Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Лошо ако останеме без него, нападот ќе е каде каде десеткуван со оглед на тоа што и Ибра си оди а и баш Гризу перфектен играч е за тактиката на Мурињо. Мора да му се донесе асална конкуренција на Марсијал и тоа подхитно.
 
Херта сакаат офанзивно крило да ангажираат. Прва опција им е Андре Хан од Гладбах. Втора опција им е Алиоски од Лугано кој растури сезонава. Ова според медиум од Берлин. Уште пред месец дена швајцарски Блик објавија дека Херта го сакаат. И за Ајнтрахт Франкфурт и Леверкузен пишаа дека се заинтересирани, но Херта посериозно. Се надевам ќе биде зашто и минутажа сигурно ќе добива бидејќи два пати неделно ќе имаат натпревари. Па ајде и младите репрезентативци да направат добри трансфери летово па да ги видиме и нашите играчи конечно во топ лигите.

Последно уредено:
Газета објавува дека Интер и Манчестер Јунајтед се договориле за Перишиќ за сума од 52м евра. :cool:
 
Сеа иде она класичното - we never wanted him anyways. :D

Или уште покласичното и поклише, да си замине откако кажал дека ќе остане/потпишал нов договор.
 
Венгер имаше изјава дека пробал да го донесе порано Мбепе, дури и дома му бил и овој пак го избрал Монако.
Ако е точно ова со понудава, страшно ме занима Венгер на кој муабет ќе проба да го донесе у Арсенал.

„Синко ела у Арсенал, не играме ЛШ сезонава и не сме биле у борба за ПЛ од памтивек, ама оваа сезона само уште 2ца играчи ни треабаат и освајаме сигурно“ ?

Може ова со понудава е само можност за нова изјава на Венгер за некој месец, кај шо ќе каже „Ние секогаш пробуваме да ги донесеме најдобрите играчи, ама не можеме со нафташите. Ете и 100 милиони понудивме, ама не иде против нафташи бе, не и-д-е !“
 
Може да му понуди место у прв тим, нешто што неможат Реал, Сити и остали.
 
Затоа ќе си остане у Монако уше сезона-две и нема фрка.
Ако се точни понудиве од сто милиона тешко дека Монако ќе ги одбије. Со тие пари има да функционираат 2-3 сезони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom