Како го изградивте вашиот музички вкус?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали веќе изградивте вашиот музички вкус?

  • Да го имам изградено својот музички вкус

    Гласови: 49 83,1%
  • Сеуште го немам изградено својот музички вкус

    Гласови: 10 16,9%

  • Вкупно гласачи
    59
Епа ја коа бев негде околу 7мо одделение се појави, поточно се актуализираше, овој нов тренд на музика наречен турбо-фолк. А на тие години знаеш како е, опкружен си од другари, а другарите ги слушаат родителите и нивниот глас е гласот на постарите уствари. А постарите гледаат кон презир кон музикава. И така сите у моето опкружување се као „леле ужас, срање, колку треба да си смотан ова да слушаш“. И нормално и ја си го прифатив тоа здраво за готово, без уопште да знам нешто за музиката. Али евентуално почна да продира.

Све почна со „Бајпас“ од Аца. Аца Лукас, тој озлогласен антагонист, императорот на злобната турбофолкерска империја кој командува со армија која со своето ширење го опива умот на невините дечиња и ги приклучува кон себе, опседнувајќи ги со таа клета музика. Ја слушнав и ми се свиѓаше. Али го криев тоа, како од другите, така и од себе. Не сакав да си верувам дека ми се свиѓа музиката. Тој период знам беше ептен актуелна и „Аспирин“ од Сека Алексич. Ја слушнав и таа ептен ми се свиѓаше и више не криев. Отидов на екскурзија у Охрид, веќе осмо одделение, у една дискотека ја пуштија Аспирин и сите игравме. Сфатив дека сум среќен и дека убаво ми е што ја слушам музикава. Сепак не го прифатив тој факт целосно, али веќе немав омраза, туку сфатив дека има моменти каде ми одговара тоа да го слушам.

Дојде и средно, и тука веќе станува ептен предвидлива приказната. Средношколци, кај и да идеш сегде се вртат тие песни. Дење сите викаат дека мразат турбофолк, ноќе сите се растураат на музиката. Готов бев, почнав да си пуштам по дома песни на YouTube. Ги слушав нон-стоп од Аца песните, Кафана на Балкану, Нисам Добар Био, Песма од Бола, Дијаболик, Нисам Преживео, Пао Сам на Дно и нормално, најфамозната, онаа која ми постана омилена и засекад у срцето „Лична Карта“. Тоа беа тие песни, точно тие 8 од Аца кои досега ги набројав кои ми влегоа у мозокот и засекад го внесоа турбофолкот у мене. Кулминацијата ми достигна кога славевме Нова Година голем дел од генерацијата во прва година средно заедно, кај што ги распаливме овие песни. Само, I took it one step further. Ја не бев тој што слуша само кога искача навечер по дискотеки и кафанчиња. Слушав стално. Дење, ноќе, дома, надвор, у школо, пред часеви, после часеви, на одмори, цело време. И евентуално почнав да се идентификувам со тоа.

И еве ме денес. Слушам и друга музика јас, нормално, али на никој не му е гајле за тоа и баталив да зборам за истото. Сите сакаат да зборат за тоа како слушам турбофолк, па ете им, и јас сам ќе зборам за тоа, а не за другите работи кои ги слушам.

And I have 0 regrets about it :P

Тај... мали црни враг... што је у... мене ушао... :pijanco:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom