Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ти да не имаш некое пореметување на личноста бро ? Изгледа си заборавил што све си пишувал на форумов кога беше потпишан џони вајсмилер, па сеа мислиш дека со нов ник си достигнал некое ново интелектуално ниво па си дозволуваш вакви работи да пишуваш.
Болдираното, па тоа ти беше трејдмарк, го патентираше тоа со претходниот јузер, најмалце ти имаш право да збориш за тоа кој пишува а кој не глупости, и притоа да се потпираш на тоа кој колку години е. Најтрагично е што ова упорно го тераш ко размислување на оваа тематика, добри недела дена замараш со истиов муабет.
Предмет на спрдња беше пред неколку месеци, дури и стелтот тоа ти го укажуваше и притоа беше во право, избриша јузер те снема од интернетов и сеа со нов јузер ми доаѓаш тука и ми форсираш некој ваков муабет. Не ми е јасно како се чудиш на вакви работи, значи секој ден пред огледало тоа чувство на чудење те обзема гледајќи се ... така му доаѓа бе xhoni.

Ова е форум, убаво ти пишал лупхолот ај ако не сите исто да размислуваме и све исто да пишуваме, и да умре сместа форумов од смрт. Земал се чуди и замара за истото .... и што е најтрагично, сериозен си, ко некој бесен циго со сунгер у рака на 450 степени да се чуди шо некој друг смрди, а овој го осеќаш од буњаковец со затворени прозори у кола као смрди на семафорот кај соборна. Значи уреду е џони, смири живац и пушти го чудењето на минимум.

Никогаш не сум избришал јузер,никогаш не ме снема а и да ме снема можеби си имам одредена причина за тоа бидејќи не е само форумот во нашиот живот,си имаме и други обврски и проблеми што се побитни...за глупости сите сме треселе и сме се бламирале со прогнози па затоа е форум,ама да ми го спомнуваш Стелт кој е од мајка прост,дрзок и примитивец со самиот пристап на дискусија дека се заебавал со мене тоа е трагично бидејќи ионака го игнорирав и не му враќав..нема јас што да дискутирам со таков чоек..што ќе научиш од него?

Најтрагично е тоа што вие сте сериозни и упорни ..да не беше смешно ќе беше уште посмешно..возрасни луѓе веруваат дека Интер се откажал од Видал заради Модрич(бидејќи тоа го пишеле реномирани медиуми) исто како да верувате во диносаурус и јети..не знам како е можно да сте сериозни бе..и не само вие на форумот туку цела Интерашка фан база по социјалните мрежи што се запалија на Модрич....и тоа замисли ви дава чоек факти дека Видал зема дупло поголема плата од тоа што би земал во Интер и вие пак истото..онај Стефан од кога му ја ставив сликата го снема а претходно му немаше логика да земал толкава плата.

Ви давам прост пример за вашите лични животи и хипотетички да се најдите во ситуацијата на Видал како ќе изреагирате вие пак упорни дека Интер задоцниле,не го договориле и слично....јас разбирам тинејџери овие работи да ги пишат ама сепак возрасни сте
 
Џони, потпиша ли Модриќ нов договор брату? Кажи ми за да знам дали може понатака да дискутираме.
 
П.с. Платата на Видал во Барса мислам дека е 4.5 милиони по сезона, нека ме поправи некој ако грешам ама на такво инфо налетав. А знам дека се тресеше дека 9 милиони зема кога потпиша, скроз нелогично ми е тоа.

vidal-salary_03.png
Chandler_Bing_laughing.gif
 
Џони, потпиша ли Модриќ нов договор брату? Кажи ми за да знам дали може понатака да дискутираме.
Наводно Перез му понудил ист договор како што има Рамос...ваљда го потпишал.
 
Џони, потпиша ли Модриќ нов договор брату? Кажи ми за да знам дали може понатака да дискутираме.

Да..сигурно дека ќе потпиши за 4.5 милиони..будала е тој да си ја скрати на пола платата да дојдел во Интер...што не одиш ти за 8000 денари да работиш во некоја конфекција во Кочани?
 
Видал е петти по износ на плата после Меси, Суарез, Кутињо и Бускец, Зема исто колку Пике.
 
Да..сигурно дека ќе потпиши за 4.5 милиони..будала е тој да си ја скрати на пола платата да дојдел во Интер...што не одиш ти за 8000 денари да работиш во некоја конфекција во Кочани?
Тоа е повишица у неговиот случај бро пошто во моментов зима точно 0 денари а со бонуси му излагаат одприлика 0.
 
@Трибиани Добро чоек, и ти си бил сериозен и упорен за 230 000 апсурдни работи, па никому ништо, најмалце имаш право да се чудиш за такви работи, тоа ми беше целата поента, не мора недела дена истото да го форсираш, сфативме уште од старт кој е твојот став за тоа, ок е, ама веќе кога си упорен, тргни си од себе пред да го напишеш тоа.

И за видал, точно е дека зема во барса доста и повеќе од она што интер му нуделе, иако не ми е јасно зашто толку му понудиле кога секако заминуваше, ама најмалце битно е тоа, проблемот со него е што Интер одовлекуваше, 5 дена пред да влезе барселона во комбинација можеа да го земат. Од искустовото со сите нивни трансфери, и како известуваа медиумите за нив, видал беше скоро и играч на интер скоро недела дена пред барселона да влезе во комбинација, кеита балде ти е класичен пример за тоа како по брза постапка се пакува еден играч.
Кога истите медиуми све точно информираа за интер, за сите играчи што дојдоа, нормално дека јас и останатите ќе се потпираме на нив и ќе градиме одреден став.
 
Да..сигурно дека ќе потпиши за 4.5 милиони..будала е тој да си ја скрати на пола платата да дојдел во Интер...што не одиш ти за 8000 денари да работиш во некоја конфекција во Кочани?
Каде виде дека Интер 4.5 му нуди на Модриќ? Гледаш дека не си добро информиран и тропаш на памет? Платата на Модриќ што му беше понудена беше поголема од онаа во Реал Мадрид, плус му имаа загарантирано две години во Сунинг во Кина како крај на кариерата, барем ова се вртеше по релевантните медиуми и инсајдерите блиски до Интер.

Можеби ќе потпише нов договор, не знам, ама до сега нема потпишано што значи стрикно новиот договор и поголемата плата не беа проблем за негов трансфер во Интер, туку самиот Перез.
 
Стек покрај тоа шо Перез направи проблеми за овој трансфер сигурно мора и дел од кривицата(не е баш толку кривица на Сунинг) тоа шо моментално не сте на тој левел да фрлите толку пари у кеш колку шо треба за да се донесе играч од тој калибар.

Замисли Јуве да пробале да го земат Роналдо на позајмица со право на откуп и такви слични глупости.

Модриќ во денешниот маркет, без разлика дали ќе форсира за трансфер или не, си кошта 70-80м евра.
 
Смешно изгледаше само од страна што играч ко Модрич очекуваа да биде пуштен за 20-30 милиони евра и тоа на позајмица со можност за откуп после година дена. Да можеше Модрич да биде купен за таа сума, топ 20 клубови во Европа ќе го бараа и ќе бидуваа за него.
 
Не знам кој што точно очекувал вакво нешто зошто деновите кога почна Модриќ гејт не бев онлајн, ама ако е точно, навреда е за играч од негов калибар да понудиш вакво нешто, понавредливо и од Мина и Гомеш и 40 милиони за Погба.
 
Ајде, да не испадне дека шпекулирам, нека пренесат момциве од фан клуб Интер за начинот на купување. Она што јас го прочитав кај нив е позајмица со откуп и богат договор од кинескиот клуб за задњи две години.
 
Од каде сега тужбиве , па Син не убедуваше колку биле пријателски Интер и Реал, што така ц ц ц.

Па тоа е точно затоа што Перез и Морати беа (и уште се) во одлични односи, па затоа и клубовите беа во одлични односи. Реал и со Јунајтед во времето на Гил и Фергусон беа скоро побратимени клубови. Но промената на газдите или менаџментот го менува тоа.

Ајде, да не испадне дека шпекулирам, нека пренесат момциве од фан клуб Интер за начинот на купување. Она што јас го прочитав кај нив е позајмица со откуп и богат договор од кинескиот клуб за задњи две години.

Шпанците пишаа дека директорите на Реал (да не ги пишувам сеа со презимиња така нема да ги знаете) на првата средба (онаа на која не бил Перез, пошто они беше со тимот на турата во САД) им кажале и на Модриќ и на агентите дека може да преговараат (значи да преговараат) само ако Интер понуди барем троцифрена сума. Шпекулираа со 110 милиони. Агентите заминале напиздени после тоа, што веројатно логички вели дека Интер планирал да го зема на позајмици и рати или ако не Интер, агентиве сакале да го натераат Реал да го пушти така.
 
Доаѓа Мајкл Едвардс за да преговара за Крос у Ливерпул, Перез му вика „дечко за него 200 милиони“ и Едвардс си оди лут пошто овој не го пушта за 20тина на позајмица и опционален откуп? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom