ПОМОШ: Искористување на меници

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Јас да те прашам нешто? Дали е можно ваква ситуација: Јас издавам меница во полза на фирма. Фирмата "се откажува" од меницата со тоа што подигнува кредит, а истата таа меница ја користи како гаранција? После фирмата не го враќа кредитот, а банката од мене ги бара парите? Правно дали е возможно ова...
 
Прво да потенцирам не сум правник, туку ова што го пишувам е од познавање на овие работи повеќе од економски аспект.

За ова што го прашуваш вака оди тоа. Како прво ти не издаваш меница туку фирмата ти ја издава. Во спротивен случај фирмата ќе биде твој должник, а ти доверител. Меницата е сама по себе гаранција за наплата на побарување. Пример ти купуваш стока во вредност од 100 000 денари и фирмата бара да потпишеш меница со која потврдуваш дека ќе платиш. Тоа само така не значи ништо. За меницата да биде посигурно обично се бара гарант(или авал како што формално се нарекува) во случај да не платиш и авалот да плати на твое место. Така да прво треба да сфатиш дека меница не се потпишува на слепо, туку само ако должиш нешто. Во тој случај доколку во утврдениот рок ти ја исполниш твојата обврска меницата ќе биде поништена затоа што веќе нема да должиш и нема зошто да гарантираш. Покрај тоа за она што го прашуваш фирмата не може да се откаже од меницата, туку може да ја есконтира во банка. Со тоа фирмата губи, затоа што банката ја есконтира по помала стапка, а после тоа ќе ја наплати по првичната цена од должникот. Овде ти како должник не можеш да бидеш зафркнат заради тоа што се ти исто дали ќе платиш на банката или на доверителот сумата што ја должиш.

Пак да потенцирам дека меницата не се потпишува на слепо, туку ако должиш нешто. Е, сега ако е како овој случај нитуедна банка нема да прифати меница како гаранција за кредит, ако фирмата нема конкретни побарувања од должникот. Така да заклучиме, фирмата може да сака да даде меница како гаранција за кредит, ама никој нема да прифати меница како гаранција ако нема ненаплатено побарување по основ на истата со веќе изминат рок. Тоа е тоа.
 
Можам да замислам кој очај го има натерано за 10000 да си го компликува животот. Е сега лицемерно ќе биде од мене да речам дека го разбирам во моментов затоа што за толку голема одговорност 10000 денари плата лично за мене не да се мали него мизерни пари. И овде некој ќе изјави што ќе најдеш ќе работиш, е ајде работи вака.
 
Така е, ама пред четири години и јас бев во ситуација да неможам да дозволам да останам без работа, а во тие моменти на безизлесност ке прифатиш и ваков голем ризик за мизерни пари.
 
Можам да замислам кој очај го има натерано за 10000 да си го компликува животот. Е сега лицемерно ќе биде од мене да речам дека го разбирам во моментов затоа што за толку голема одговорност 10000 денари плата лично за мене не да се мали него мизерни пари. И овде некој ќе изјави што ќе најдеш ќе работиш, е ајде работи вака.

Другар кога ќе ти дојде јајцето на гзот за нешто ќе видиш како ќе работиш. Поубаво е 2-3-4-5 месеци да работиш за тие пари отколку да седиш дома и ништо да не праиш а у меѓувреме секој може да бара друга работа подобра па ако најде да напушти. Нормално на никој не му е у план цел живот да работи за тие пари.

Јас пред едно 3-4 години работев за 10к плата (а пријавен на пола од тоа). Таква беше ситуацијата да неможев да бирам во моментот. И истерав 4-5 месеци така.
 
Јас пред едно 3-4 години работев за 10к плата (а пријавен на пола од тоа). Таква беше ситуацијата да неможев да бирам во моментот. И истерав 4-5 месеци така.

Секогаш има избор е сега не би ограбил банка или кладилница, ама не би работел ни за 10000 да ме уценува некој како сака.
 
Прво да потенцирам не сум правник...

Не сум ни јас правник, грешка беше тоа "јас издавам меница..." Имаше случај кај мене во комшии. Потпишана меница, без точно наведено што и како (и во мојот случај пишуваше дека ќе се активира - со неисполнување на било која одредба на договорот - ). Фирмата си ги ставила мениците од вработените како основа за подигање на кредит...вратила рата-две...и после банката кога сакала да наплати, наплатила од вработените. Па имаше тужби на сите страни и дури после 7 години едвај докажаа дека фирмата немала согласност од потписниците на мениците да подигне кредит. Ако го сретнам човекот ќе го прашам точно што се случило, па ќе пренесам овде во целост.
 
Не заебавај, другар мој пред некој месец влезе таму.
Може ваква глупост да му напраат?

Кој не ги знае Кутрињата и остала династија таму ите како можат, само да не го земат на пик и зависи што работи.
Ако е комерцјалист ај што ќе рботи за никакв плата, ај шо после некое време ќе почнат да го казнуваат за се и сешто, па ќе треба и повратниците од џеб да си ги плаќа у најлонче ќе му ги стаат и ќе му ги дадат.
За шофери или друга работа зависи кој како казни секој месец,заебанции од типот закаснил не закаснил оштетена роба ти реков ми рече.
Али да ти одговорам директ на прашањето да МОЖЕ да му направат таква глупост.
 
Ако е дистрибутер 100 посто го натерале да потпише.

Koмерцијалист е, знам дека потпишал. Ама ни на крај памет дека може да му направат некој проблем со тоа.
Настрана шо нон стоп е под притисок и надвор од работно време му се јавуваат и да, морал да биде секогаш достапен на службениот телефон :D
 
24/7/365 Пцуења малтретирања јавување у 2:30 по полноќ,башка и нека се пази од предходни ненаплатени побарувања па и од друг комерцијалиста да се правени порачките,чим се на негов реон ќе го јаде кикирикот.
 
Можно е за земање на кредити да ги користат,
за задолжување на роба има посебни документи кој мора да ги правда со потписи на доставувачи сепак чудна работа штом не го пријавиле и го шутнале веднаш!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom