Македонија во Сочи 2014

Член од
14 март 2010
Мислења
17.049
Поени од реакции
16.577
logo-sochi2014-transformer-bid.png

Македонската експедиција на Зимските Олимписки Игри во Сочи 2014 ќе се состои од тројца членови, двајца нордијци, и еден спортист во алпско скијање.

За прв пат на игрите, Македонија ќе има спортисти со обезбедена А-норма.
Антонио Ристевски ќе ја претставува Македонија во алпско скијање, и е еден од двајцата со обезбедена А-норма, тој на игрите ќе учествува во велеслалом и слалом, слаломот е негова појака страна. За него оваа Олимпијада ќе е втора по ред, беше учесник и на игрите во Ванкувер.
Дарко Дамјановски е вториот спортист со обезбедена А-норма, најискусен од тројцата кои ќе ги гледаме на игрите, ова е негово трето учество, првото го имаше на игрите во Торино, и Македонија ќе ја преставува во нордиско скијање.
И третиот член од скромната експедиција на Македонија е нордијката Марија Колароска, која на игрите е дојдена со Б-норма. Дебитантка на игрите.

Распоред на настапите на нашите Олимпијци

Антонио Ристевски - 19 февруари, велеслалом; 22 февруари слалом.
Дарко Дамјановски - 14 февруари, 15км класично; 23 февруари, 50км слободно.
Марија Колароска - 13 февруари, 10км класично.
 
Со среќа - ќе се чуе нашето име, да се надеваме бар на една бронза.
 
На Сител ќе почнат уште малце „Македонија кон победа! Македонија за остварување на својот сон! Македонија за три злата!“ (или пет).
 
Битно екскурзија ќе си направат, колку толку.
 
Среќна сум што се со А норма. Значи се испотиле за да стасаат до Сочи, а не да се излежаваат 4 години па да плачат по весници оти не им дале вајлд карта.
 
1551706_727284807296390_2040383044_n.jpg


Да има некаде да би се кладел дека ова чупево ќе заврши последна во својата дисциплина, би ставил големи пари. Ко изгубена да ми е во вселената. :D
 
Има некој да пушта помалце натпреварувачи од нас, а да е држава каде жителите виделе снег ? Ако не се загини од овие некој успех ќе биди за нас :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom