Што очекувате од животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
среќа, здравје, љубов, свадба, фамилија, деца, свадби, внучиња па смрт :toe:
 
Ма не очекувам нижто од животот,ќе си остварам сам што сакам да ми се случи. Единствено очекувам животот лесно да си замине
 
Да станам неприкосновен господар на универзумот.

Sith
 
да заврши, т.е. да умрам. ништо повеќе.
 
NaTaLi напиша:
да заврши, т.е. да умрам. ништо повеќе.

мн. брзо си се помирила со смртта мислам дека ти е рано имаш уште мн. работи да очекуваш од животот твој:helou:
дај биди оптимиста:vozbud:
 
Да потрае уште некое време :toe:
 
Не очекувам ништо.Се трудам да направам избор со минимални ризици,за да нема големи последици.Се избалансирано,ниту премногу,ниту премалку."Со усул" што би рекла мама.
 
...да ме фрли на дното, да ме вивне во висините и на крај, да ми покаже дека и јас сум само минлива и човечна...
 
Да ме научи да верувам во среќата, љубовта и добрината.
 
Oчекувањата од зивотот за во индина мозат понекогаш да бидат замка голема. Нема човек на светот што нема убави очекувања и зелни за иднина . Но што се случува ако не се исполнат очекувањата ?:kesa:
www.apr.org.mk
 
Live long and prosper? :pos:

Сериозно, што може да се очекува од животот? Задоволство? Болка? Очигледниот одговор е дека вистината е измеѓу, инстинсктивно бегаме од смртта од друга страна знаеме да бегаме од живот, оној вистинскиот живот каде што се вклучуваме целосно во него. Стравот знае да си игра со нас па дури и со очекувањата. Затоа постојат песимисти кои гледаат на животот како постојано разочарување без цел кое завршува со безцелна смрт. А глупо ми е некако да мислиш дека ништо нема поента а да продолжуваш да живееш, ако ништо друго тоа е дволичност(кон себе и тоа!) а ако нешто презирам во животот тоа е тоа. Јас често гледам како животот да очекува нешто од мене и внимавам да не ме понесат слепо некои цели кои ќе остават луѓе повредени и се разбира (она себичното) мене повреден. Обично луѓето кои очекуваат многу од животот биваат повредени(незадоволни) од тоа што го сториле, додека лошото кај другите (кои мислат дека животот очекува нешто важно од нив) е тоа што не прават ништо на крајот од страв.
 
Како секој нормален човек очекувам среќа но знам дека животов ќе ми биде полн со препреки.
 
па не очекувам нешто ак се потрудам сам ке постигнам нешто ама ак не се потрудам не мислам дека ке постигнам то шо сакам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom