули и единици на нечиј компјутер.
 
5x карти, кои вадат околу 600 долари на месец, трошат 4000 денари за истиот тој месец, нема што да правиме муабет, некои на форумов вклучувајќи ме и мене, веќе копаат со добар профит и знаат добро кои се сметките за струја наместо да шпекулираат и препишуваат туѓи рандом мислења на интернет.

Види мамата, значи ти уште некои овде на форумот сте докторирале на темата биткоин и се растурате од копање и заработување, а сите ние другите нафта пиеме и појма немаме за што се работи? Жити се.

Кој тоа овде шпекулира и препишува туѓи мислења, изјасни се? Тоа што мислам поинаку од тебе не ти дава за право да навредуваш. И Сталкерот убаво детално објасни зошто не би се нафатил на ова и зошто смета дека е неисплатливо од финансиска гледна точка.

Од законска гледна точка да не зборуваме дека трговијата со биткоини е засега нелегална во Македонија.

На крајот на краиштата, што само на копањето наваливте...не е тоа единствен начин да се стигне до биткоини.
 
Па не би рекол дека се слични ни малку. Едното од нив има интринстична вредност и е реална опиплива ствар, а другото е еден куп нули и единици на нечиј компјутер.
Интринсичката вредност на Биткоинт доаѓа од струјата хардверот и софтверот и трудот (последново е според Маркс). Е сега според маргиналната вредност се е прашање на потреби и вкусови. Зависи како и која филозофија ќе ја прифатиш.
 
Види мамата, значи ти уште некои овде на форумот сте докторирале на темата биткоин и се растурате од копање и заработување, а сите ние другите нафта пиеме и појма немаме за што се работи? Жити се.

Кој тоа овде шпекулира и препишува туѓи мислења, изјасни се? Тоа што мислам поинаку од тебе не ти дава за право да навредуваш. И Сталкерот убаво детално објасни зошто не би се нафатил на ова и зошто смета дека е неисплатливо од финансиска гледна точка.

Од законска гледна точка да не зборуваме дека трговијата со биткоини е засега нелегална во Македонија.

На крајот на краиштата, што само на копањето наваливте...не е тоа единствен начин да се стигне до биткоини.

Смешни ми се изјавите како не се исплатело, се додека не ми докажеш зошто не се исплати, (тврдењето за струја ти е смешно) а јас веќе го имам цел улог вратено, и сега хардверот кој сум го купил ми е гратис, овие изјави ќе ви ги цитирам со по-остар тон затоа што се неосновани и базирани на рекла казала тврдења, и што е најинтересно упорно продолжувате со истите.

Кај виде навреда? најголемата загуба од улог за копање, т.е. ризикот е еднаков на 20% од уложеното, во НАЈЛОШ можен случај. Хардверот кој го купуваш, не е бесплатен, и да пропадне све ќе го продадеш со најмногу 20% загуба, а имаш шанси за далеку поголем профит, значи ова е улог со многу мал ризик, за разлика од другите можни опции BTC е сосема безбедно ако знаеш што правиш, што купуваш и по која цена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom