Велика Британија до 2030 година ќе стане најмоќна европска економија?

Задолженоста на Грција. Од 1981 до денес во раст, со еден исклучок: од воведот на Еврото до економската криза задолженоста е стабилна. Дали сега Еврото е причината за стабилноста или не? Така нели може да се чита графава.

Може да. Грција со влезот во еврозоната доби стабилна задолженост и огромна економска криза. За разлика од темните години, кога задолженоста одела до плафон.

На кои држави со Евро им оди подобро? Сем Германија, нормално.
 
Може да. Грција со влезот во еврозоната доби стабилна задолженост и огромна економска криза. За разлика од темните години, кога задолженоста одела до плафон.

На кои држави со Евро им оди подобро? Сем Германија, нормално.

Претежно тоа се северните држави, но и до пред кризата и јужните држави имаа стабилен економски раст. Сепак кризата се осети во сите држави, со или без Евро. Затоа сметам дека Еврото не е фактор за овие проблеми што ги имаат некој држави.
 
Претежно тоа се северните држави, но и до пред кризата и јужните држави имаа стабилен економски раст. Сепак кризата се осети во сите држави, со или без Евро. Затоа сметам дека Еврото не е фактор за овие проблеми што ги имаат некој држави.

Имиња де. Остави северни - јужни. Дај наброј ги. После јас ќе ги набројам сите на кои не им е подобро. Па ќе споредиме.
 
Имиња де. Остави северни - јужни. Дај наброј ги. После јас ќе ги набројам сите на кои не им е подобро. Па ќе споредиме.
Германија, Австрија, Финска, Бенелукс државите, Франција. За другите не сум сигурeн, треба да ги споредиме бројките од годината на воведот од Еврото со тие денес. Значи имаш и такви и такви, исто така имаш држави без Евро кој стојат подобро но и кој стојат полошо. Има други причини значи него Еврото.
 
Пример Бугарија и Романија :D
Игорче па ти си знаел добро економија :)
 
Германија, Австрија, Финска, Бенелукс државите, Франција. За другите не сум сигурeн, треба да ги споредиме бројките од годината на воведот од Еврото со тие денес. Значи имаш и такви и такви, исто така имаш држави без Евро кој стојат подобро но и кој стојат полошо. Има други причини значи него Еврото.

Тераш инает, ама ај. Ќе одиме држава по држава.
- Австрија - макроекономска стабилност добра, стандард исто добар
- Белгија - растот на ГДП доста понизок отколку пред воведувањето на Еврото, стандардот добар
- Кипар - очај и очај
- Естонија - пад и пад
- Финска - понизок раст на ГДП, добар стандард, ама значително полош од Шведска, која избра да си ја задржи валутата
- Франција - понизок раст на ГДП, полош стандард, намалено политичко влијание во Унијата. Се споротивно од Британија, која си ја задржа валутата.
- Германија - стана лидер на Унијата и убедливо најзначајна членка
- Грција - тежок очај
- Ирска - економско колабирање на економијата што беше пример за брз раст. Политичко силување за нов референдум.
- Италија - значително влошување во сите сектори
- Луксембург - си пројде добро
- Малта - влошување на раст
- Холандија - пројде добро
- Португалија - пад и влошен стандард
- Словачка - пад и влошен стандард за разлика од Унгарија и Чешка на пример
- Словенија - овде не треба и да се дискутира, силуван стандард
- Шпанија - пад и влошен стандард

Сега ти можеш да тврдиш дека се ова е случајно. Можеш да тврдиш дека и тоа што Полска, Чешка, Унгарија, Шведска, Британија, Бугарија и Романија ја проаѓаат кризата полесно од земјиве членки на Еврозоната е случајно. Ама мора да прифатиш дека има луѓе што не веруваат во толку случајности.

Како што Британците не веруваа, кога требаше да влезат во Еврозоната. И тогаш тврделе дека сето ова ќе се случува. И тогаш сигурно имало луѓе кои викале дека имаат добра смисла за хумор.
 
Твојата листа само покажува дека има држави кој стојат добро и лошо, со и без Евро. Само потврдуваш дека Еврото не е клучниот фактор. Исто така сега после 2 големи кризи, за кој не е виновен Еврото, споредуваш. Спореди првите десет години од воведувајнето на Еврото каков бил развојот и директниот ефект. Вака после десет и поќе години нема логика да се обвини Еврото. Не дека е сјајно Еврото ама не е ни клучно за економските проблеми на државите.
 
Интересно ама како што беше веќе спомнато периодот е премногу голем за да се превиди вакво нешто за 20 години може да се десат многу работи кои едноставно не е возможно да се предвидат.
 
Не се согласувам. Доколку имаш воспоставено добар правен, политички и економски систем и држава каде сите се ГРАЃАНИ, а не етникуми, тогаш етничкиот диверзитет дури може и да го унапредува економскиот развој на државата. Тоа што кај нас е каша-попара, тоа е друг муабет, пошто ниту имаме конкретен правен, ниту економски систем.

Крејзи, можеби би било така, но но под услов првин постоењето и идентитетот на етничките целини да не се доведувани во прашање.
За жал, нашата припадност е ставена под уцена, поради која ние реално не сме во состојба да ја унапредуваме рамноправно нашата држава.

Концептот “граѓани на РМ“ наместо Македонци го заговараше и Фрчкоски за решение на името на народот во ООН.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1902&stID=45138&pR=2

Етничкиот диверзитет е проблем во секоја држава, пример земи ја земјата седиште на ЕУ, која без разлика на стандардот на живот и практикувањето на граѓанските права, се наоѓа пред политички распад.
Но, нема кој да им замери ним како што никој нема никогаш да приговара за изјавите на Меркел, Бакојани или Саркози.

Затоа, кога насекаде се’ би функционирало исправно како што треба и би се почитувал тој етнички диверзитет тогаш ниту Македонија би се наоѓала во оваа ситуација.
 
Ова ко да читам/слушам истражување/анализа од страна Владата и нејзиното дејствување и перцепција кај народот. Секогаш најдобри, најпросперитетни, најголем потенцијал.
 
покрај германија тешко дека ке стане воопшто некоја држава на балканов нај јака на економски план... германците даваат многу пари на дрги држави и плаќаат туѓи долгови ( читај грција ) наместо да ги вложат и инвестираат во нешто друго. - ке дојде моментот кога и тие ке се освестат - покасно или порано ке биде и тоа.
 
Велика Британија до 2030 година ќе ги надмине Франција и Германија и ќе стане најголемата економија во Европа, покажало истражувањето на британската истражувачка група Центар за економски истражувања (ЦЕБР).

Според резултатите од истражувањето, БДП-ти на Велика Британија до 2018 ќе ги надмине оние на Франција и Германија.

„Проценките се дека Германија до 2030 година ќе ја изгуби позицијата на најголема западноевропска економија во корист на Британија, поради забрзаниот раст на британската популација и малата зависност на Велика Британија од другите европски економии," стои во извештајот, пренесува AFP.

Доколку ја напушти Европската унија, Велика Британија би забележала брз раст, потенцирал директорот на ЦЕРБ, Даглас Меквилијамс, наведувајќи дека на краток рок последиците од ова би биле негативни, но на долг рок позитивни.
Извор: Кајгана


Интересен муабет, но што мислите за ова?
Мислите ли дека има реални шанси ова да се оствари?
Зошто да, зошто не?
Моментално Германија доминира, дали мислите дека Британија би можела да ја преземе доминацијата?

Ќе стане најмоќна економија затоа што најголем братски сојузник на САД е Велика Британија, САД=Велика Британија а и обратно.. :)
 
Конзервативниот “Телеграф“ анализира дека поради вековните прекројувања на балканските граници и бројните дијаспори,но и поради опуштената пасошка политика на Бугарија и Романија,соседните граѓани кои не се дел од Унијата преку нив ќе се пробиваат на европскиот пазар на работна сила, а на Британија и останатите ЕУ членки ќе им задаваат тешкотии во борбата против напливот на имигранти. Ако се земе предвид дека само во 2012-та 22 илјади Македонци добиле бугарски пасош,оправдан е стравот дека набрзо бројката на овие лица ќе изнесува дури две третини,што ќе значи и имигранстка закана за Британија, се вели во анализата. Весникот потенцира и дека британскиот работнички приход е петпати поголем од македонскиот,а невработеноста на Островот трипати помала.
 
Sega pres konferencija kako i Makedonija kje stane naj mokjna ekonomija i najgolema investiciska nadez za svetot!! Do 2030 takoDZe :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom