SANDER VAN DOORN @ EXPO CENTER - 28.02.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна не сум бил толку разочаран после журка. Гужва претерана, деца да не зборам, сигурно присуствуваме на првото искачање у град на некои од децата. Незнам што да кажам ама барем нека ограничат картите, сигурно има некој закон и нека не пуштаат под 18 сигурно и за тоа има закон. Незнам кај е проблемот ама сигурно е и во тие овер 20 кои едноставно ваљгда поише сакаат да си дремат на кафенце и по т фолк ствари. Изгледа златното време на ДЈ журките во Колосеум заврши со журката на Фери зимата 2011 ако не се лажам.

Сетов на Сандер не беше лош ама не беше ни ништо посебен, ако го споредиш со тој од Ултра Мајами :) Страшно тупење од ДЈ што пушташе пред него. Ако треба да праам споредба од последниве две журки што беа овде Шулц и Сандер, според мене на Шулц беше бар за 2 оценки боље.
 
Добро бе, од кај никнуваат вакви "Диџеи" што имаат по 3 песни и се популарни по една сезона (читај лето) и по кои летаат дечурлана?
Колку пари толку музика.
Истиот Сандер од вчера за неполн месец ќе има ненормален сет на Ултра Мајами ама таму ќе го платат неколку пати повеќе од вчера.
 
Е па обезбедувањето е СГС, нормално дека во Експо не важат законите на државата
 
Тапа журка, значи гужва у пичку матер, малишаана врие, сељачаана уште повеќе, добро бе луѓе, се пробивам низ гужвата и културно си викам можели да поминам, нафуран копиљак со цигара унатре ми вика, не, и како после да не дојде брза помош ? Ќелавицата Лефанк тапа, ама ептен тапа, Минимал ли бе пријателе сме дошле да слушаме ? Ко ноќни вибрации на радио да слушав, не се пушта таква музика Фолтин - Везилка ми ја пушта иди утепај се. Друго, му запре музиката, Мекот го сјеба, пу да ти е*ам. Сандер кога дојде управи малку онака, не на некоеси високо ниво, ја очекував If I Lose Myself и бидна, али у глобала, претерано многу гужва, те бутаат од сите страни значи такви сељачишта имаше, брат у експо со шал, ја на кратки ракави жешко ми е, братов со шал и капут, еј ? @Satellite читни онака колку да видиш шо збори рајата :)
 
Не потреба да плукате по нашите дџ и бидејќи тие се загревање и поради тоа се обврзани да пуштаат музика со помал BPM од таа што ја пушта носителот на вечерта. Не беа толку лоши си тераат Tube & Berger нема промашај тука.

Сандер скоро ептен слабо ама ок во глобала разочаран сум од организаторите.
 
Последно уредено:
Плус да додаам копиљ еден се начукал и повраќа наеднаш тука пред сите. Ја се кладам дека 80 посто од луѓето (читај децата) не ни слушнале за Сандер пред журкава. Поголема е веројатноста да слушнале за Санадер Иво. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom