Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Почна да се тешиш? :D

Иначе, они нас ни го продадоа Стариџ у јануари, не ние нив :coffee:
Нема што да се тешам, реално од УЕФА ни го чукнаа. Им ги скинаа бановите на Реал и Барса, Aтлетико кој го ебе. Јебига. :)
 
Две битни работи од банов на Атлетико:
  1. Се очекуваше Коста да си оди од Челзи летово, ама пред некој ден изјави дека би одел само во Атлетико, што сега би требало да значи дека останува бар уште една сезона.
  2. Јунајтед како клуб покажа дека е ист ко навивачите со изјава "we didn't want him anyway" за Гризман, кратко после потврдата на банот. Изгубиле интерес засега затоа што приоритет им бил напаѓач по повредата на Ибра, а не 10ка.
Брифирани се новинарите одеднаш, остај ти таа работа не биле заинтересирани или не го сакале. Не ли гледаш сите со иста изјава искочија. Ибра не се повреди вчера па да не знаеа што им фали. Истово беше и со Погба лани, се тргаат од помпата настрана.
 
Фрос, драстично се намалени шансите да го земете после потврда на трансфер банот. Друго ќе беше и Чоло да отидеше у Интер :pos:
 
Не е битно што може да продаваат него што до пред 3-4 саати беше готов трансферот, а сега испаѓа дека не биле заинтересирани :D
Сине, прво 20 души 20 различни работи кажуваат, секој си продава приказна за кликови. Друго, од каде виде ти официјално известување од Јунајтед "и така не го сакавме"? Мурињо си кажа после ЕЛ финалето дека тој на Вудвард од Март му го има доставено списокот на играчи кои ги сака. Дали Гризман е или не е на тој список си знаат 2цата, но не ми е јасно зошто воопшто би се правдале со "и така не го сакавме" кога тука е многу едноставна причината (во случај да пропадне трансферот), а тоа е трансфер банот на Атлетико. Ова не е никакво потфрлување од управата на Јунајтед, повеќе е сплет на околности и стварно нема потреба да се правдаат.
 
Фрос, драстично се намалени шансите да го земете после потврда на трансфер банот. Друго ќе беше и Чоло да отидеше у Интер :pos:
Не, ок тоа, зборам само дека познати ми се ваквиве ПР фори што ги пуштаат :)
 
Еј „сине“ му рече хахахаха
Кој си бе ти, СтојанчО од Габар, Кривопаланечко? :D
Александар Маленко, на Жаре еденаеден омилениот. А со тоа ваљда и на @dragonsky наш. xD
 
Сине, прво 20 души 20 различни работи кажуваат, секој си продава приказна за кликови. Друго, од каде виде ти официјално известување од Јунајтед "и така не го сакавме"? Мурињо си кажа после ЕЛ финалето дека тој на Вудвард од Март му го има доставено списокот на играчи кои ги сака. Дали Гризман е или не е на тој список си знаат 2цата, но не ми е јасно зошто воопшто би се правдале со "и така не го сакавме" кога тука е многу едноставна причината (во случај да пропадне трансферот), а тоа е трансфер банот на Атлетико. Ова не е никакво потфрлување од управата на Јунајтед, повеќе е сплет на околности и стварно нема потреба да се правдаат.
Кој рече дека потфрлила управата бе. Се заебавам затоа што е интересно :D
Сите ја пишуваат истата приказна. Дека во последните неколку саати (откако беше потврден банот) од Јунајтед стигнала информација дека секако паднал интересот затоа што сега им бил приоритет напаѓач, а не 10ка. Или со други зборови, и така не го сакавме.
Не биди буквалист :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom