Годинава ( и не само од 2013) малку ми оставија впечаток но имаше и такви кој што навистина удрија печат.
Tis Pity She’s a Whore
Ова дело е малку потешко и за читање и за анализа,на луѓево како да им е тешка за процесуирање, добра психолошка драма но луѓево додека ја читаат се осврнуваат и концентрираат само на инцестоидниот дел притоа се останато е засенето од плитки предрасуди.
The Roaring Girl
Книгава самата по себе е тешко четиво и може да послужи како доказ дека живееме во неконстантен свет кој што постојано се менува но сепак останува ист од секој аспект само што малку технолошки сме мрднале чекор два напред. Многу од ставовите кој што се изнесени во книгава своевремено се сметани за шокантни и револуционерни за читателот од тоа време денес се секојдневна и банална појава која што воопшто не ни привлекува некое внимание не пак дискусија.
Warenar
Интересна книга, ја прочитав и не се разочарав, иако повеќемина ја наоѓаат досадна.Да не беше она што го очекував но крајот ми се допадна. Приказна за моралот и човековата алчност,критицизам кон едно опшество и исмевање на истотото. Доста е добро опишана и човековата психа ,алчноста која што не корумпира која што ги урива сите морални граници кај човекот кога се во прашање парите.Да тоа од денешна перспектива е клише,но сепак е убаво да се види/прочита дека работите некогаш стоеле поинаку.
Utopia
Напишана пред речиси 500 години , Мур толку добро го има пишано опшеството кое што треба да се гради според идеалите на христијанството да е просто совршено и денес сите наведени принципи стојат, поголема критика за изветропирувањето на христијанската религија и како тоа е изобличена нема. Опшество кое што иако му недостасуваат христијанските идеали е поблиску до совршено отколку истото она кое што се базира на насилно наметнатите христијански принципи. Мур прави таква фузија на христијанството,соцјализмот и репубиканизмот така што рефлектира едно совршено да не речам идеално хумано опшество.
Vanity Fair
Новела во која што нема херој/хероина истовремено премногу ликови ,секој лик приказна за себе, чекорење по работ несигурноста.За ова дело можам само да кажам дека е ЧУДЕСИЈА, премногу долго ДА но и премногу добро на толку многу начини .да приказната е долга и се испреплетува не можеш крај со крај да врзеш но импресиите се ...
Middlemarch
Нема ни да коментирам.
The Monk
Слободно и без размислување можам да кажам дека ова е Тексашки Масакар со моторна пила во готските новели.
тука ќе сретнеш толку неморални свештаници и калуѓерки да тоа е чудо, калуѓерки во облека,калуѓерки без облека,.калуѓерки во наглиже,кастрирани калуѓери,трудни калуѓерки,калуѓерки кој буквално раѓаат во депонии,недолични и неморални акти и дејанија,души кој што се на прагот да бидат вечно проколнати. Кога се ќе собереш своевремено доста скандалозна новела, во денешницава ништо ново ништо невидено.