Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека треба да се отвори тема и да се направи споредба и на U21 тимовите на Милан и Интер... Не се знае ако се повредат повеќе играчи може ќе земат некои од младинците... :icon_lol:

Многу глупави споредби се прават, двете екипи направија добри трансфери, плус предсезонските натпревари не може да бидат мерило за цела сезона која што е долга... Исто така и споредбите меѓу Мартинез и Куртоне се глупи, Мартинез изгледа многу по агилен и по вешт, меѓутоа секој тим си има свој стил на игра т.е по досега иако малку видено двајцата си вршат работа за својот тим...

Малку и за мојата Рома, го земавме Н'Зонзи, а тоа е токму она за што долго време зборев дека ни треба... Многу ни фалеше таков тип на играч и пресреќен сум што нема да ги гледам Де Роси и Стротман заедно прв состав како се влечат по терен. ..
 
Zinedine Zidane is eyeing the Premier League & "particularly" Manchester United as his next managerial career move, according to tomorrow's L'Équipe.
 
Немој бе Зизу, ќе треба да те мразам сфе ти ебам ќељаво. А кој ќе ги чита форумџииве, како после Мојс, Ван Гал (Гигс у меѓу време) и Мурињо, овој е оној вистинскиот :D[DOUBLEPOST=1534282240][/DOUBLEPOST]Следниот е ваш :ROFLMAO:
 
Прво се брегзитираа и од трансфер периодот, сега пак ќе го менуваат :facepalm:

Е не е Арсенал ова, ќелавиот е доктор за вакви работи
Знам. Покрај тоа што е одличен фудбалер Ериксен сепак 200 милиони се премногу за него. Ако за него бара толку, колку ли би барал за Ураганот? Евреинот знае кои му се златните кокошки во Тотенхем и ако сака некој да ги купи има до последен цент да ги исцеди. Сме купувале и претходно од Тотенхем, знаеме што гнаса е. :)
 
Ако има фудбалер во Англија што не е за продажба тоа е токму Ураганот. Сериозно, мислам дека за Кејн ако се реши да го продаде, ќе побара од некој клуб стадионот да му го плати.
 
Ако има фудбалер во Англија што не е за продажба тоа е токму Ураганот. Сериозно, мислам дека за Кејн ако се реши да го продаде, ќе побара од некој клуб стадионот да му го плати.
Освен ако Кејн не одлучи да си отиде.
 
Освен ако Кејн не одлучи да си отиде.
Да, и тоа е опција ама не е некоја олеснителна околност тоа кај Леви а како што читам од изјави на Кејн, сака да го сруши рекордот на Ширер а за тоа ќе треба уште фудбал да игра во Англија. Зборам вака зошто Леви не продава на ривали, ако сака да оди Кејн тоа ќе биде надвор.
 
Освен ако Кејн не одлучи да си отиде.

Секоја година потпишуваат нови договори. На 4 години се сите најмалку од истек на договор.

Е што им прави, и како ги убедува да потпишуваат нови договори на такви мали плати, е права енигма.

Иначи, и официјално им доцни изградбата на стадионот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom