Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде Хепта, пробај и ти визуелизирај што прави правиот верник, кајо кон себе, така и кон останатите луѓе и воопшто за човештвото.
Не е верник тој што има лист хартија од црква дека е крстен, не е верник тој што има дома икони, крстови, бројаници кои му служат како декорација на домот.....
Исус убаво рекол- " Какво е стеблото, таков е плодот"
Здраво стебло има здрави убави плодови, верник кој ги почитува и применува божјите заповеди е благодет за човештвото..и не е кажано бадијала - Кога сите би ги почитувале божјите заповеди, животот на овој свет би бил најсреќен.
Кои се тие божји заповеди? Знаеш три да наброиш?
 
Немам намера да читам, но ти биди добар и пиши што велат тие свештеници.
Штета, а имаш намера да зборуваш сешто за Телема исто така од нечитање, онака од форумов што си прочитала :)
Не е добро така... не си знаеш своето, трчаш да кажеш како другото е апсолутно зло и лудост... најс.
 
Е сега отвори Премин порталот и побарај есеи во полето Search за јога и источните учења што велат свештеници. Не обичи верници како тебе, туку свештеници...
И дојди кажи ми за плодовите, бидејќи обичниот верник е плод на овие, првите!
Или грешам?
Побарај и дојди кажи ми...

Обичниот верник не е „плод од првите„, затоа што пристапувањето во Црквата, како свесен чин од возрасен човек, секогаш е личен избор и одлука, а не одлука од свештенството.

Свештентсвото и свештено-монаштвото се должни да ги прифатат верните и да ги водат низ духовноста, тоа е неспорно.

Ако прашаш 5 свештеници за став кон јогата, барем еден од нив ќе каже позитивно мислење за истата.

Но не е битното што кажал поединецот во Црквата, тку е битен Црковниот став по било која тема, вклучуваќи ја и јогата.

Дека јогата е негативно „оценета„ од Црквата е појќе од јасно, а наведени се и причините за таквиот негативен став.

Секако, можеш да се повикуваш и на „Премин„ и на било кој друг извор, но ставот од Црквата е последен и јасен.

„Премин„ не е Црква...
 
Ајде Хепта, пробај и ти визуелизирај што прави правиот верник, кајо кон себе, така и кон останатите луѓе и воопшто за човештвото.
Не е верник тој што има лист хартија од црква дека е крстен, не е верник тој што има дома икони, крстови, бројаници кои му служат како декорација на домот.....
Исус убаво рекол- " Какво е стеблото, таков е плодот"
Здраво стебло има здрави убави плодови, верник кој ги почитува и применува божјите заповеди е благодет за човештвото..и не е кажано бадијала - Кога сите би ги почитувале божјите заповеди, животот на овој свет би бил најсреќен.
Божјите заповеди што вие христијаните наоколу ги фрлате во секоја дискусија се дел од еврејското учење и за нив ќе мора да се консултираш со коментарите на еврејските свети книги, не христијански.
Да не заборавиме што од каде доаѓа... авторитет за еврејската религија и учење ќе го бараме кај евреите, а не христијаните или муслиманите...
И тоа да не го заборавате... иако се наметнува како христијанството и исламот подобро го знаат еврејскиот закон од самите евреи :)

Не оди така работата... а тоа доаѓа токму од егоцентризмот и исклучителната природа на старите религии: или си со мене и под мене и дел од мене или си грешник и ќе страдаш.

П.С. Еве една од еврејските 10 заповеди:
Сакај го својот ближен како себе си!
Ова сите го применувате од старите религии, но немате ни трошка љубов и разбирање за оние кои не ги сметате за ближни, поточно дел од вашето верување, религија, Исус, Мухамед итн итн... затоа го делите човештвото и ќе страдаме сите заради тоа... бидејќи и Хиндуистот, Телемитот, Будистот, атеистите и сите други сме дел од човештвото, а старите религии упорно не сакаат да го предадат управувањето на светот на другите!
Затоа ќе си пострадаме... уште малку... 2000 години има време да промениме нешто нели :)
 
Е сега отвори Премин порталот и побарај есеи во полето Search за јога и источните учења што велат свештеници. Не обичи верници како тебе, туку свештеници...
И дојди кажи ми за плодовите, бидејќи обичниот верник е плод на овие, првите!
Или грешам?
Побарај и дојди кажи ми...

Божјите заповеди што вие христијаните наоколу ги фрлате во секоја дискусија се дел од еврејското учење и за нив ќе мора да се консултираш со коментарите на еврејските свети книги, не христијански.
Да не заборавиме што од каде доаѓа... авторитет за еврејската религија и учење ќе го бараме кај евреите, а не христијаните или муслиманите...
И тоа да не го заборавате... иако се наметнува како христијанството и исламот подобро го знаат еврејскиот закон од самите евреи :)

Не оди така работата... а тоа доаѓа токму од егоцентризмот и исклучителната природа на старите религии: или си со мене и под мене и дел од мене или си грешник и ќе страдаш.

П.С. Еве една од еврејските 10 заповеди:
Сакај го својот ближен како себе си!
Ова сите го применувате од старите религии, но немате ни трошка љубов и разбирање за оние кои не ги сметате за ближни, поточно дел од вашето верување, религија, Исус, Мухамед итн итн... затоа го делите човештвото и ќе страдаме сите заради тоа... бидејќи и Хиндуистот, Телемитот, Будистот, атеистите и сите други сме дел од човештвото, а старите религии упорно не сакаат да го предадат управувањето на светот на другите!
Затоа ќе си пострадаме... уште малку... 2000 години има време да промениме нешто нели :)

Сам Бог го укина јудаизмот и неговото свештенство па оттаму сите напори од денешните Евреи да си го вратат и Синедрионот, и свештенството и крвната жртва...

И не ми е јасно зашто се повикуваш на веќе укината религија, која во реално време, бројачно е сведена на секта и само на еден и ист народ...
 
Е плод обичниот верник на глаголањата на свештенството... затоа такви плодови, полни со омраза и неразбирање на другите. Затоа постојано сатанизирање од обичен човек што не знае ни утре кај ќе биде, не пак да ја решава мистеријата на туѓото постоење и идеали!

Премин (ете колку Премин не е продолжена рака на црквата која нели има многу јак став за сите) е дувло на свештеници кои шират омраза кон сите ако не се христијани, задскриени зад „вистината“.
И петтиот свештеник нема да земе плата 5 месеци и ќе го пратат во Теово да биде неговото седиште... далеку од сите!

Црковниот став е тој: сатанизирање на се што не е христијанство. Дури и сатанизирање на католицизмот, бидејќи не е православие, и обратно.

Црковниот став е лош став за човештвото освен за верникот кој што му е битно што повеќе луѓе да ги делат неговите верувања без да се заморува многу.
Автоматски споено мислење:

Ма како не го укинал ... еврејскиот бог го укина јудаизмот за да христијанството и исламот испливаат и ти сега ми паламудеш омраза кон хебрејските учења.
Ако ова не е омраза и касапење на коренот од каде потекнуваат секташките учења на еврејскиот мистицизам и верување - не знам што е.

Но, бидејќи си плод на свештенството и неговото исто вакво глаголање - што може да очекувам од тебе, обичен верник?
Ништо повеќе освен омраза и како се е сатанизам!
Ок, у реду е...
Автоматски споено мислење:

Кои се тие божји заповеди? Знаеш три да наброиш?
Ќе ти ги каже сега... да ги прочита само... бидејќи нели, верникот не е само крст на врат, печат од црквата дека си крстен и да одиш еднаш годишно во црква!
Има и друго...
 
Последно уредено:

Нели гледаш дека не сака да чита. Фалуса ми ќе ги прочита, а очигледно не ги знае. Освен осмата не знае ниедна друга, што и не е ексклузивна за декалогот и за христијанството.
 
Да ме прашаше колку од тие 10 божји заповеди применувам, ке ти кажев, ама вака, нема да ти набројувам :neetaka:
Не ги ни знаеш. а не применуваш ниедна. Можеби седмата само.
 
Уште еден телемит :shook:
Ја сум телемит колку што ти си јапонка. А дека не си ни христијанка се гледа од авион. Појма немаш од христијанството, само на збор си христијанка. (Cafeteria Christians што би рекле америте) Де ајде објасни ни како првите три заповеди ќе го направат „животот на овој свет најсреќен“?
 
Е плод обичниот верник на глаголањата на свештенството... затоа такви плодови, полни со омраза и неразбирање на другите. Затоа постојано сатанизирање од обичен човек што не знае ни утре кај ќе биде, не пак да ја решава мистеријата на туѓото постоење и идеали!

Премин (ете колку Премин не е продолжена рака на црквата која нели има многу јак став за сите) е дувло на свештеници кои шират омраза кон сите ако не се христијани, задскриени зад „вистината“.
И петтиот свештеник нема да земе плата 5 месеци и ќе го пратат во Теово да биде неговото седиште... далеку од сите!

Црковниот став е тој: сатанизирање на се што не е христијанство. Дури и сатанизирање на католицизмот, бидејќи не е православие, и обратно.

Црковниот став е лош став за човештвото освен за верникот кој што му е битно што повеќе луѓе да ги делат неговите верувања без да се заморува многу.

Ако свештенството има критички став кон другите религии, посочувајќи дека не постои можност од истовремено постоење на повеќе религии, а при тоа сите да се вистинити и да водат кон истиот бог, не значи дека свештенството шири омраза кон другите религии.

Ако сам Бог допушта постоење и на други релизии, покрај онаа која сам Бог ја донесе на Земјава, тогаш нема потреба од омраза, туку укажување на вистинитата религија.

Кој има уши, нека слушне...
Автоматски споено мислење:

Ма како не го укинал ... еврејскиот бог го укина јудаизмот за да христијанството и исламот испливаат и ти сега ми паламудеш омраза кон хебрејските учења.
Ако ова не е омраза и касапење на коренот од каде потекнуваат секташките учења на еврејскиот мистицизам и верување - не знам што е.

Но, бидејќи си плод на свештенството и неговото исто вакво глаголање - што може да очекувам од тебе, обичен верник?
Ништо повеќе освен омраза и како се е сатанизам!
Ок, у реду е...

Да, ја укина, ама доцниш веќе 2000г. или пак се‘ уште не ти кажале.
 
...се додека не научиме да ги прифаќаме луѓето такви какви што се без да пробуваме да ги убедуваме или менуваме ќе читаме вакви дискусии од кои не излегува ништо добро
...се прашувам само,што ќе се случи со луѓето да им ја одземиш желбата да доминираат во тоа што го знаат(се разбира,и да го кријат тоа што не го знаат)?
 
- „...да ги прифаќаме луѓето такви какви што се...„ е преширок поим и не е ништо друго, освен обид за релативизирање на секое извитоперено однесување.

- желбата за доминација врз другите е само еден облик на изразување суетност.
 
...желбата за доминација е "отров" за душата
...се сложувам дека е преширок поим,тоа ти е исто како да натераш некого што е научен да вози точак низ маалото свое,да го чини истото на некој автопат со четири ленти во една насока :)
...тешко се напушта зоната на комфор,иако понекогаш сме свесни дека не гуши
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom