Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Рече Пеја кој тврдеше дека симулацијата на Суарез против ПСЖ било чист пенал :masa:

Иначе @red.devil реално Џони те уби со аргументот за Лестер откако ти ја лепна дека Лајпциг завршиле втори, па не знаеше после како да вратиш :icon_lol:

Не може од една страна да заземаш став дека Бундес е слаб бидејќи второлигаш до вчера завршил второ место, додека во исто време за ПЛ да го забораваш фактот дека ја освои Лестер, со Раниери како тренер со 10 бодови предност пред вториот. И тоа најмногу што стигнаа таму Арсенал, Тотенхем имаа нешто едвај над 70 бодови. Или сега ќе ми речеш лигата е прејака и тешко се освојуваат бодови против помалите екипи :angel:? На што нормално јас ќе те прашам како Челзи освои 71/78 против екипите надвор од топ 6 при што веројатно пак ќе се загубиш или ќе се обидеш со нешто "не играа Европа".

Пак ќе кажам немате аргумент дека Тотенхем е подобар од Дортмунд генерално во последните неколку години. Тоа за потенцијал што имаат не може да биде пресудно, бидејќи како и да ја вртите си стои фактот дека Дортмунд покажа повеќе од Тотенхем на фудбалската мапа во претходните 3-4-5 сезони.
Тоа што го направи Лестер секоја сезона делумно го прави некој тим во бундесот - едина константа се Баерн и Дортмунд -што ми е поентата. Кој друг тим издржал две сезони од германија да игра лш едно по друго? Сите што успеале следната сезона се бореле за опстанок. ЛЕСТЕР ВО БУНДЕС ИМ СЕ ДЕШАВА СЕКОЈА СЕЗОНА. Ова со Лајпциг беше врвот. Дебитант кој има 5годишна историја севкупно, до Декември месец беше прв на табелата додека убер јакиот дортмунд не знаеше кај тера и примаше во просек по три гола на натпревар.

Но, ако тепа Грција на европско или Лестер ПЛ тогаш европскиот фудбал односно пл лигата се за никаде. Ако истото го направи Атлетико една сезона, тогаш го прекинале дуополот во шпанија, се е до перцепцијата.
За некои фактите се бројки, за мене не. Зошто сите бројки имаат различна тежина. И како што реков, нека се гонат двата тима у три лепе и не ми е гајле кој каде е во светскиот фудбал. Џони е урнебесен со критериумите и затоа се замешав - што се каам. Повлечи само паралела во споредбите меѓу дортмунд-тотенхем и барса/атлетико-јуве и ќе ти стани јасно.
 
Пак ти со 5 сезони.

Задњи 2-3 ми беа земени во предвид и во тој случај Дотрмунд и Тотенхем се на исто ниво.

И не ги глеам само резултатите во предвид туку и играчите, понашањето на трансфер пазарот, тренерот итн... Ти пишав дека и двата тима не се доволно сериозни за да бидат во првата клапа. Особено не па Дортмунд кои ги менуваат амбициите у текот на сезона.

Dortmund vo toa vreme ima titula a Totenham ne. Ima i drugi argumenti amo ova e fakt koj ne moze da se negira.

Inace vo tie granki sto gi spomna Dortmund e pred Totenhem, vo sekoj pogled. A ambiciite nikogas ne se smenile. Site celi se postignaa duri i poveke (direkten plasman LS, pominuvanje grupi LS i finale vo kup).

Oti si kazujte nevistini?

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Логикава од Џони
Јуве вс другите тимови
Нема врска што освоил 10390 титули, умрена била сериа А.Затоа Атлетико или Барса ќе се пред него.
Дортмунд вс Тотхам
Дортмунд се појаки оти освоиле 2ро место и избориле ЛШ.Тука нема врска што е отепана лигата и има само еден гигант.
Vidi sega, konkurencijata vo pl e pogolema megju timovite ama diskutabilen e kvalitetot. Poslednite godini toj drasticno padna vo PL.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Не е воопшто јасно дека Јувентус се пред Атлетико, сепак дечките на Чоло се борат во лигата овие 3-4 години против двете најдобри екипи во Светот, предводени од топ 10 историски играчи како Меси и Роналдо. Тука успеаа да земат домашна титула, што е огромен успех.

Од друга страна во ЛШ Атлетико е минимум 1/4 финале веќе 4 години по ред, што исто така е достигнување за почит и е ѓаволски тешко да се оствари. Точно е дека двете екипи имаат по две финалиња, но Атлетико има 1/4 и 1/2, а Јуве беше eлиминиран во 1/4 и 1/8.
Нијанси се во прашање, тука се и двете екипи, има простор за дискусија. Според мене Јувентус ради низата на трофеи во домашното првенство е малку пред Атлетко, но и јорганџиите имаат аргументи на своја страна.
Како и да е во топ 5 и двете се сигурно.
 
Vidi sega, konkurencijata vo pl e pogolema megju timovite ama diskutabilen e kvalitetot. Poslednite godini toj drasticno padna vo PL.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk

Абе го пишав она колку да види Џони колку си гледа пристрасно.
И јас мислам дека Дортмунд е пред Тотхам во секој случај.

ПЛ стварно се поизедначени тимовите и долните клубови може да направат проблеми со овие појакиве, но тоа не ја прави јака лигата.
15тиот во ПЛ е појак од 15тиот во другите лиги, 1 до 5ти од ПЛ е послаб спрема другиве лиги и затоа ПЛ е поизедначена.
Фановиве на ПЛ претежно сакаат да не наведат да мислиме демек 10тиот во ПЛ ќе ги рашлака севиља и сл тимови што се 4-5то место во другиве лиги.Мало морген тоа.Се гледа колку се јаки топ тимовите од ПЛ, неможат да мрднат во лш.Сити пред 1-2 години во полуфинале топка не фати, изгледаше како тим од југословенскиве простори.
 
Последно уредено:
Па тие се екипите во последно време, Барса, Реал, Атлетико, Јуве и Баерн, се останато е под нив. Доста гиганти умреа од смрт, Јунајтед, Интер, Милан, све тоа пропадна ко жетон и реално би било добро што поскоро да се вратат на победничките патеки, преку тасета од предвидливи исходи во двомечите во ЛШ.
 
Логикава од Џони
Јуве вс другите тимови
Нема врска што освоил 10390 титули, умрена била сериа А.Затоа Атлетико или Барса ќе се пред него.
Дортмунд вс Тотхам
Дортмунд се појаки оти освоиле 2ро место и избориле ЛШ.Тука нема врска што е отепана лигата и има само еден гигант.

Прочитај ми ги сите постови па подоцна давај заклучок..никаде не напишав дека Атлетико е пред Јувентус..Јувентус се разбира дека е пред Атлетико Мадрид туку друга ми беше поентата ама кога не дочитваш ќе тресиш после глупости
 
Па тие се екипите во последно време, Барса, Реал, Атлетико, Јуве и Баерн, се останато е под нив. Доста гиганти умреа од смрт, Јунајтед, Интер, Милан, све тоа пропадна ко жетон и реално би било добро што поскоро да се вратат на победничките патеки, преку тасета од предвидливи исходи во двомечите во ЛШ.

Кои двомечи во ЛШ?
 
Тоа што го направи Лестер секоја сезона делумно го прави некој тим во бундесот - едина константа се Баерн и Дортмунд -што ми е поентата. Кој друг тим издржал две сезони од германија да игра лш едно по друго? Сите што успеале следната сезона се бореле за опстанок. ЛЕСТЕР ВО БУНДЕС ИМ СЕ ДЕШАВА СЕКОЈА СЕЗОНА. Ова со Лајпциг беше врвот. Дебитант кој има 5годишна историја севкупно, до Декември месец беше прв на табелата додека убер јакиот дортмунд не знаеше кај тера и примаше во просек по три гола на натпревар.

Но, ако тепа Грција на европско или Лестер ПЛ тогаш европскиот фудбал односно пл лигата се за никаде. Ако истото го направи Атлетико една сезона, тогаш го прекинале дуополот во шпанија, се е до перцепцијата.
За некои фактите се бројки, за мене не. Зошто сите бројки имаат различна тежина. И како што реков, нека се гонат двата тима у три лепе и не ми е гајле кој каде е во светскиот фудбал. Џони е урнебесен со критериумите и затоа се замешав - што се каам. Повлечи само паралела во споредбите меѓу дортмунд-тотенхем и барса/атлетико-јуве и ќе ти стани јасно.
Како бе секоја година им се дешава? Кој е тој мизерен тим што освоил бундес па да им се дешава? Премногу ја преценуваш пл.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Не пишувам тоа што ми одговара туку пишам со ФАКТИ..а пред фактите и боговите молчат.

Ќе земам за пример и трофеи и целовкупни успеси во претходните 5 години бидејќи неможи од 1 сезона да гледаме кој е подобар и поуспешен..ако е така тогаш Лестер е подобар од Арсенал што е надвор од паметот да го помислиш тоа.

Дортмунд: 2013-2017
-Четири настапи во ЛШ,Четири пати ја поминаа групната фаза во ЛШ од кои еднаш во 1/4 финале и еднаш финале во ЛШ
-Четири пати со ред играа во финалето на Deutsche pokal и еднаш го освоија изминатата 2017
-Во домашното првенство три пати завршија на второто место,еднаш 3-то и еднаш 7-дмо.
-Во истиот период двапати го освоија Германскиот супер куп против Баерн Минхен.
целовкупно имаат 3 титули..една во Германскиот куп и две во суперкупот.

Тотенхем 2013-2017
-Еден настап Во ЛШ каде испадна во групната фаза,5 настапи во ЛЕ без некаков позначаен успех и елиминирани претежно во 1/8 и 1/4 финале
-Eден настап во Англискиот final-four во Фа Купот 2017 каде беа елиминирани од Челзи
-Во домашното првенство двапати завршија 5-ти,еднаш 6-ти,еднаш 3-ти и еднаш 2-ри.
Севкупно имаат 0 титули

Еве ги ставивме на кантар/вага чисто процедурално па самите можите да си заклучите кој што како.

@red.devil
Морам да си го самоцитирам постот па да ги разрешиме дилемите кој какви критериуми користи(како што му одговара според тебе)..тебе те сметам за доста објективен член и не ми е поентата да се расправам со тебе туку чисто процедурално разменуваме ставови.
Ама ја претера со она кога тврдеше дека Евертон и Тотенхем СИГУРНО би се бореле за ЛШ секоја година ако играат во Германија со тоа што ти вратив дека ако играа во Германија ќе настапуваа по тамошните услови и немаше да имаат таков прилив и одлив на финансиски средства како што имаат сега..тоа не е хипотетички муабет туку ти возвратив на твојата теза.
Подоцна ти напомена дека екипа од втора лига доаѓа и се бори за титула а реалноста е дека не се бореше за титула туку само имаше одличен старт и се задржа до крајот поради тоа што другите конкуренти беа мизерија како Леверкузен,Волфзбург и Шалке(што е нормално да имаш лоша сезона доколку немаш поширок ростер),слично како во Англија кога Лестер ја искористи лошата сезона на конкурентите поради истата причина(што од напорен распоред,повредени играчи итн.)

Што се однесува до споредбите на Јувентус со Барселона во минатите 5 сезони ќе напишам една парарела како погоре за да престанат сомнежите дека користам различни критериуми.

Јувентус 2013-2017
-5 скудета со ред во Италјанската Серија А
-3 Италјански купа со ред
-Двапати стигнаа до финале во ЛШ,еднаш беа елиминирани во 1/4,еднаш во 1/8 и еднаш по фазата на групи каде подоцна беа елиминирани од Бенфика во ЛЕ во 1/2 финале.
-2 супер купа на Италија

Барселона 2013-2017
-3 освоени Примери Дивизион
-4 финалиња во Купот на Кралот од кој 3 освоени со ред
-Една титула во ЛШ во 2015(тројна круна),останатите сезони беа елиминирани еднаш во 1/2 финале и три пати во 1/4 финале
-2 супер купа на Шпанија
-1 супер куп на Европа
-1 Интернационален куп

Ова се графата на официјални трофеи на двата клуба..е сега можите сами да направите есап кој повеќе тежи и дали има смисла да се ставаат на исто ниво..за играчкиот/финансискиот кадар и квалитет Барселона е понапред нема тука дискусија,за тежината на домашните првенства смешно е да разговараме,ама ова е за кој повеќе тежи според критериумите на @ElNinho
 
Како бе секоја година им се дешава? Кој е тој мизерен тим што освоил бундес па да им се дешава? Премногу ја преценуваш пл.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Штутгарт и Волфсбург на пример. Па уште еднаш Волфсбург пред 2 сезони кога завршија втори а еве ги сега. Хамбургер пред некоја година ми текнува обезбеди ЛШ па наредна сезона потоп еве ги до ден денешен глава не кренаа
 
Кои двомечи во ЛШ?
Па еве пример Лестер-Атлетико, знаеш дека и да играат уште 2000 пати пак ќе пројде Атлетико. Иначе лошо го напишав тоа двомечите, требаше општо за поголема неизвесност во ЛШ. Знам дека сега ќе следи од твоја страна: па интер играше со ЦСКА 1/4 финале кога освои, ама факт е дека кога има повеќе гиганти далеку понеизвесно е. Друго е кога имаш повеќе екипи кои атакуваат на трофеј, а друго е кога имаш екипи за кои е успех да пројдат групи или 1/8 финале.
 
Тоа што го направи Лестер секоја сезона делумно го прави некој тим во бундесот - едина константа се Баерн и Дортмунд -што ми е поентата. Кој друг тим издржал две сезони од германија да игра лш едно по друго? Сите што успеале следната сезона се бореле за опстанок. ЛЕСТЕР ВО БУНДЕС ИМ СЕ ДЕШАВА СЕКОЈА СЕЗОНА. Ова со Лајпциг беше врвот. Дебитант кој има 5годишна историја севкупно, до Декември месец беше прв на табелата додека убер јакиот дортмунд не знаеше кај тера и примаше во просек по три гола на натпревар.

Но, ако тепа Грција на европско или Лестер ПЛ тогаш европскиот фудбал односно пл лигата се за никаде. Ако истото го направи Атлетико една сезона, тогаш го прекинале дуополот во шпанија, се е до перцепцијата.
За некои фактите се бројки, за мене не. Зошто сите бројки имаат различна тежина. И како што реков, нека се гонат двата тима у три лепе и не ми е гајле кој каде е во светскиот фудбал. Џони е урнебесен со критериумите и затоа се замешав - што се каам. Повлечи само паралела во споредбите меѓу дортмунд-тотенхем и барса/атлетико-јуве и ќе ти стани јасно.
Човек во право си за тоа, ама не може да ја тргнеш ПЛ од муабетот кога користиш таков аргумент. На Бундес му се дешаваше многу почесто кога Волфсбург, Штудгарт и слични тимови земаа титули и после една-две сезони се бореа за опстанок. Ама затоа тогаш Бундесот беше страшно очајна лига. Сега откако се стабилизира Баерн и до некаде Дортмунд доста се поправија, додека во Англија после падот на Јунајтед (поточно после заминувањето на Ферги) не се знае ништо. Една сезона Ливерпул со два ипол играчи се бореше за титула, за кога излезе во ЛШ да се изрезили за сите пари. Сити изигра најслабо полуфинале во ЛШ. Челзи исто така горе долу оди само 1-10-1 им е позицијата во последните три сезони, при што испаѓаа двапати по ред од ПСЖ во 1/8 финале. Се што сакам да кажам е дека ПЛ падна страшно овие 3-4 сезони, што се манифестира преку осцилациите на големите тимови кои што не знаат каде тераат на долг рок. Затоа Лајпциг ти држи вода, ама дефинитивно доста посилен против одговор е Лестер со титулата.

Зачетокот на дискусијата беше Дортмунд дали е во топ 10, а продолжи со тоа што Тотенхем беше ставен пред нив, што дефинитивно нема логика ако се земат во предвид турбуленциите во англискиот фудбал и падот во квалитетот. Не држи вода муабетот Тотенхем игра во ПЛ, Дортмунд во Бундес па демек нема споредба потешко им било на овие. Кога ќе го додадеме испаѓањето од очајната група лани на лондончани завршува дебатата.

Џони убаво си рече и за Барса-Атлетико и Јуве, ама како за инает да не го разбравте. Јувентус не може да биде ставен на исто ниво со Баерн/Барса/Реал бидејќи Шпанците во финале ни го зедоа убедливо скалпот, додека кога ќе се спомне Баерн уште се подмочуваме. На тоа се надоврзува дека Атлетико е зад Јувентус, но можеби поблиску отколку што Јуве е до првите три. Се на се тоа се топ 5 екипите во Европа последниот период, за надолу потешко е да се утврди.
 
Штутгарт и Волфсбург на пример. Па уште еднаш Волфсбург пред 2 сезони кога завршија втори а еве ги сега. Хамбургер пред некоја година ми текнува обезбеди ЛШ па наредна сезона потоп еве ги до ден денешен глава не кренаа
Ама не ти зборам за пред 10 години последниве неколку сезони праиме муабет. И сам си свесен дека квалитетот на ПЛ е страшно опаднат.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom