Германија, Австрија, Финска, Бенелукс државите, Франција. За другите не сум сигурeн, треба да ги споредиме бројките од годината на воведот од Еврото со тие денес. Значи имаш и такви и такви, исто така имаш држави без Евро кој стојат подобро но и кој стојат полошо. Има други причини значи него Еврото.
Тераш инает, ама ај. Ќе одиме држава по држава.
- Австрија - макроекономска стабилност добра, стандард исто добар
- Белгија - растот на ГДП доста понизок отколку пред воведувањето на Еврото, стандардот добар
- Кипар - очај и очај
- Естонија - пад и пад
- Финска - понизок раст на ГДП, добар стандард, ама значително полош од Шведска, која избра да си ја задржи валутата
- Франција - понизок раст на ГДП, полош стандард, намалено политичко влијание во Унијата. Се споротивно од Британија, која си ја задржа валутата.
- Германија - стана лидер на Унијата и убедливо најзначајна членка
- Грција - тежок очај
- Ирска - економско колабирање на економијата што беше пример за брз раст. Политичко силување за нов референдум.
- Италија - значително влошување во сите сектори
- Луксембург - си пројде добро
- Малта - влошување на раст
- Холандија - пројде добро
- Португалија - пад и влошен стандард
- Словачка - пад и влошен стандард за разлика од Унгарија и Чешка на пример
- Словенија - овде не треба и да се дискутира, силуван стандард
- Шпанија - пад и влошен стандард
Сега ти можеш да тврдиш дека се ова е случајно. Можеш да тврдиш дека и тоа што Полска, Чешка, Унгарија, Шведска, Британија, Бугарија и Романија ја проаѓаат кризата полесно од земјиве членки на Еврозоната е случајно. Ама мора да прифатиш дека има луѓе што не веруваат во толку случајности.
Како што Британците не веруваа, кога требаше да влезат во Еврозоната. И тогаш тврделе дека сето ова ќе се случува. И тогаш сигурно имало луѓе кои викале дека имаат добра смисла за хумор.