BITCOINS - Биткоини, алтернативни пари/монети и сл.

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Да да, еве мрднати се 10-на што ги знам, вклучувајќи ме и мене, што веќе 5-6 месеци ги имаат извадено парите што ги вложиле, а картите кои ги купија сега им се гратис. Наместо да изигравате папагали, и да се расфрлате со изјави кои сте ги прочитале од рандом про владини веб страни и економисти, не е лошо да имате искуство од прва рака па после да зборите.

Што ќе правиш со толку графички откако ќе заврши трендот?
 
Ќе ја продадам.
 
Oткако ќе заврши трендот со криптовалутите, пазарот (поготово интернет пазарот) ќе биде преплавен со јаки графички картици затоа што сите копачи ќе сакаат да се оттарасат набрзинка од ионака неликвидниот имот. Ти посакувам среќа во потрагата по купувач.
 
Со една разлика, дури и за 50% пониска цена да ја продадам (а нема) пак тие пари ми се чист ќар. Имај во предвид, дека таа карта не е направена со примарна цел да се копа со неа, него за работа и игри, копањето е бонус, тоа што некој копал со нема да и ја намали цената толку многу колку што се мисли, има еден куп гејмери, ентузијасти и луѓе кои работат - користат такви карти.

Исто така, картата ми е купена по доста пониска цена од стандардната така што падот на цените кај мене нема да направат голема разлика.....
 
20140312_ukr1.png

Ако некој сака биткоин може ќе сака да инвестира и во украински обврзници. 50% камата годишно.
 
Руските органи на државната управа и Банката на Русија планираат заедничка акција во областа на виртуелните валути и предупредуваат дека користењето на биткоинот како алтернативна валута во оваа земја е нелегално, бидејќи во Русија единствена важечка валута се рубљите.
 
Леле бате колку негативности.... Да знаев не ја отварав темава. Не одговарам веке и не се замарам негативни фиром-ци веке. Ако некој го интересира и сака да почне бујрум на ПП. Ова е мој последен пост тука.
 
Леле бате колку негативности.... Да знаев не ја отварав темава. Не одговарам веке и не се замарам негативни фиром-ци веке. Ако некој го интересира и сака да почне бујрум на ПП. Ова е мој последен пост тука.

Не се лути веднаш.

Јас сакам да разберам што е ова, ме заинтересира, али ништо не ве сфаќам. Освен што знам што е биткоини како виртуелни пари, ниту копање можам да ви разберам, ниту програми, ниту ништо.

Ако не го мрзи нека објасни некој, благодарам :)
 
Со вакви високи сметки од ЕВН не се исплати копањето. На крај сметката за струја ќе излезе повисока од заработените биткоини. Кога ќе се спроведе либерализацијата на пазарот на струја, е, тогаш веќе можеме да правиме муабет ;).
 
Не се лути веднаш.

Јас сакам да разберам што е ова, ме заинтересира, али ништо не ве сфаќам. Освен што знам што е биткоини како виртуелни пари, ниту копање можам да ви разберам, ниту програми, ниту ништо.

Ако не го мрзи нека објасни некој, благодарам :)
Копање на кратко значи користење на ресурсите на графичката како што е нејзиниот процесор за решавање на алгоритми кои пробуваат комбинации од кодови и пронаоѓање на таканаречените хаш кодови во базата на биткоин кои вредат 1 биткоин. Јас вака го сфаќам. Вака ми го објасни @StormRage.

И ја планирам да вложам барем во две графички за почеток и просек систем колку да се искусам. За натаму ќе видам.

Со вакви високи сметки од ЕВН не се исплати копањето. На крај сметката за струја ќе излезе повисока од заработените биткоини. Кога ќе се спроведе либерализацијата на пазарот на струја, е, тогаш веќе можеме да правиме муабет ;).

Како што читав, потрошувачката на струја е околу 10% до 15% од заработувачката на графичката картица за еден месец. Значи струјата не е проблем.
 
The process of finding blocks is now so popular and the difficulty of finding a block so high that it could take over three years to generate any coins. While you could simply set a machine aside and have it run the algorithms endlessly, the energy cost and equipment deprecation will eventually cost more than the actual bitcoins are worth.

Со други зборови ако си соло(ако копаш сам) можда никад нема да заработиш за да ги извадиш трошковите(струја ,инвестиција).доколку се приклучиш на некоја група (pool) тогаш шансите за заработка се поголеми ама лидерот на групата може и воопшто да не ти плати и нема ни кај да се буниш за да си ги земиш парите.и како времето минува се потешко е да се најде биткоини.
 
@Andrew
Технички, кодовите се состојат од два дела, помалите (не секогаш) се генерираат на процесор, после спојувањето и големите се генерираат со графичката. Причина за истото е multithreading пошо на процесор има помалку јадра и помала пресметувачка моќ и брзина за разлика од било која графичка. Графичките имаат по 200-300-400 јадра и нагоре. Во зависност од архитектурата (е овој дел уште не ми е јасен) најдобри се AMD/ATI графички пошо имаат поинаква архитектура на процесорите за разлика од nVidia. Значи имаше benchmark за nVidia Tesla ( High performance super computing VGA) е послаба од high end gaming AMD графичка. На ова мора да се пази значи, немој некој да зел nVidia картица.


Начинот на „копање“ се работи во multithreading, уствари е brute force, пробување комбинации на огромни кодови кои се содржат во базата на биткоин. Биткоин содржи алгоритми кои од време на време ги генерираат тие кодови и така си ја надополнуваат базата, што повеќе се трошат, тоа повеќе кодовите стануваат поголеми и потешки за копање.
Значи, ако вашиот miner успее да погоди код, кодот се брише од базата на биткоин и се доделува биткоин на вашата сметка. as simple as it gets




The Bitcoin Blueprint
Ви го препорачувам ова, мислам дека презентациите, ова е еден вид на walkthrough, FAQ и технички спецификации, дури и се како функционира биткоин. Мислам дека се плаќа ама сигурно може да се најде некаде, јас имав прилика да го прочитам цело, не сум сигурен дали уште ја имам низ компјутер
 
Биткоините се производ на Компаниите за Компјутери , Графички картички , Електрична енергија , Paypal , Skrill , итн итн со цел да се врти парата :D.
така да стално ќе постојат, можи ќе бидат мн поефтини ама ќе постојат.
 
Не се лутам, едноставно одамна престанав да се докажувам и да се надмудрувам со Македонци, пошто нели кај нас секој се знае.

Иначе исплатливо е, кој и да ти каже поинаку лаже. Јас со риг од 5 картици вадам месечно 500-600 амерички долари чисти, а при тоа нишо не работам, само од време на време проверувам темп. на картиците, да не е нешто заглавено и толку.

У принцип да не пофторувам прочитај ја целава теме, убаво е објаснето, колку да добиеш некоја престава, а после тоа поставувај конкретни прашања и ке ти одговориме.

Не се лути веднаш.

Јас сакам да разберам што е ова, ме заинтересира, али ништо не ве сфаќам. Освен што знам што е биткоини како виртуелни пари, ниту копање можам да ви разберам, ниту програми, ниту ништо.

Ако не го мрзи нека објасни некој, благодарам :)
 
Пред да почнете да набавувате опрема, добро направете го есапот.

Земете предвид дека тежината на копање постојано се зголемува. За овие 30(-ина) дена тежината за кај Биткоин е зголемена за 35%, претходното зголемување е ~80 % , имало и случаи кога месечната тежина расте над 100%. Ова влијае на теоретски максималниот број на коини што може да бидат ископани.

Под услов сѐ останато да не се менува, континуиран месечен пораст од 100% т.е. удвојување на тежината на месечно ниво, доведува секој месец да заработувате половина од претходниот. Доколку копате бесконечно долго време , би ископале 2X од количината која сте ископале првиот месец.

Со пораст на тежината од само 35% - 2.5 пати.

Друга работа е почетната инвестиција а.к.а. ригот а.к.а. машината. Истава треба да се исплати од генерираните коини. Денес еден BTC вреди
$ 610. Почетокот на јануари околу $ 500. Крајот на ноември преку $ 1100. Пред една година $ 100. Не е баш стабилен пазарот за BTC.

Ни LTC не е подобар. На средина од ноември -$ 4. Една недела после тоа 10 пати повеќе. Последниов месец помеѓу $ 14 и $ 18.

Копањето на коините ви зависи од бројот на обработени Hash-ови во секунда. Колку повеќе може да обработи толку подобро.
Тука некаде треба да се пресмета и потрошувачката на енергија.


Колку за пример, доколку некој денес земе риг како на gt80 , вака би изгледала математиката.

6 x R9 280X(R9280X-DC2-3GD5) картички = 4620 KH/s

BTC во моментов има тежина од 4250217919 , LTC има тежина 5162.

Месечно може да копа BTC= 0.0000164 ; LTC=27.01

BTC/USD=$ 610.008 или месечно ~$ 0.01

LTC/USD= $ 17.781 или месечно $ 480.3

Ако разбрав добро, ригот има две активни напојување со вкупна моќност од 1.3 kW. Со цена на струјата (основна цена за еднотарифно броило+ангажирана моќност +ддв) од 5.1 ден za 1kW/h доколку работи 24 саати на ден, 30 дена месечно, ќе го чини ( 1.3 * 5.1 *24 *30 ) = 4774 ден($ 107.67)

Исто така почетниот влог му е 2000 евра ~$ 2780


До тука, јас да сум во прашање , не би копал BTC. Од старт не можам да ја покријам сметката за струја.

Што со LTC? Постов го почнав со исплатливоста на копање во зависност од тежината. Кога ќе го вметнеме и овој фактор, еве нека е некој оптимистички пораст на тежината од 35% (x2,5 од почетната количина), добиваме вредност од ~ $ 1200. Ова за мене, од финансиска гледна точка, е дефинитивно "не".

Сепак, математикава е направена на брзинка и користени се доста апроксимации. Доколку некој сака да почне со копање(рударење? ) нека направи детаљна анализа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom