Проект Центар 201Х?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Дај изгласајте ме мене, прво нешто што ќе направам е ќе го сменам уставот, така што секој политичар и неговата фамилија, што превземаат било каква мерка за урбанистичко планирање можат да бидат убиени од било кој и убиецот ќе биде прогласен за светец
Барем ако не за друго барем нема да гледаме вакви идиоти од политичари.
 
Едните го направија Скопје гнасно барокно. Другите ќе го обојат гнасно индиско. Жалосно е за градов. И едните и другите му се изнаплукаа на градот. Ниту план, ниту естетика, отиде се во аут. Градот ја изгуби душата.
Ова мене ми личи само на пусти инает терање. Демек, е за инает на вмровците нема во барок да ги прајме зградите.
И на крај испаѓа, ни вода, ни киселина. Или сите во барок стил нека ги прават, или во модернистички. А не да си ги мерат чиј инает е поголем.
Порадо би било од опозиција тие да се согласат и да продолжат со тој барок, само ради тоа што веќе е почнато и е касно за промени сега. Ама за жал егото нивно е бесконечно големо.
 
Зашто уопште се мачкаат во барок, а сега и во шаренила.
Зар не им текнува дека ова е Македонија и дека фасадите треба да бидат во стилот на Македонската традиционална куќа..... нешто што ќе потсеќа на Македонското минато :)
 
А што мислите за овие настанати промени ? (видете ги разликите, ова ни шаренилото не го прикрива)

опа шутка стајл а?

68754913.jpg
 
се’ за/од инат - е работава :tapp:
сааааамо............толку им стига
 
Едните го направија Скопје гнасно барокно. Другите ќе го обојат гнасно индиско. Жалосно е за градов. И едните и другите му се изнаплукаа на градот. Ниту план, ниту естетика, отиде се во аут. Градот ја изгуби душата.

Градот ја изгуби душата кога го срамни земојтресот.
А после тој јапонецот или кој беше му еба матер скроз и тоа за век и навек. Туку молете се да мани уште еден појак, се да срамни и се наново. Трета среќа што би рекле.
 
Градот ја изгуби душата кога го срамни земојтресот.
А после тој јапонецот или кој беше му еба матер скроз и тоа за век и навек. Туку молете се да мани уште еден појак, се да срамни и се наново. Трета среќа што би рекле.
Јапонецот супер си го проектира, само нашите слаба реализација
 
Градот ја изгуби душата кога го срамни земојтресот.
А после тој јапонецот или кој беше му еба матер скроз и тоа за век и навек. Туку молете се да мани уште еден појак, се да срамни и се наново. Трета среќа што би рекле.

Градот ја имаше душата. Почна да ја снемува од моментот кога го уништија Дебар Маало со сруши куќа изгради зграда и го направија кинески кварт. Па потоа дојде идиотскиот барок.
Јапонецот за тоа време го направи најдобриот проект, само што нашите му се мешаа и од тоа искочи ништо.
А пред да повикаш на земјотрес кој носи животи, друг пат помисли малку со мозокот, ако уште ти функционира.
 
И кога ќе помислиш дека неможат да направат поголемо срање, они те изненадуваат... Ептен жалосно на што ни личи Скопјево :place:
 
Јапонецот за тоа време го направи најдобриот проект, само што нашите му се мешаа и од тоа искочи ништо.
Кај мене секогаш стои дилемата „дали добар проект е добар ако функционира со рандом „луѓе“ или е добар ако го препознае менталитетот на човекот?“ „Проектот на Танге“ е погрешна формулација која е во оптек во јавноста, нешто слично како новинарската измислица „барок“. Танге е добитник на прва награда на конкурсот, но урбанистичкиот проект е 50% од предложеното решение на конкурсот, а уште подискутабилно е колкав процент од тие 50% е реализирано. Другите 50% се решенија предложени во другите два наградени труда од конкурсот.
На макетата на Танге ја нема турска чаршија....
Мое мислење е дека Танге во тогашните власти ја препознал желбата да се гради (нешто што и овие примитивци го имаат сега), а не се симнал до примарната клетка на Скопје - усмрден тврдоглав „шизик“ во синдикалка (дојден од негде), со неизмерна желба да чува буре купус и ѓубре на балкон и да плука преку него....

Скопското малцинство на школувани, прошетани и умерени луѓе (кое е пикнато во ќош или исселено) во тој проект, познавајќи го претходните димензии на предземјотресно Скопје (кои биле на ниво на турска касаба), виделе можност да добијат град....примитивците тоа го доживуваат како некаква си идеолошка порака, а кутрите копита не бараат идеолошка порака во изградената инфраструктура од тој период, туку знаат само во фасади да гледаат, фасади за кои 50 години со прст не мрднале, а сакаат да им се убави....станарите на оваа зграда, ги болел К кога си ги преградувале балкончињата, а сега сакаат да им е убава фасадата....епа не иде „и к***ц у д**е и душа у рај“ што би рекле скопјани...
Објектов за кој се расправаме е нешто како „херојското спасување“ на заваените патници на Вучиќ пред некој ден - нема настан, а се крева прашина - обична најпримитивна пропаганда, на сметка на тоа градов ја надградува својата мизерија и го губи карактерот на град...

Го мразам „скопскиот барок“, ама паралелниот универзум на Жерновски кој почна со паралелна прослава на нова година, најави за дислокации на споменици, терање инаети со вакви „акции“ од стихиен карактер сигурно не може да биде добро...се' додека се размислува „Дај да срушам се' што напраил тој пред мене“ - ќе ни биде Скопје вака грдо и нефункционално...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom