Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.319
- Поени од реакции
- 12.336
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
1.’’Не знам зошто не почнете отворено да се мразите и убивате’’ ова ти го напиша нели
2. Ако ми кажеш пример за ова во правславната догма тогаш ќе преминам во твојата сезнајна секта
Не се мразите вие меѓусебно бидејќи едни на други си ја негирате суштината на вашата вера?
Исус за муслиманинот е пратеник, за тебе Мухамед е лажниот пророк што е речено дека ќе дојде во твојата книга и Алах е лажен бог.
Така? така...
Се што е догма не нуди напредок. Ниту вистина. Нуди слепост... и тука не може да се направи ништо од твоја страна, инаку ќе паднат религиите.
Што вели христијанската догма за „ценетиот“ ислам?
Бидејќи муслиманинот е неверник за тебе, а исто и ти за него, вашите „вистини“ не може да егзистираат заедно паралелно една до друга. Тоа можеше претходно, кога народот беше неук и неупатен, но денес..
Зарем не пишува во твојата света книга „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?“
Треба да барам по библијата што се вели за неверниците? Да барам документи по нет што вели православната црква за исламот? За нивното неверување во Исус како Бог и спасител?
Од друга страна, мислам дека во исламот има закони кои пак нудат смрт за твоето проповедање, ако некогаш дојдат до шеријатска држава муслиманите...
Ти велам, подобро отворено се негирајте (како што правите на форумов) и почнете 100% да извршувате од вашиот закон кој што го следите, или не досадувајте со вашите „вистини“ кои нели, не може да е една вистина, кога ете ти до вас уште една, нов бог кој што никако не може да го докажете (бидејќи нели не ви треба знаење, само вера)!
Богот ако е еден, сигурно не е со имиња кои вие ги знаете и сте ги прочитале по вашите книги!
П.С. Не ти треба мој одговор за да побараш пристап во Редот О.Т.О., контактирај ги и можеби ќе разговараат со тебе и ќе видат од што си направен!

Уште кога велиш „секта“ за нешто што не го знаеш, само за да вратиш на нечие писание кое не ти чини се гледа што човек си. Секти раѓаат религиите... и вашата религија почна како секта меѓу многубошци кои беа неуки и лековерни!