Која книга ви остави најголем впечаток во 2013?

Печатот на Масонската Ложа - Ли Реду
Дечко глаан лик у дешафку е бољи него Џејмс Бонд
Несакајки улаза у тајну задачу да се справи сс ситуацију која е повржана сс Масони.
У Северно Море на мистик начин изчезнуе руска бродарска мега топовница Севастопол пуна сс руски царски златни плочке. По пеесе године оживуе се мисија за разоткривање за мистериозно изчезнување на толко мноо масонско богатсфо
Дечко е таен агент,сс самурајски кодекс на борбу и понашање
Шотокан академија, триста мистик чуда, да гу читате да не настинете бетер него што како мали сте седеле на цимент
 
"Заговор на седмото небо" нешто шо не можам со зборови да го објаснам, жалам. :(
 
Копилето од Истанбул-многу интересна книга ,ептен сликовито е прикажан Турскиот и Ерменскиот менталитет ,традиции и историските недоразбирања и непријателството помеѓу овие два народа.Името на писателката не ми текнува.Другата книга со слична тема е Варварска свадба од Јан Кефелек.
 
Oваа година прочитав драми повеќе, би ги издвоил: „Maгбет“ и „Хамлет“ - Шекспир, „Цар Едип“ - Софокле.

Романи - „Демијан“ и „Игра со стаклени перли“ - Херман Хесе, „Жерминал“ - Емил Зола, „Раскази за Колима“ - Варлам Шаламов (преводот не е баш на ниво).

Поезија - Имам две збирки поезија. Првата од Влада Урошевиќ збирка песни од Артур Рембо. Втората е „Антологија на француската поезија“ - Георги Сталев, собрани песни од најголемите претставници на симболизмот. И „Албатрос“ - Шарл Бодлер

Философија - „Мудроста на Западот“ - Бертранд Расел, „Проблемите на Философијата“ - Бертранд Расел. Тука е и „Религија: Ако Бог не постои? “ - Лешек Колаковски. Се надевам и „Метафизички ужас“ од Колаковски ќе стигнам да ја прочитам до крајот на годинава. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom